Фото к*рва (а.к.а "секси сум?") - дефиниции и психоанализа

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
ВикторГ на што ги базираш ти твоите анализи на соодносот?
Прво и основно, во светот има високо развиена контрола на пристап на информации на интернет од страна на родителите. Искуството на светот (кај кој интернетот е многу поодамна присутен), им донесе еден мал куп прво информации, второ помош како да ги заштитат децата од тоа и на што да внимаваат. А дека во светот не искачаат од дома у фармерки, а после во првото ВЦ се пресоблекуваат во нешто кое треба да личи на гардероба може да го мисли некој кој не го видел светот. Кажи му на секој амер помеѓу 10 и 60 години „Фејсбук, мајспејс итн“ знае за што збориш, шансите и самиот да има профил се огромни, и секој ден го проверува профилот на ќерка му/син му и бара да види да не ја има по псевдоними (ги гледам колегите со деца, окупирани се со тоа) :) А ај кажи и на мајка ми... ќе те погледне шарено и ќе праша на леб се мачка или растворливо е тоа чудо? Така што... остајте ги споредбите со светот.
Мојата “анализа“ е шпекулативна... се базира на мои лични искуства од интернет комуникацијата со светот, но ако некој има желба да ми го докаже спротивното, нема проблем... само ќе треба да се потруди бајаги, да извади релевантни бројки.

Со постот, во глобала се сложувам, практично на истата поента целев и јас. Различноста во општеството наше, и на западот.

OBDN напиша:
А дека во светот не искачаат од дома у фармерки, а после во првото ВЦ се пресоблекуваат во нешто кое треба да личи на гардероба може да го мисли некој кој не го видел светот
Ова ќе го прифатам како навреда. А според неа сакаш да кажеш дека живееш надвор од Македонија или патуваш често, сеедно. Мој совет (малку и ироничен, колку да ти вратам)... немој да станеш како една пријателка моја, која вели “Ние веќе не пиеме кафе во мали шољички од сабајле“.

Знаеш, Македонија е дел од Европа сакале ние или не. И покрај чудното однесување на македонските родители...
 
P

Princ

Гостин
Јас стигнав на темава мислејќи за фотошоп курви зборите, вие за ороспии сте фатиле муабет.
Јас мислам дека фото курвите се курваат на фотографија ради внимание. Слично нешто на мојов пост на темава. Иф ју ноу уат ај мин. Иф ју нот ју нот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Eве уште една машка курва, малолетна.
Дај кажете, вие што ги браните. на што личи ова? Мојот син вака да е пореметен ќе се откажам од него.
Сето ова е до некаде грешка на родителите, како што кажав страна претходно.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
54
Поени од реакции
0
Немам јас зошто да се лутам на нивните родители. Еден ден тие самите ќе се лутат на себе си и на цел свет зошто го направиле тоа.

Да знам дека секаде не тече мед и млеко, ама не е проблемот во тоа. Проблемот е во нивното расудување, во нивната одлука да позираат така и да оставаат такви слики да бидат видени од секого, и секој да ги искоментира.

Темава беше која е причината за нивното докажување на сосем најпогрешниот начин? Родителите се? Треба нивните деца да направат такви глупости за да ги приметат дека постојат? Или проблемот е во самите нив? Предрасуда или не ама не верувам дека некоја од нив некогаш ќе се потруди да размислува околу некоја работа. Тотално глумат лудило на некои си разгалени девојчиња, на секс симболи...всушност ни самите не знаат што се и што сакаат. Се губат и во простор и во време.
Јас сакав да кажам дека факторите (семејството, друштвото,околината, целиов систем итн.-да не повторувам) се причината поради која што тие девојки или момчиња размислуваат така. Никој не им кажал на нив што е добро а што е лошо, а верувај „дете“ не знае да разликува ... Да израснале во поинаква средина можеби никогаш немаше да помислат ваков вид на „докажување“ како што го нарекуваат сите. Тие не се криви за тоа, секогаш треба да се почне да се истражува од коренот на проблемот, а не одма да се напаѓа и вреѓа, кога ни они самите како што рече не знаат зашто го прават тоа. Ние не сме тука да ги судиме. Но кој како си го сфаќа тоа... :toe:
Лошо е да се избрзува со заклучоци ... Како и да е, тие сеуште се „деца“ во развој, и секои 5 мин. можат да го менуваат своето мислење и став бидејки сега им е период на учење, созревање и докажување. А тоа што може не учат од правиот човек ... Значи тие не се криви за тоа ... Барај ја вината во нешто друго ...
Зборував за малолетните „фото курви“ како што ги нарекувате, а тие што се полнолетни, бидејки многу ги има и такви, мислам дека со тоа што имаат над 18 години се доволно способни да се грижат за самите себе ... Или не :)
Не менувам веќе :) поздрав
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Ова ќе го прифатам како навреда. А според неа сакаш да кажеш дека живееш надвор од Македонија или патуваш често, сеедно. Мој совет (малку и ироничен, колку да ти вратам)... немој да станеш како една пријателка моја, која вели “Ние веќе не пиеме кафе во мали шољички од сабајле“.

Знаеш, Македонија е дел од Европа сакале ние или не. И покрај чудното однесување на македонските родители...
Aми немој да го прифаќаш како навреда, оти не е. За да го види некој светот не мора да искочи од границите на земјата. да баш затоа што сме Европа, и имаме достап до сите информации како и целиот свет, и се` се сведува само на интерес. Доказ за тоа е фактот што шетале многу и обрнале свет, па пак слепци останале. Тоа што живеам на страна не значи дека по дефолт имам видено нешто повеќе, ниту пак мислам дека имам, ниту па мислам дека некој у мкд има помал прозор за гледање. Мојот ироничен пристап се должи не на некој мој претпоставена надуван/а „вметни `епитет` по избор“, како другарка ти, туку на мојот инертен проблем со „рекла казала“ информации и со прифаќања на баш така, „шпекулации“ без да се промислат. И на тоа да, си скокам бил ти на Марс и гледал одозгора, била јас у мечкина дупка од другата страна на Галичник! Нема потреба да бараш бројќи, статистики, и не ти јас знам какви факти. Се што е потребно за да се види од каде доаѓа „модата“ е да се погледнат сликите. На овие овде, јас не видов ништо друго сем строга имитација на Бритни Спирс, Паф Деди итн. Не знам како може да се претпостави дека истите тие кои се имитирани, се стекнале со слава без некој во даденото општество да ги прифатил и воздигнал? Нема потреба од бројки, прочепкај малку по нетот, не слики, тинејџерска порнографија ќе најдеш ако сакаш, во изобилство. Виј, ич не ми се допаѓаат шпекулации и генерализации, едно е да претпоставуваш затоа што се прашуваш, друго е да тврдиш за да се утешиш или пак го нападнеш она кое не ти се допаѓа. И кога реков, не споредувајте со светот, не градирав јас развој на општества и дали сме ние Европа или не (немам таков комплекс), туку да доловам еден временски размак у административниот дел на новите технологии. Ова што кај нас се случува сега, тука беше минатата година. Што мислиш ти, зошто излегоа со розев мобилен телефон со GPS технологија у него - таргетиран за тинејџерки, со бокс кој враќа информации кај родителите? Оти западните тинејџери се пософистицирани од нашите и не праат вакви работи!? Хех!

А како што си следиме чекор со времето кај и да е и кај нас ќе почнат да брујат медиумите и ќе се информираат оние кои досега не се, за можните штети на комФјуторот врз ќерето кое по цел ден си игра на него и што уствари оно можда прави. Впрочем за тоа е доказ и оваа тема. И тоа Викторе, ама баш нема врска со дали ние сме Европа или не, и опаѓање на вредности, број на театри и младински центри, Пинк ТВ или слично. ... има врска со судир со нови ветришта, кој за да се пречекаат со правиот ѕид, треба прво да не удрат по лицето. Исто е и за САД, исто е и за Мауританија, исто и за Македонија. Ако се фаќаме на земјата во која сум јас, ти Џери Спрингер си го гледал? Да зборуваме за популаризација на ниски, несофистицирани феномени? Сапунски серии? Реалити шоуа, на кои Шабан може вода да им носи? Од каде ли само ќе почнеме!? Така што, навистина не можам да се согласам со констатацијата дека ова е феномен на сиромашни земји во кои се популаризира „површна уметност и вредности.“

Поздрав

п.с. Кафе пијам се` уште у мали шољи, а богами и у гезве го варам! А и ракија исклучиво од чоканчиња! немој да се секираш за мене! :wink:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Eве уште една машка курва, малолетна.
Дај кажете, вие што ги браните. на што личи ова? Мојот син вака да е пореметен ќе се откажам од него.
Сето ова е до некаде грешка на родителите, како што кажав страна претходно.
Многу ми е нарцисоиден типов:toe: ги има многу таквите сакаат да привлечат внимание и се сликаат само за да објават на хи5 или некое друго. Глупости
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И женските а и машките фото курви се искомлексирани и максимално исфрустрирани личности кои не поминале на евентуална аудиција за модели или пак истото им е животна неостварена желба ...... или пак може само сакаат да има оставиш коментар дека се убави. ??
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Поздрав

п.с. Кафе пијам се` уште у мали шољи, а богами и у гезве го варам! А и ракија исклучиво од чоканчиња! немој да се секираш за мене! :wink:
Е јебига, два пати по ред навредување, е веќе навред - streak. Ама нема везе, све у дугот на кул дебата...
Вии сеа... Твојот инертен проблем(што патем, ја “слепецот“ прв пат го слушам како термин) со шпекулации го решаваш така што... пласираш нова шпекулација. Тебе ти пречи мојата “рекла казала“ теза, ама во ред е кога ти го правиш истото па не ми вадиш статистика, туку едноставно треба да го прифатам твоето како точно. Тоа, нема да може. Ако сакаш да ти поврувам дека во Америка од милиони корисници на интернет, процентот на “фото курви“ е поголем од 50% ќе мора да се потрудиш околу тоа. И секако, ќе мора да ме пратиш што сакам да кажам. Скокај, ама прати. Да ти повторам, Македонија со својот очаен интернет пристап на жителите имаат повеќе “фото курви“ од американците. Тоа е шпекулација... тебе не ти се допаѓа, ама освен што скокаш, ако ме советуваш мене да прошетам по интернет, прошетај ти де, докажи ми. Ја така знам дека се води дебата. Мојот аргумент е соодветната тема на која најдовме стотина “фото курви“. И тоа во една земја како Македонија. Оние кои не се од Македонија, се од Романија и слични неа... што во интернет светот не прави никаква разлика во однос на далечината. Дали е Романија или е Филипини, тука не игра никаква улога.

За да дојдат нови ветришта драга, во едно општество треба да има промена на економски план. Не треба ниту да гостува Театар од Њу Јорк ниту да дојде Бритни лично да пее. Луѓето на едно општество за да бидат културно здрави треба некој да ги образува. А луѓето не можат да се образуваат ако седат постојано дома. Дома има телевизор, а на него има шунд програма. Го има Пинк го има и твојот драг Спрингер. А за да одат и да се образуваат, треба да имаат пари. А ние пари немаме, немаме ни култура, просто е како “земи било кој крај“ “земи зеленчук по избор“, или едноставно како бел ден.
Твоите Американци имаат население од околу 300 милиончиња нели? колку од нив успеваат да запишат факултет? Малку нели... бидејќи требаат многу пари. Затоа и си седат дома и си гледаат Спрингер, Бритни или ју нејм ит...
Плус, ние не би сакал да се стремиме кон Америка, бидејќи Америка израсна на плеќите на затвореници, курви и копачи на злато. :pos:

п.с. Важи, нема да се секирам... :helou:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Имам брат од 12 години и пред некој ден ми ги покажуваше hi5 профилите на неговите другарки. Сите до една имаа барем по неколку фотографии у кои имаат подотворена, напрчена уста или беа сликани у купачи(у некоја латентно еротска поза) или па лежеа на кревет(повторно на начин кој треба да симулира еротика). Се се тоа девојчиња на возраст од 12 до 14 години, од просечни, нормални семејства, т.е не се некој исклучок, ниту се изложени на некои трауматски искуства кои би ги натерале да се понашаат девијантно.
Едноставно, кога пола од нив ја гледаат Beyonce на фотографии на кои е полугола, а другата половина ја гледа Цеца и бугарските певаљки како божици и примери за она каква треба да биде жената, нормално дека ќе се обидат да ги имитираат. Не може да бидат бомбардирани од медуимите со ѕвезди кои изгледаат ко да искочиле од ефтин порно филм, а да се сликаат закопчани до грло.
Главната цел поради која се ставаат фотографии на нет е за да се привлече внимание, а и мајмун знае дека најуспешен рецепт за инстант привлекување на внимание е сексот, односно нешто што ќе асоцира на секс, како што е, на пример, фотографија на полугола цура со уста која повикува на фелацио. Идолите на просечна цура или дечко не се некои интелектуалци или мислители, туку луѓе кои изгледаат физички добро и го покажуваат тоа на секаков начин. Силиконите на Цеца не праќаат порака, деца образувајте се и пишувајте поезија, него мала покажи цицки, ќе те сакаат.
Порано било доволно жената да ја распушти косата и со тоа да привлече внимание и еротски да стимулира. Денес, кога у секоја втора реклама и музички спот имаш сексуална алузија, не е ништо чудно и да има полуголи 13-ет годишни деца на нет. Тие се само рефлексија на она што е насекаде околу нас.
Секој, а особено пубертетлиите, сака внимание. Кога не го добива во доволна мера од семејството и околината, ќе го бара на ваков начин.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
271
Поени од реакции
3
abe filmoj si prat decata ama ne znam so postignuvaat sami se lazat bidis to sto si ..
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Плус, ние не би сакал да се стремиме кон Америка, бидејќи Америка израсна на плеќите на затвореници, курви и копачи на злато. :pos:

п.с. Важи, нема да се секирам... :helou:

Aл нашите тинејџери се каде каде поголеми курви? и каде каде по несофистицирани, неедуцирани и површни!? И ти зборуваш за навредување? иако пишуваш во име кул дебата? Можеби јас грешам, ама за мене кул дебата има логика и конзистентност! :helou:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Aл нашите тинејџери се каде каде поголеми курви? и каде каде по несофистицирани, неедуцирани и површни!? И ти зборуваш за навредување? иако пишуваш во име кул дебата? Можеби јас грешам, ама за мене кул дебата има логика и конзистентност! :helou:
Хеј, да ме навредиш мене во лична комуникација е едно, а да ја наречеш Америка курва е само дел од утринскиот ритуал. Ти не си американка, или си? Да се извинам?!

За мене па кул дебата е кога двата соговорника сакаат да постигнат комуниканција. А кај тебе ни интерпункција нема асална, чоек треба да те дешифрира, али нема везе.... :helou:

:eek:ftopic:
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Хеј, да ме навредиш мене во лична комуникација е едно, а да ја наречеш Америка курва е само дел од утринскиот ритуал. Ти не си американка, или си? Да се извинам?!

За мене па кул дебата е кога двата соговорника сакаат да постигнат комуниканција. А кај тебе ни интерпункција нема асална, чоек треба да те дешифрира, али нема везе.... :helou:

:eek:ftopic:
Јас никаде не те навредив тебе лично. Прости ако така изгледало, воопшто не ми беше тоа ниту намера ниту мисла! Да сме начисто.
Ниту Американците, ниту македонските тинејџери, ниту го деградирав нашето општество, ниту го возвишив нивното (или обратно). Се обидов само да пробам реално да погледнам и анализирам. А ти прво ги исплука нашите деца, па нашето сиромашно несофистицирано општество, па на крај во обид мене да ми вратиш (само не знам за што), западот од еднаш ти стана не толку сјаен, и исплука по Американците, небаре мене Америка ми е оставина од дедо. За мене лично Виктор тоа е далеку од обид да се постигне комуникација. Баш ми е жал што мојата интерпукција толку многу те ремети. Прости што не внимавам, ама тргнувам од мислењето дека капацитетот е поголем. Ама сум се заебала во проценката. А и не е толку очајна мојата интерпукција, ако се одмери со голем дел од останатите писанија, ама ако тебе тоа ти е единствената муниција, повели - не се вреѓам јас. Моето мислење не упатено лично кон тебе, може да е само испровоцирано од твој став, како и од било кој друг. Кога дискутирам на тема, дискутирам и одговарам на мислење, ликот позади истото не ми е важен. Тебе очигледно ти е, земајќи во предвид дека мислењето го менуваш зависно од дискутантот. Ама тоа ќе си остане вечна дебата овде по се изгледа. Но да не забегуваме од темата, на која јас лично мислам дека доволно го доловив сопственото мислење - било тоа погрешно или не.

Поздрав
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Без намера да изигрувам дрвен адвокат, или медијатор, но Викторгг и OBDN , зарем не зборите за нешто слично?
И двајцата зборите за едно глобализирано општество, и за еден виртуелен простор во кој се губи секоја граница...Што е тука спорно?
Девијацијата, или едноставно процесот наречен фото-курва е и тука и на Гренланд сличен. И во тоа се слагате. Стварно не гледам зашто уствари се препирате кога ставовите ви се идентични.
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Стварно не гледам зашто уствари се препирате кога ставовите ви се идентични.
Искрено и јас си ја чешам главата! :) Ете, ОБДН бара простор и разбирање дека станува збор за неспоразум (посебно за оној дека некој некого овде вреѓал, па заузврат си го доби меѓуножно за интерпукцијата:)).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom