Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Член од
11 август 2011
Мислења
57
Поени од реакции
19
Да бе, они си додаваат и си одземаат делови по потреба. :icon_lol:
Има многу малку разлики помеѓу овие два апарати:
- Пикселите, Канон има повеќе, ама не е секогаш битна разликата во пиксели.
- Автофокусот за снимање видео, Никон има 2, Канон нема, АМА зависи и што ќе снимаш. Ако снимаш формула 1 трка, подобро е да имаш автофокус, ако снимаш природа, не мора да имаш автофокус. Автофокусот кај Никон е за првпат вграден во апарат за сликање, што значи дека само го плаќаш, а не го добиваш квалитетот `ко кај камера за снимање.
- ISO на Канон можеш да го надградиш повеќе отколку на Никон, во зависност од тоа за што ќе го користиш. Може, а и не мора.
- Микрофонот е многу важна опција кај Канонот, оти се` што треба да додаваш надворешно создава мало оптеретување и малку губи од квалитетот. За мене, ова е секогаш важно!
- Како лежи на рака! Едно од поважните работи, ако планира да слика во движење подолго време, тогаш Никон не и` е добар избор. Никонот е покрут, не легнува убаво на секоја рака. Многу е глупо наоколу да шеташ со стативот.
- Најважно: ЦЕНАТА!
Е, сега, Канонот нема конкуренција кога се работи за квалитет на слика, недостатокот кај Канонот е само што нема автофокус, кој и кај Никонот не е доразвиен. Освен цената, за се` друго може да се најде чаре. ;)

Сите овие предности или недостатоци не се приметливи ако си аматер. На почетокот таа нема да се фрли на снимање, туку само ќе слика, а откако ќе и текне на можноста за HD видеа, тогаш ќе и текне на опцијата за микрофон и ќе си го одбере Канон и покрај цената.

Има работи кои не се купуваат секој ден, фотоапаратот е една од нив. Подобро е да се почека и да си дособере пари за Канон, отколку да избрза со Никон. Канон си е Канон!

Овде запира дискусијата. :pos:
Пријателе не реков дека може да се додаваат и да се одземаат работи. Како прво ти зборуваш за надградба на ISO. Те молам објасни ми каква е таа надградба кога можностите се тие и нема никаква надградба. Инаку кога реков дека го додале не мислев дека физички го додале туку го допишале и сакав да потенцирам дека добива поени на база на таа спецификација која не постои на самиот апарат. Тие сајтови кои ја вршат споредбата и не се баш релевантни. Самиот корисник треба да си оцени кое тело му лежи и за што ќе го употребува. И да не зборуваме оф топик, девојката бара апарат кој ќе и служи и во слаба светлина. Направи споредба и ќе видиш дека D3100 е далеку подобар во слабо светло и има слики со помалку шум.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Океј, доволно е... Си кажа секој што мисли, нема потреба да си ги мериме и да се оддалечуваме од темата.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Би сакал совет од некој поупатен околу тоа каков апарат да купам до кај 100 евра.Битно ми е да вади добри слики навечер да е лесен за ракување(затоа што сум аматер) и да не ми вади онакви заматени слики најверојатно да има автофокус.Прелистав неколку страници наназад ама дискусијата е за попрофесионални апарати,доколку ми помогне некој да не лутам многу по нашиве неупатени продавачи би бил многу благодарен.
Минимум некои 150 евра ти треба за таков “идиот“ Најголема мана на ефтините апарати (стотина евра) е баш фекални слики при слабо светло. Дури и над ИСО 200 се заматени, зрнести... никакви. Јас мислам дека со Canon Ihus 220HS би можел да направиш нешто попристојно.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Решив да го купам мојот прв ДСЛР, се двоумам помеѓу Nikon D3200 и Canon EOS 600D. Би Ве замолил за помош кој да го одберам? Canon EOS 600D има опција за сликање на фотографии со depth of field preview, додека никонот нема таква опција. Дали воопшто ми е потребна да постои привју на екранчето за depth of field или можам лесно да правам такви фотографии и со никонот?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Вреди ли Canon 40D за 250 евра со 10.000 штракања и 2 објективи (кит објектив + 50mm)?
 
P

Princ

Гостин
Вреди дефинитивно. Јас земав 400Д со кит објектив и 20.000 штракања за исти пари. И сега се нервирам дека изгледа избрзав :))))
 
Член од
8 април 2009
Мислења
26
Поени од реакции
11
може ли една споредба помеѓу Nikon D3100 kit 18-55mm VR и Cannon EOS 1100D kit 18-55mm IS. За кој од овие два сте повеќе?Или да ми препорачате нешто друго до 30 000 ден.??
 
Член од
21 јануари 2008
Мислења
83
Поени од реакции
10

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Бараше предлог за тело+објектив, а ти му даваш 2 објектива.... Исто како некој да праша: „Што да ставам во сендвичов - кечап или мајонез“? А ти да му понудиш 2 виршли :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Член од
21 јануари 2008
Мислења
83
Поени од реакции
10
Бараше предлог за тело+објектив, а ти му даваш 2 објектива.... Исто како некој да праша: „Што да ставам во сендвичов - кечап или мајонез“? А ти да му понудиш 2 виршли :)
моја грешка :)
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
78
Поени од реакции
2
Здраво, деновиве би сакала да си купам нов DSLR фотоапарат меѓу 30,000 и 40.000 ден. од Canon или Nikon. Ве молам кажете ми кој има искуство со некој ваков тип на апарат.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Здраво, деновиве би сакала да си купам нов DSLR фотоапарат меѓу 30,000 и 40.000 ден. од Canon или Nikon. Ве молам кажете ми кој има искуство со некој ваков тип на апарат.
Maja3, темава веќе постоеше, па ти го префрлив мислењето во неа... :)

И јас ја имав истата дилема (Canon vs. Nikon), ама по долго тумачење си земав Canon 600D со 18-55mm објектив IS + торбица + картичка од 8GB.
Актуелната цена на Canon 600D (целиот пакет) е околу 42.000. На најдобриот конкурент - Nikon D5100, цената е околу 37.000 денари, со тоа што доаѓа гол (со кит објектив 18-55mm ама без стабилизација (за објектив со стабилизација се доплаќа), без торбица, без картичка...). Го одбрав Canon затоа што објективите се поефтини (на ново и половни) и полесно ќе можеш да си дозволиш надградба, затоа што има поголем избор (повеќе луѓе/пријатели користат Canon) и затоа што (според мене) снима далеку подобро видео. Тоа би било на кратко мојот совет. Ако имаш дополнителни прашања, слободно.
 
Ау, да да, јас не би сакала потоа ништо да докупувам...барем на оддредено време
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Решив да го купам мојот прв ДСЛР, се двоумам помеѓу Nikon D3200 и Canon EOS 600D. Би Ве замолил за помош кој да го одберам? Canon EOS 600D има опција за сликање на фотографии со depth of field preview, додека никонот нема таква опција. Дали воопшто ми е потребна да постои привју на екранчето за depth of field или можам лесно да правам такви фотографии и со никонот?
dof-от е во сооднос со висината на f-stop-от и зум факторот
што поголем зум и понизок f-стоп, тоа потесен dof
или у кратки црти - сите апарати имаат dof...до објективот е дали ќе е потесен или поширок
иако сум фан на канон, никон тепа ради други фактори :)
може ли една споредба помеѓу Nikon D3100 kit 18-55mm VR и Cannon EOS 1100D kit 18-55mm IS. За кој од овие два сте повеќе?Или да ми препорачате нешто друго до 30 000 ден.??
и тука победува никонот...

запишете го денов, канон корисник у 2 случаја препорача никон
 
Kajgana Shop

На врв Bottom