Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Sassy

sultan instead of the sultan
Член од
5 ноември 2008
Мислења
329
Поени од реакции
72
Па за ДСЛР апарат.
Незнам колку со обичен дигиталец би добила такви слики како што сакам.
Никон П510 ми езгледа како добар, ама незнам дали е соодветен и воопшо би му парирал, на Канонот.
А твојава понуда е солидна, исти пари се у питање.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
57
Поени од реакции
19

Види сега вака да бидеме искрени, P510 не е DSLR :). Тој ти е "идиот" како и тој што го поседуваш, иако не знам баш точно што имаш во моментов, претпоставувам дека е најобичен дигиталец - "идиот". DSLR апарати се сите апарати кои имаат променлива леќа и стакленце помеѓу сензорот и леќата.
 
Sassy

sultan instead of the sultan
Член од
5 ноември 2008
Мислења
329
Поени од реакции
72
Имам ѓубренце, Сони ДСЦ-С650, ама очигледно најсоодветно е така ``идиот``.
Со ајфонот мислам дека подобори слики се вади искрено.
Инаку незнаев што е разликата, научив нешто ново, јееј:)
Како и да е, кој друг апарат вади добри фотографии како КанонотЕ0С 550Д, а да не е таа астрономска сума а да е ДСЛР, т.е јас што си ги викам апаратите со големите леќи.
Или светот на бајките е моето барање?
А твојава понуда не е лоша, мислам со оглед на тоа што НиконотД3100 колку што знам е 29000 а можеби и повеќе.
П.С гледам три различни цени, веројатно заради различниот Кит, иаку мене тоа лично ништо не ми значи,верувам има голема разлика.
 
P

Princ

Гостин
Слики квалитетни како 550D ќе ти извади 550D (и повисока серија) :P
Ако досега си имала идиотче мислам дека скоро било што од DSLR да одбереш ќе ти биде апгрејд.
За парите што ги имаш јас би зел 1100D (ако ептен сакам да е нов) или некој половен. За тие пари можеш убав половен да земеш (пример 500D е околу 500 евра половен).
Јас иако немав идиотче туку единствено со мобилен сликав, одлучив да земам половен а поквалитетен наместо нов а понеквалитетен.
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
138
Поени од реакции
22
Би сакал совет од некој поупатен околу тоа каков апарат да купам до кај 100 евра.Битно ми е да вади добри слики навечер да е лесен за ракување(затоа што сум аматер) и да не ми вади онакви заматени слики најверојатно да има автофокус.Прелистав неколку страници наназад ама дискусијата е за попрофесионални апарати,доколку ми помогне некој да не лутам многу по нашиве неупатени продавачи би бил многу благодарен.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Имам ѓубренце, Сони ДСЦ-С650, ама очигледно најсоодветно е така ``идиот``.
Со ајфонот мислам дека подобори слики се вади искрено.
Инаку незнаев што е разликата, научив нешто ново, јееј:)
Како и да е, кој друг апарат вади добри фотографии како КанонотЕ0С 550Д, а да не е таа астрономска сума а да е ДСЛР, т.е јас што си ги викам апаратите со големите леќи.
Или светот на бајките е моето барање?
А твојава понуда не е лоша, мислам со оглед на тоа што НиконотД3100 колку што знам е 29000 а можеби и повеќе.
П.С гледам три различни цени, веројатно заради различниот Кит, иаку мене тоа лично ништо не ми значи,верувам има голема разлика.
550D, без размислување... И јас го меркам одамна.
Освен тоа, за разлика од било кој Nikon од таа (и повисока категорија), видеата му се џам.

Потсобери пари, па земи го. Или земај на рати. Ем поефтино ќе поминеш со објективи (зошто сигурно нема да останеш на кит објективот).
 
Член од
11 август 2011
Мислења
57
Поени од реакции
19
550D, без размислување... И јас го меркам одамна.
Освен тоа, за разлика од било кој Nikon од таа (и повисока категорија), видеата му се џам.

Потсобери пари, па земи го. Или земај на рати. Ем поефтино ќе поминеш со објективи (зошто сигурно нема да останеш на кит објективот).
Canon 550D не вреди за тие пари искрено, во споредба со Nikon D3100. Добиваш малку повеќе мегапиксели коишто не верувам дека ќе ти сменат нешто бидејќи 99% од фотографите вклучувајќи ме и мене не ги принтаме фотографиите и не ни треба резолуција поголема од 6 мегапиксели и малку подобар дисплеј. Мислам дека да ги дадеш 10000 денари (во споредба со нов) или 15000 (во споредба со половен) за дисплеј и 4 мегапиксели плус не вреди. Со тие пари ќе земеш друга опрема (трипод, филтри, објектив, светло итн.). Друга работа на којашто треба да гледаш е времето на обновување или застарување. После Nikon D3100 има испаднато само еден модел Nikon D3200, а додека после Canon 550D веќе има два модела 600D и 650D. Така да многу брзо застарел и заостанува зад неговите наследници. Друга работа е тоа што и двата модела немаат мотор што претставува хендикеп при користење постари објективи бидејќи се користат само мануелно. За Никонот со постари мануелни леќи знам дека има Range Finder и на Viewfinder-от се гледа дали си во фокус или не, а за Канонот не знам баш како функционира со мануелни објективи.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Затоа морам да кажам - зависи што очекуваш од апаратот.
Мене ми е подобар избор Canon 550D, пред се', поради видео можностите. Nikon D3100 нема ни приклучок за екстерен микрофон, а за видеото да не зборуваме... D32000 е иста цена како и Canon 550D (дури и поскап ми се чини), а повторно има потапа видео од 550-ката.

Canon 600D е всушност Canon550D со ротирачки дисплеј и некој мегапиксел плус..
 
Ме интересира со што таботиш ти моментално и како си ги споредил видеата на двата апарати? Видеото на D3100 е закон FullHD и јас искрено не видов некоја разлика помеѓу двата апарати пошто има братучед мој Канон, а јас имам Никон.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Ме интересира со што таботиш ти моментално и како си ги споредил видеата на двата апарати? Видеото на D3100 е закон FullHD и јас искрено не видов некоја разлика помеѓу двата апарати пошто има братучед мој Канон, а јас имам Никон.
Мојата моментална работа нема врска со фотографија, ниту пак видео продукција.
И да, ги имам споредено видеата на трите (не на двата) апарати. Canon 550D и Canon 600D имаат двајца мои колеги од едната работа, а Nikon D3100 колега од другата работа. Видеото од Nikon-от беше значително по тапа, особено при побрзи движења (кога се добиваше „сецкање“ и оној „желе“ ефект кога ја движиш брзо лево-десно камерата). Меѓу другото, тоа е така затоа што 1080p и 720p на 24fps, додека Canon-от снима на 1080p на 30fps и 720p на 60fps. Сите видеа беа снимани со кит објектив. Освен тоа, видеата со Canon-от се далеку поживописки и филмски. За осакатувањето на Nikon со тоа што го изоставиле џекот за екстерен микрофон не сакам ни да зборувам. Знам дека си Nikon фанбој и си го браниш брендот и изборот, ама никој разумен нема да го стави d3100 пред 550d за видео...
 
H

HITCH

Гостин
Канонот вади далеку поубава слика од Никон. Разликата за видео е што Канон нема автофокус, додека Никон има, ама Никон нема опција за микрофонче, а Канон има. Разликата е претежно во цената. Доколку сакаш апарат кој ќе го користиш подолг период тогаш купи Канон.

Овде имате многу мала, ама убава споредба.
 
Напротив Nikon користам моментално, пред тоа бев Canon-џија и не бранам брендови. Видеото на DSLR во секој случај не е квалитетно ако веќе гледаме така. Било која видео камера, дури и онаа најефтината со FullHD ќе извади мноооогу подобро видео отколку било кој DSLR. Генерално гледано Nikon апаратите се далеку побрзи отколку Canon. За било која ситуација можеш да смениш сетинг преку копчињата на телото додека кај Canon мораш да чепкаш по менито и да губиш време. Јас ги користам двата бренда (зборуваме за DSLR, а не за P&S) и нема некои огромни разлики по категории. Било кој избор нема да биде грешка, ама гледано од аспект цена/квалитет/искуство мислам дека нема потрба од фрлање пари за неколку фрејма плус или мегапиксели. Нека биде и Canon само не мора да биде 550D. За почеток нека биде нешто поефтино. Мислам дека девојката нема да го користи професионално, барем не на почеток, а за понатаму ако дај боже успее со фотографијата, ќе може да си дозволи што сака. Телото и не е толку многу битно како што е стаклото и светлото. Јас би ја насочил да си купи поевтино тело со кит објектив и да инвестира во 35mm f/1.8, или пак 50mm f/1.8 и некој блиц или слично. Со 15000 денари може да купи и трипод којшто ке и трае засекогаш. Тоа е мое мислење, не мора да го прифати, но мислм дека не е многу паметно да се фрлаат пари на почеток кога сеуште не знае ни дали ќе продолжи да се занимава со тоа.
--- надополнето: 17 август 2012 во 21:08 ---
Канонот вади далеку поубава слика од Никон. Разликата за видео е што Канон нема автофокус, додека Никон има, ама Никон нема опција за микрофонче, а Канон има. Разликата е претежно во цената. Доколку сакаш апарат кој ќе го користиш подолг период тогаш купи Канон.

Овде имате многу мала, ама убава споредба.
Види другар ова е гоооолема заблуда. Погледни ги спецификациите подобро. Canon 550D нема вграден мотор, додека пак на сајтот му го додале. Мислам дека за дисплеј и некој мегапиксел плус и надворепен микрофон не вреди да се потрошат 250 евра. И погледни ги предностите на Nikon - сликата е подобра во затемнети простории, поголем сензор, повеќе фокусни точки, нормално и поевтин.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Видеото на DSLR во секој случај не е квалитетно ако веќе гледаме така. Било која видео камера, дури и онаа најефтината со FullHD ќе извади мноооогу подобро видео отколку било кој DSLR.
Бисер на денот. По ова, се сомневам дека воопшто треба да се трудам да правам муабет на оваа тема со тебе...
Видеото на DSLR не е квалитетно? Немој да ме јебеш бе... Глупи се Dr. House цела сезона што ја снимија со Canon 5D Mark 2 и што викаат дека тоа е „иднината“. За останати помали проекти, да не ти споменувам колку се користи 5D, 7D, 600D и 550D... Во Македонија поголемиот дел од реклами и видео спотови се изделкани токму со овие DSLR-и. За останатите проекти - изгуглај, барем тоа е лесно. За да имаш вакво мислење или со сила тераш инает, или едноставно си имал искуство со многу тапа видео од некој Nikon...

За тие што навистина сакаат да го користат апаратот и за видео, покрај фотографирање, погледнете само неколку од видео примерите реализирани со Canon 550D.
 
Можеш да му се фатиш на мојот Nikon друже. Изгуглај ти малку или пак уште подобро направи проект и пробај да снимаш со DSLR и ќе видиш кои се недостатоците кои секако ги кажува и директорот на фотографија од Dr. House во интервју. Снимано е со DSLR само поради shallow DOF и поради ништо друго. Уште многу одамна има камери кои снимаат 4K видео, но дури пред неколку месеци испадна првиот DSLR кој овозможува таков квалитет. Тоа докажува дека DSLR апаратите се технолошки далеку назад во споредба со видео камерите. Зошто немаат auto-focus? И оние што имаат како на пример мојот D3100 не е прецизен, а и да не споменувам дека 550D воопшто нема auto-fokus на видеото? И да не заборавам ниту Canon ниту Nikon не произведува специјални леќи за видео. Zeiss и Leica се главни во таа сфера.
 
H

HITCH

Гостин
Види другар ова е гоооолема заблуда. Погледни ги спецификациите подобро. Canon 550D нема вграден мотор, додека пак на сајтот му го додале. Мислам дека за дисплеј и некој мегапиксел плус и надворепен микрофон не вреди да се потрошат 250 евра. И погледни ги предностите на Nikon - сликата е подобра во затемнети простории, поголем сензор, повеќе фокусни точки, нормално и поевтин.
Да бе, они си додаваат и си одземаат делови по потреба. :icon_lol:
Има многу малку разлики помеѓу овие два апарати:
- Пикселите, Канон има повеќе, ама не е секогаш битна разликата во пиксели.
- Автофокусот за снимање видео, Никон има 2, Канон нема, АМА зависи и што ќе снимаш. Ако снимаш формула 1 трка, подобро е да имаш автофокус, ако снимаш природа, не мора да имаш автофокус. Автофокусот кај Никон е за првпат вграден во апарат за сликање, што значи дека само го плаќаш, а не го добиваш квалитетот `ко кај камера за снимање.
- ISO на Канон можеш да го надградиш повеќе отколку на Никон, во зависност од тоа за што ќе го користиш. Може, а и не мора.
- Микрофонот е многу важна опција кај Канонот, оти се` што треба да додаваш надворешно создава мало оптеретување и малку губи од квалитетот. За мене, ова е секогаш важно!
- Како лежи на рака! Едно од поважните работи, ако планира да слика во движење подолго време, тогаш Никон не и` е добар избор. Никонот е покрут, не легнува убаво на секоја рака. Многу е глупо наоколу да шеташ со стативот.
- Најважно: ЦЕНАТА!
Е, сега, Канонот нема конкуренција кога се работи за квалитет на слика, недостатокот кај Канонот е само што нема автофокус, кој и кај Никонот не е доразвиен. Освен цената, за се` друго може да се најде чаре. ;)

Сите овие предности или недостатоци не се приметливи ако си аматер. На почетокот таа нема да се фрли на снимање, туку само ќе слика, а откако ќе и текне на можноста за HD видеа, тогаш ќе и текне на опцијата за микрофон и ќе си го одбере Канон и покрај цената.

Има работи кои не се купуваат секој ден, фотоапаратот е една од нив. Подобро е да се почека и да си дособере пари за Канон, отколку да избрза со Никон. Канон си е Канон!

Можеш да му се фатиш на мојот Nikon друже.
Овде запира дискусијата. :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom