мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 18.769
- Поени од реакции
- 23.065
Sega ne ubedvas nas ili sam se ubedvas, toa samo ne mozam da te sfatamМоменталната цена на струјата е само моментална, логички во иднина нели само ќе расти, па по таа логика инвестицијата побрзо ќе се исплати откако ќе поскапи струјата во иднина, а ако ништо друго знаеме дека данокот на струјата од 5% ќе биде 10% од 2023та па потоа и 15% од 2024та.
Има субвенции во вредност од 1000 евра, така да и тоа е од помош.
Се сложувам дека горе долу 6-8 години би биле потребни за враќање на инвестицијата, но за мене тоа не би било проблем затоа што самите панели имаат 25 години гаранција на ефикасност, 15 години гаранција од кршење ( пример од нвреме - град ) и 5 години гаранција на инвертерот.
Да речеме дека 8 години се потребни за враќање на инвестицијата, потоа струјата е скоро бесплатна, па сето ова ми дава позитивно размислување за сега.
Дефинитивно и тоа, кога би имал " бесплатна " струја, логички би бил поопуштен со трошењето. Пример во лето на 40 степени надвор, да ја пуштеш климата да излади, ќе потроши прилично многу, и разбирливо е ако поретко се пушта климата во лето од таа причина .. е сега ако имаш фотоволтаици, зошто да не ја пушташ почесто. Истото важи и за користењето на некои апарати како машина за миење, пример сега практикувам да ја пуштам после 22:00 на евтина струја, освен ако морам да ја пуштам порано, а со " бесплатна " струја не би менувало кога ја пуштам.
А и не е лоша идејата да се намалат 1-2kw за пониска цена.
Ako mislis deka se isplakja stavi si, nikoj ne te drzi, pa spodeli impresii so smetki, zastedi itn itn itn.