Фотоволтаични панели

Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
2 месеца поминаа од новиот закон за фотоволтаици, а уште ни трага ни глас од ЕВН за да ми стават двосмерно броило за вишокот енергија да не ми се наплаќа.

Топката ја префрлаат на државата, дека законот сѐ уште налага дозвола од општината за инсталација на фотоволтаици на кровот (1000 евра). Дно од држава.

Секој ден читам вести за мерки за штедење енергија. Ние не само што штедеме, туку и ја произведуваме и истата си ја плаќаме, наместо да биде обратно.
Друже кога намести фотоволтаици? Сега по измените на правилникот? Дали може да погледнеш доколку имаш договор со ЕВН за превземање на струјата, кои се точно условите?

Јас ја разгледувам опцијата но колку повеќе гледам толку понеисплатливо ми делува целата инвестција. Како не можам да најдам податоци за предавањето и наплатата на вишокот енергија, така статијата на DW ми е моментално основа за оценка ( https://www.dw.com/mk/dolg-pat-do-fotovoltaici-mnogu-sopki-za-graganite-koi-sakaat-da-proizveduvaat-struja/a-62696362 ). Она што ме плаши е делот за предавањето на наплатата на вишокот на енергија каде во статијата вели:

По која цена ќе се откупува струјата?
Во однос на дилемата по која цена ќе се откупува струјата што ќе ја произведат домовите од фотоволтаици, од ЕВН Електрани за ДВ велат дека последната регулатива ја ограничува цената на откуп на вишок произведена енергија од домаќинства кои се снабдуваат од Универзалниот снабдувач на 90% од цената по која Универзалниот снабдувач ја набавил од ЕСМ во текот на пресметковниот период од 6 месеци.
„Дополнително се дава до знаење дека доколку за пресметковниот период потрошената енергија е помала од вишок предадената енергија, во тој случај се аплицира пред откупната цена и со коефициент добиен како количини од потрошена/произведена електрична енергија, кој во такви случаи е <1“, објаснуваат од компанијата.

По оваа математика ако јас во летниот месец имам предадено 1000KWh а потрошено 200KWh, при што цената е 55еур за 1MWh (повластена цена по која ЕВН ја откупва од ЕСМ), јас ќе добијам 200/1000*0,9*55=9,9еур за 1MWh, кога на светските берзи е 250еур за 1MWh?
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062

Пред половина година. Договор со ЕВН нема, бидејќи бараат од општината одобрување (се плаќа 1000 евра). Во ЕВН е уплатена таксата за промена на струјомер. Државата ја кочи постапката во моментот (законски), нема поента да плаќам на општината.

Ако имаш висока потрошувачка, добра инвестиција ти е. Зборувам за константна потрошувачка 2-4 kwh. Помалку од тоа, зијан ќе си поради вишокот производство што ќе ти биде наплатен. За да не сум во загуба, постојат моменти кога на сила ја трошам струјата само за да не заврши во мрежата на ЕВН (ќе пуштам рерна да работи иако не готвам).

Сезона кога не е потребно ни греење, ни ладење, ги гасам фотоволтаиците и трошам струја од ЕВН.

Снаодливост, батка. Да бевме понормална држава, барем 10% од населението ќе произведуваше струја.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Ако имаш висока потрошувачка, добра инвестиција ти е. Зборувам за константна потрошувачка 2-4 kwh. Помалку од тоа, зијан ќе си поради вишокот производство што ќе ти биде наплатен. За да не сум во загуба, постојат моменти кога на сила ја трошам струјата само за да не заврши во мрежата на ЕВН (ќе пуштам рерна да работи иако не готвам).
Мислам дека имало решение за ова со микропрекидачи. Така не се дозволувало производство поголемо од сопствената потрошувачка.
Иначе колку те кошташе инсталацијата по KW? Сега слушам дека цените сталале до 1200еур по KW.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Мислам дека имало решение за ова со микропрекидачи. Така не се дозволувало производство поголемо од сопствената потрошувачка.
Иначе колку те кошташе инсталацијата по KW? Сега слушам дека цените сталале до 1200еур по KW.
Ако имаш повеќе инфо околу микропрекидачите, сподели ми. Би ми било од корист.
Цената е 1w 1 euro отприлика.
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Ако имаш повеќе инфо околу микропрекидачите, сподели ми. Би ми било од корист.
Цената е 1w 1 euro отприлика.
Во врска со микропрекидачите, немам конкретна информација. Најдобро е да ги контактираш фирмите кои работат со фотоволтаици. Јас имам слушано дека некои фирми ги местеле за да ја одбегнат таа ситуација кога има вишок производство.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.959
Поени од реакции
1.234
Читајќи ги компаниите што нудат фотоволтаични панели ми падна во око ова :

ВОЕДНО Е НАЈАВЕНА И ПОНУДА НА
НОВА ГАМА НА
ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ НА КОМПАНИЈАТА ВО ДЕЛОТ НА
♻️
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ЗА
ДОМАЌИНСТВА и
КОМПАНИИ, ПРИ ШТО СЕ КОРИСТИ
БАТЕРИСКО ПОЛЕ КОЕ СЕ ПОЛНИ НОЌНО ВРЕМЕ ВО
⬇️
НИСКАТА ТАРИФА КОЈА Е НАЈЕФТИНА А СЕ КОРИСТИ ДЕНСКИ ВО
⬆️
ВИСОКАТА ТАРИФА КОЈА Е НАЈСКАПА.

Ова би му дошло како термоакумулациона печка, ако има некој повеќе информации во врска со цената и колку КВ би можело да се складира во текот на ноќта би било добро да сподели. Значи и покрај сите законски измени повторно направивиме нешто што во пракса не е функционално или е скапо со овие непотребни дозволи кои се бараат од општината.
 
Член од
27 септември 2017
Мислења
68
Поени од реакции
126

Jas pobarav informacii bas za toj sistem, polnenje noke koristenje denje, mi bese odgovoreno slednovo:

Se uste nemame definirano cena Goce se raboti za Lithium -ion baterii 200Ah, 48VDC osnoven model ili 10KWh . Planirana e za instalacija vo rack. Bi ni bila popogodna za instalacija na zid, no zasega taka stijat rabotite...
 
Член од
12 март 2010
Мислења
210
Поени од реакции
72
Odamna procitav deka vo tekot na rabotata panelot akumulira odredena radijacija.Sto so panelot koga ke bidi potrosen.Kade i kako ke se organizira negovoto frlanje ili recikliranje.Na tribina povrzana so temava vo Tehnicki fakultet Bitola bese vrseno prezentacija od strucni lica.Na moeto prasanje sto koga e vreme za promena na panelite vesto go izbegnaa odgovorot.
Kolku i dali ste zapoznaeni so ova.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Не се откажуваат од елаборатот... 1000 евра за една хартија.
 
Член од
25 октомври 2020
Мислења
137
Поени од реакции
242
6KW фотоволтаичен систем = 5700 евра комплет ( без батерии )

Може ли мислење ? Целта е да се користи произведената струја за домот и да се намалат сметките од ЕВН, па со моменталните цени на струја од ЕВН и со идни покачувања јас мислам дека вреди, ако има некој искуство нека сподели повеќе.
 
И јас долго размислував и дојдов до заклучок дека не се исплати. Образложение: Просекот на потрошени киловати од претходната година ми изнесува околу 450 во висока тарифа помножено со 8 ден за 1 киловат, излегува дека месечниот трошок ми е 3600 денари или 60 евра, помножено по 12 месеци, илзегува околу 700 евра за една година. 5700 кога ќе го поделиме со 700, излегува дека инвестицијата се враќа после 8 години и тоа ако целата потрошена енергија во висока тарифа ти е обезбедена од производство на фотоволтаиците што нема да биде во никој случај, односно ќе вратиш околу 30%, што значи дека времето на враќање на инвестицијата значително ќе се зголеми, под претпоставка доколку цената на струјата е приближно на оваа од 8 денари за еден киловат. Се уште е не исплатливо барем кај мене со оваа потрошувачка што ја имам од околу 450-460 кв за еден месец во скапа тарифа.
 
Член од
29 август 2019
Мислења
1.187
Поени од реакции
2.859
Епа... или зголеми потрошувачка за да ти се исплати (купи си и електричен автомобил на пример)
Или пак намали капацитет на волтаиците, стави 2kw систем наместо 6kw... ако не го правиш off-grid (со батерии) 2kw се доволни за дневни потреби (штознам 2 клими или еден шпорет/бојлер кога ќе е сончево и ќе имаш peak-capacity) со поефтин инвертер без можност за враќање во мрежа на ЕВН (што засега нема рачун и онака според цениве што ги нудат)
За такво нешто размислував и јас.... ако би коштало испод 2000еур може и да се исплати за побрз рок.
 
Моменталната цена на струјата е само моментална, логички во иднина нели само ќе расти, па по таа логика инвестицијата побрзо ќе се исплати откако ќе поскапи струјата во иднина, а ако ништо друго знаеме дека данокот на струјата од 5% ќе биде 10% од 2023та па потоа и 15% од 2024та.
Има субвенции во вредност од 1000 евра, така да и тоа е од помош.
Се сложувам дека горе долу 6-8 години би биле потребни за враќање на инвестицијата, но за мене тоа не би било проблем затоа што самите панели имаат 25 години гаранција на ефикасност, 15 години гаранција од кршење ( пример од нвреме - град ) и 5 години гаранција на инвертерот.
Да речеме дека 8 години се потребни за враќање на инвестицијата, потоа струјата е скоро бесплатна, па сето ова ми дава позитивно размислување за сега.

Епа... или зголеми потрошувачка за да ти се исплати (купи си и електричен автомобил на пример)
Или пак намали капацитет на волтаиците, стави 2kw систем наместо 6kw... ако не го правиш off-grid (со батерии) 2kw се доволни за дневни потреби (штознам 2 клими или еден шпорет/бојлер кога ќе е сончево и ќе имаш peak-capacity) со поефтин инвертер без можност за враќање во мрежа на ЕВН (што засега нема рачун и онака според цениве што ги нудат)
За такво нешто размислував и јас.... ако би коштало испод 2000еур може и да се исплати за побрз рок.
Дефинитивно и тоа, кога би имал " бесплатна " струја, логички би бил поопуштен со трошењето. Пример во лето на 40 степени надвор, да ја пуштеш климата да излади, ќе потроши прилично многу, и разбирливо е ако поретко се пушта климата во лето од таа причина .. е сега ако имаш фотоволтаици, зошто да не ја пушташ почесто. Истото важи и за користењето на некои апарати како машина за миење, пример сега практикувам да ја пуштам после 22:00 на евтина струја, освен ако морам да ја пуштам порано, а со " бесплатна " струја не би менувало кога ја пуштам.

А и не е лоша идејата да се намалат 1-2kw за пониска цена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom