Фотоволтаични панели

Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
Има ли некој искуство во поставување на фотоволтаични панели? Каква е пресметката за поставување на куќа за 4 члена фамилија? Дозволува ли ЕВН продажба на добиената енергија ?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Има ли некој искуство во поставување на фотоволтаични панели? Каква е пресметката за поставување на куќа за 4 члена фамилија? Дозволува ли ЕВН продажба на добиената енергија ?
Производство на електрична енергија за сопствена употреба не е дозволено!
Ние не сме држава, ние сме клептократија! Приватна сопственост на 2-3 фамилии и првиот ешалон арамии во политиката.... ЕВН ЕЛЕМ и МЕПСО се можеби најголемите “перални“ на лоповиштава.... кој ќе ти дозволи тебе да се исклучиш и произведуваш сам?
Проф. Димитров: Неопходно е да се промени законот за домаќинствата сами да си произведуваат струја од сонце! http://www.inovativnost.mk/?p=2104
инаку прочитав неодамна дека многу паѓаат цените на фотоволтаични централи, слично како кај И.Т, технологијата .... отприлика за една деценија цената паднала од 6-8 пати... што значи ако некој пред десет години инвестирал во фотоволтаици 200К денес истата технологија би коштала да речеме 30-40К.... на линкот пример инвестиција од 6,000 Евра 5Kw моќност.... АМА ЏАБЕ! Per bonum tempus! Во некои подобри времиња... сега не!
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
Коментарите на линкот се на место. Инвестицијата се исплати ако енергијата оди во мрежа,без да се вградат акумулатори,кои имаат животен век 2-4 години. Имам информации дека во поразвиени земји соодносот во цена е 1:2 во корист на еко сончевата енергија. Не може да ти забрани никој да си користиш соларна енергија, ама треба паралелна електро мрежа да имаш.
Ако дозволи евн,тогаш ќе падне ќарот на увозникот за југоисточна европа - да не го рекламирам
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Производство на електрична енергија за сопствена употреба не е дозволено!
Ние не сме држава, ние сме клептократија! Приватна сопственост на 2-3 фамилии и првиот ешалон арамии во политиката.... ЕВН ЕЛЕМ и МЕПСО се можеби најголемите “перални“ на лоповиштава.... кој ќе ти дозволи тебе да се исклучиш и произведуваш сам?
Проф. Димитров: Неопходно е да се промени законот за домаќинствата сами да си произведуваат струја од сонце! http://www.inovativnost.mk/?p=2104
инаку прочитав неодамна дека многу паѓаат цените на фотоволтаични централи, слично како кај И.Т, технологијата .... отприлика за една деценија цената паднала од 6-8 пати... што значи ако некој пред десет години инвестирал во фотоволтаици 200К денес истата технологија би коштала да речеме 30-40К.... на линкот пример инвестиција од 6,000 Евра 5Kw моќност.... АМА ЏАБЕ! Per bonum tempus! Во некои подобри времиња... сега не!
Не сум слушнал дека постои закон со кој се забранува некој граѓанин да си произведува струја за свои потреби со фотопанели
Ако постои таков закон тој би бил суштествено спротивен на Уставот,
Но вистина е дека вишокот на таква струја мрежата не ја откупува
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

...и јас мислам дека , ако произведуваш за сопствени потреби никој не може да те спречи. Слушам дека во некои КУЛТУРНИ земји плаќаш MwSt на количината која ја трошиш..., ама ние не сме толку културни ни оддалеку..
Кај нас секако , колку и да се поевтинети панелите , со се другата потребна инфраструктура не се исплати, освен хипотетично по некои морски повластени цени да ја продаваш, што е само уште еден локален мит како ми се гледа.
Идеата за самодоволност е минато свршено и глобалните глобалистички свињи , во некое извесно историско време ќе се погрижат и да се заборави тој поим , бидејќи сепак профитот е името на играта...
Чудно како професорот никако не можел тоа да го сконта.. :sneaky:
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
За сопствени потреби мислам дека е дозволено, треба да поднесеш барање. Дали ќе ти одобрат тоа е друга работа.
За продавање подобро да не ни станува збор.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
За сопствени потреби мислам дека е дозволено, треба да поднесеш барање. Дали ќе ти одобрат тоа е друга работа.
За продавање подобро да не ни станува збор.
..еј ме изненади, ако си ја покријам јужната страна на покривот со фотонапонски панели, ставам на таван доволно акумулатори и соодветен инвертор..., а од мрежа само по потреба да го дополнувам акумулаторскиот пакет...................треба некого да прашам???
Па ние сме биле бетер од една НКВД држава у најцрни времиња на Берија....:):)
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
изгледа за сопствени потреби не треба лиценца
можно е други документи да се потребни, некој што е поупатен нека објасни

http://www.snabduvanjezapad.mk/toplifikacija akti/Zakon_za_energetika-precisten_tekst.pdf
(1) Вршителите на дејностите од членот 3 на овој закон не можат да
отпочнат со вршењето на дејноста без да обезбедат лиценца за вршење на
енергетска дејност (во натамошниот текст: лиценца) од Регулаторната
комисија за енергетика.
(2) Лиценца не е потребна за вршење на следниве дејности:
- производство на електрична енергија исклучиво за сопствени потреби, при
што не се користи преносниот или дистрибутивниот систем за електрична
енергија,
- пренос и дистрибуција на електрична енергија преку директни водови,
- складирање на нафта и нафтени деривати за сопствени потреби,
- трговија на мало со нафта и нафтени деривати,
- трговија на мало со течен нафтен гас во садови под притисок,
- производство на топлинска енергија или геотермална енергија за сопствени
потреби и
- транспорт на нафта и нафтени деривати со авто или железнички цистерни
и други превозни средства како и нивно складирање.
(3) Лиценцата се издава за период од три до 35 години во зависност од
видот на енергетската дејност, обемот на средствата потребни за
извршување на енергетската дејност, времетраењето на правото за
користење на соодветниот енергетски ресурс, како и барањето на вршителот
на енергетската дејност.
[DOUBLEPOST=1472397238][/DOUBLEPOST]
..еј ме изненади, ако си ја покријам јужната страна на покривот со фотонапонски панели, ставам на таван доволно акумулатори и соодветен инвертор..., а од мрежа само по потреба да го дополнувам акумулаторскиот пакет...................треба некого да прашам???
Па ние сме биле бетер од една НКВД држава у најцрни времиња на Берија....:):)
кога градиш или доградуваш нешто не бараш дозвола?
така и за ова можеби е во најмала мера потребно да ги известиш надлежните ако ништо друго
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
изгледа за сопствени потреби не треба лиценца
можно е други документи да се потребни, некој што е поупатен нека објасни

http://www.snabduvanjezapad.mk/toplifikacija akti/Zakon_za_energetika-precisten_tekst.pdf
[DOUBLEPOST=1472397238][/DOUBLEPOST]
кога градиш или доградуваш нешто не бараш дозвола?
така и за ова можеби е во најмала мера потребно да ги известиш надлежните ако ништо друго
....не би знаел, треба да проверам во прва прилика, дали за промена на ќерамиди или поставување панели на сончеви грејачи за топла вода треба некаква дозвола или одобрение....
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.718
не се залетувајте, не е тек така... на прсти е каде државната монополска дистрибуција ти плаќа за вишокот на струја што ќе го вратиш во систем.... http://www.zelenaenergija.org/peticija
http://www.zelenaenergija.org/peticija
а и било што сам да продаваш треба да си регистриран со сите салтанати
.. а имам во комшии еден е исклучен можеби 10 години поради голем долг, и зема струја од комшијата со продолжен кабел ...како му плаќа незнам, сигурно немаат Договор заверен кај Нотар :confused:
 
..еј добар штос за мал бизнис, им продаваш на исклучени комшии струја на метро и по дупла цена од онаа по која како редовен платиша ја купуваш. Прво плаќаат и толку добиваат, така да нема шанса за загуба:sneaky:
 
može i broilo da staviš na prodolžniot... Pa ima po selata okolu gradovite, vo golema kuća, si imaat broila po spratovi a samo EDEN plaća ulično osvetluvanje ili na vremeto TV pretplata
( po evidentirano broilo koga se plaćaše)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
može i broilo da staviš na prodolžniot... Pa ima po selata okolu gradovite, vo golema kuća, si imaat broila po spratovi a samo EDEN plaća ulično osvetluvanje ili na vremeto TV pretplata
( po evidentirano broilo koga se plaćaše)
.....па по селата околу градовите живеат генијалци , будалетинките се во фините делови на градовите... :)
 
T

Terroir

Гостин
Мини централата е со максимална моќност од 3kW. За ова на кровот на куќата се поставени 12 панели. Системот е достапен од ЕВН и компанијата им го нуди на сите домаќинства.

Владата на Република Македонија преку новиот Закон за енергетика ја отвори можноста секое домаќинство на кровот од својата семејна куќа, како и секоја компанија, да има можност да инсталира фотоволтаична централа и за сопствени потреби да произведува електрична енергија, а понатаму вишоците струја да ги продава

https://www.it.mk/vo-skopje-otvorena-prvata-fotovoltaichna-tsentrala-za-domakinstva-vo-makedonija/

Има некој информација колку е инвестицијата одприлика по KW за инсталирање на вакви панели ?
 
Тој систем кој е многу популарен и во земји каде сончеви денови има многу помалку отколку во МКД (Германија Полска, Холандија...) при што се поврзуваш во мрежата со твојот микрофотоволтаик и во времето додека произведуваш ел енергија, те создаваш вишок kW ги даваш во мрежата на ЕВН (или кој и да е понатаму по либерализацијата), а кога немаш производство те ноќе и зимно време (во маглите и безсончевите периоди) земаш од системот ел енергија и разликата ја доплаќаш...тоа се нарекува нет-метеринг систем и како реков функционира во земјите на ЕУ и САД деценија веќе! Постирав предходно, но не е на одмет да се види пак YT видео како тоа изгледа https://www.youtube.com/watch?v=EuwfkW5M-kU&index=5&list=FLJqQAikY-GOSQG0-bB2Ka3w&t=140s или да речеме како го сваќам и како размислувам јас: на кров имаш фотоволтаици од 4kW пример се изложени перманентно на сонце (кога е сончево а не вака променливо) летно време 8-10 часа на ден, 26 дена во месецот (4 дена ќе врне! :) тогаш по некоја математика си произвел нешто помалку од 1000kW, летно време трошиш 300, значи си заштедил 700 за зимските месеци, кога ќе произведуваш 400-500 месечно, а ако се грееш на струја ќе трошиш над 1000кW... (па компензираш)
Околу цените иако гледам дека сум го цитирал интервјуто (2016та) на пр Димитров од ФЕИТ кој спомна дека трендот, те цените и перформансите на фотоволтаици е слична со оној тренд на PC (персоналните) во 80-90тите, или технологијата и перформансите одат нагоре со огромна брзина, а цените надолу (иако не со толкава сепак многу брзо паѓаат) .... уште едн куриозитет околу тоа многу сликовит. Прочитав на нет или гледав YT ќе побарам...вели: Опрема за микрофотоволтаик од 2kW во 2011та комплет (без батерии) чинела 10,000$... во 2015та ист таков чинеше 5-6000.$... денес се смета дека е блиску или околу психолошката граница 1W=1$ и тоа цени во САД од реномирани производители. Што значи 2kW = 2,000$ (или Евра)... колку ќе бидат за две год може да претпоставуваме само! Секако некој постручен може да ме демантира, но ако не се лажам и моќта на панелите се зголемува, на иста површина во 2011та беа од 150W, па рипна моќта на 250.... веќе има во понуда 350W, со тоа и просторот за поставување се смалува нели!? Нови технологии нови материјали иновации ....
Колку што гледам и кај нас https://www.facebook.com/efixelectrical/photos/a.10155011159439510.1073741831.193004179509/10155317808104510/?type=3&theater е тука некаде 1Wat-1Evro, барем во одговорот на некој што прашува колку чини систем од 5kW... па му одговараат (5К еур) иако спомнуваат батерии сепак не е тоа тоа! Мора да приметам дека во МКД даваат мала гаранција (3г) додека секаде низ светот е над 10 год (па и 20 г на панелите) а трајноста на системот 30-40 години! Така да по овие цени (од 18та) еден таков систем би се вратил како инвестиција за 5-6 години а натаму следните 20тина год за сопственикот е 80% бесплатна ел. енергија! И не само куќите, и во некои згради е можно вакво нешто! Во Германија на пр. има мали задруги од по 10-20 членови (од згради)... имаше еден напис предходно вели во Герм и Холандија семејства заработуваат од продажба на струја! (Сепак не се прекршива од заработка, но доволна у заштедата, те дека се покриваат!)
Незнаев дека е донесен овој закон (знаев дека е во припрема) мораа поради усогласување со ЕУ регулативи... нешто бенефит и за изнапатениов народ, а ако добро се размисли и голем бенефит за државата и стопанството! Само на крововите во Скопје “лежат“ Чебрен и Галиште... некој пресметал дека со овие услови кои ги има МКД (3-4 место во Европа по услови за користење на Сончева енергија), само на големина 1/4, колку што е територија на СК да се постават оние големи системи на фотоволтаици, би ги задоволило комплетно потреби на МКД за струја! Но тоа се милијарди инвестиција, а нам и не ни треба толку струја нели, пошто ги имаме хидроцентралите, па РЕК БТ... и тн и тн. Ако не милијарди, тогаш десетици па и сто мил. можат со една организирана програма, грантови од ЕУ субвенции да вложат и државата и граѓаните.... Мислам дека со овој тренд (цената на опремата долу, а перформансите горе) дека многу бргу, ова ќе стане тренд во Македонија.... иако засега реален проблем се „мангите„ од бизнисот со струја и релативно големиот простор за панели мислам за 4кW требат 40-50квадрати (не сум сигурен)... но верувам се надминуваат и двата проблема!
И затоа не се прашувајте кој е идниот хит бизнис кој топрва доаѓа! ;) Увоз и монтажа!
Не би се двоумел да инвестирам во вакво нешто како содружник... (и во двете опции!) :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom