Формула 1 - сезона 2024

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2024?

  • Серхио Перез - Ред Бул Хонда

    Гласови: 0 0,0%
  • Логан Сарџент - Вилијамс Мерцедес

    Гласови: 0 0,0%
  • Жу Гванжу - Кик Заубер Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Валтери Ботас - Кик Заубер Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Кевин Магнусен - Хаас Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Нико Хулкенберг - Хаас Ферари

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
766
Поени од реакции
1.039
Ете ги, почнаа. :pos:

Ви пишав: никој не негираше дека извозе добро. Ама муабетот "од 17 до прво место дојде" ви е cringe as fuck!
друже ти викаше дека Чеко ке биде бољи од Макс. кога дојде во рб те молам исчезни кринџџџџџ.


дрк у фаца на сите британски лиглиња и фиа и на нивните фанбојчиња.
 
Последно уредено:

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.069
Поени од реакции
45.889
Ете ги, почнаа. :pos:

Ви пишав: никој не негираше дека извозе добро. Ама муабетот "од 17 до прво место дојде" ви е cringe as fuck!
Твоево е кринџ друже, не за џабе 90% од тие што пратиме Ф1 и пишуваме на темава ти се изнасмеавме, а повеќето не се ни за Макс, за Ферари се од тие што ги пратам тука на темава.

Он пред прекинот беше втор, пред VSC беше 4ти и евидендно беше дека се бори за највисок пласман, зашто повеќе од пола трка имаше, а он беше најбрз на патеката со болиди пред него. Е сеа откако ќе паднеше и третиот, ќе имаше бришан простор до Норис и Расел, во таква ситуација он минимум секунда возеше побрзо од сите, не зашто има најбрз болид, туку зашто е убедливо најдобар возач моментално на гридот и во ваква ситуација (дожд) е супериорен во однос на останатите. Расел инсистирал да не менуваат, на Норис му сугерираа дека Леклер се мачи со нови гуми на истите услови против оние со истрошени односно не може да ги претекне, никој не им е крив што се излетаа одма да менуваат ама и тоа е дискутабилно колку ќе им донесеше против ваков Макс.

Многу праиш коупинг у моментов и затоа нерезонски ствари пишуваш, не бил од 17то прв, од второ бил прв :facepalm:. Ок ...

Некој да те праша, од цел живот гледање формула, дали памтиш некој на фул вет стаза од почеток до крај, да извози со 0 грешки и да е секунда побрз од сите, дали некад си просведочил на таква трка, не верувам дека ќе знаеш што да одговориш.

Норис, кој има најдоминантен болид на гридот, денес 2 пати успеа да претекне, еднаш Расел кога апла почна да врне и Расел возеше преспоро, и еднаш тимскиот колега со тимска наредба, откако потона со пласманот поради пар нерезонски грешки од кои за едната требаше да јаде и казна, да не исече така стаза ќе завршеше позади Перез, Лосон и Луис.
Секој ебан возач денес правеше екцеси на стаза и грешеше, дел од нив за време на SC излетуваа, од друга страна Макс до крај на трка секој следен круг го возеше ко најбрз круг на цела трка.

Cringe as fuck, секако, симни му капа, не се срами, ок е, богзнае кога пак ќе просведочиш ваква перфектна вожња на дожд, односно на убедливо најтешки услови за возење у овој спорт, мислам дека ни самиот Макс не е во ситуација ова да го повтори, таков впечаток имам, овде имаше посебен мотив, се разбуди денес и одбра насилство.
 
Последно уредено:

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.069
Поени од реакции
45.889

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Греота е да му се одземе било што на Макс за тркава, извозе шампионски, ајде и да се поклопеле некои коцки за црвеното знаме, пак ако другиве беа побрзи ќе го стигнеа, не беше блиску никој. Иначе дека си плаче ако не добие дуел/позиција ќе го кењам, зашто се жали за немање простор и затварање, нешто што него му е трејдмарк према остали шофери, мора да се спомене. Во склоп на последново Ландо го нема тој килер инстинкт во дуелите, пред некоја трка за ова губеше бодови, башка што не беа паметни ни Мекларен ни он одма да му препуштат позиција на Макс тогаш, па да има шанси пак да го пројде.
10-11 трки беше Макс без победа каде Мекларениве не искористија ништо посебно, ако не се лажам исто победи имаше Норис со Пиастри, Леклер па и Хамилтон со скапаницата од болид (Расел ќе имаше две победи да не го казнеа). Касно почнаа со тимски наредби Мекларен ако веќе помирисаа дека можат до шоферска титула, па и ова денеска swap positions беше очај момент, зашто Пиастри беше можеби и побрз од Норис.
Решена е титулата веќе, абе и три трки по ред да не заврши Макс, овие нема да достават.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
Некој да те праша, од цел живот гледање формула, дали памтиш некој на фул вет стаза од почеток до крај, да извози со 0 грешки и да е секунда побрз од сите, дали некад си просведочил на таква трка, не верувам дека ќе знаеш што да одговориш.
Алонсо, на скоро секоја wet трка во 2000-те и почетокот на 2010-те. Еве земи за пример Унгарија 2005 мислам (може и 2006 беше, не сум 100% сигурен). Од 15 место стартуваше, за неколку круга стигна до 3, беше по 2-3 секунди, а не 1, побрз од некои возачи. Подоцна го презеде и водството, само за жал не ја заврши трката зашто му се откачи тркало. 2012, Малезија, стартуваше од 9 позиција, победи. Истата година мислам во Германија беше, на квалификации имаше пол со секунда и пол разлика пред вториот, ама ај тоа не се важи дека не е трка нели. 2007 Германија, на хаотичната трка кога им заврна уште во прв круг и кога се испогубија сите, тој извозе без ни една грешка. На intermediate го стигна Маса на 1 место на 4 круга пред крај на трката однадвор, и за 4 круга му избега 8 секунди (значи 2 по круг). Провери ако не веруваш, веројатно за се има инфо по нетов. ;)
 
  • Тажно
Reactions: Syn
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.071
Поени од реакции
9.882
Луис Хамилтон лично и персонално изјавил дека ова Макс што го направи вчера е поголем подвиг и од неговиот у 2021, кога од последно дојде прво место. Ама не, @Zlatikevichius и Норис викаат среќа било, имал free stop, баба ми го донела 2 место на рестартот, и од таму веќе било лагано. Друже, Ландо 2 пати излета после рестартот, дур некој штанцаше најбрзи кругови. Направи 20 секунди разлика, и да влезеше у пит пак ќе им се измочаше у фаца. Издоминира, до таа мера да британциве исчезнаа од лицето на земјата.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.069
Поени од реакции
45.889
Алонсо, на скоро секоја wet трка во 2000-те и почетокот на 2010-те. Еве земи за пример Унгарија 2005 мислам (може и 2006 беше, не сум 100% сигурен). Од 15 место стартуваше, за неколку круга стигна до 3, беше по 2-3 секунди, а не 1, побрз од некои возачи. Подоцна го презеде и водството, само за жал не ја заврши трката зашто му се откачи тркало. 2012, Малезија, стартуваше од 9 позиција, победи. Истата година мислам во Германија беше, на квалификации имаше пол со секунда и пол разлика пред вториот, ама ај тоа не се важи дека не е трка нели. 2007 Германија, на хаотичната трка кога им заврна уште во прв круг и кога се испогубија сите, тој извозе без ни една грешка. На intermediate го стигна Маса на 1 место на 4 круга пред крај на трката однадвор, и за 4 круга му избега 8 секунди (значи 2 по круг). Провери ако не веруваш, веројатно за се има инфо по нетов. ;)
Генерално гледано, една фул трка спомна тука, Германија 2007, од кое место стартуваше тогаш Фернандо? И дали е исто ако стартуваш од топ 3, на дожд, и извозиш одлично, и стартуваш 17то место, извозиш феноменално без грешка, и на крајот победуваш со 20 секунди пред вториот, не 8.

Има инфо на нетов, во право си, и истото само го потврдува мастеркласот на Макс од вчера. Не заборавај на еден битен детал, Макс беше најбрз на стаза со најдобар круг а пола грид беше пред него, што само по себе е неверојатен податок, он правеше најбрзи кругови, во кругови каде претекнуваше, Расел кој водеше и имаше ништо пред него, и Норис немаа шанса осетно да се одлепат, и со тој race pace на Макс, и 30 кругови до крајот, имаше да ги помине ко плитак поток, што би рекол Мамич.
И, можеш ли да претпоставиш, со истиот race pace, што би се дешавало ако Макс стартуваше прв или втор вчера? Имаше цел грид да го помине за 1 круг, а пази, не го има најдобриот болид на гридот.

Нандо во Германија стартувал втор, ама изгубил позиција во однос на Маса, дали извозел со точно 0 грешки не верувам дека памтиш (со оглед дека си ги измешал работите за Малезија) али памтиш дека извозел феноменално што не го спорам, треба цела трка да се гледа пак па да се спореди, али ја зборам буквално за 0 грешки 69 круга, ниту една позиција изгубена, само напредок, ниту едно излизгување, ниту едно излетување и губење драгоцено време, нула контакти со останатите возачи а имаше пар ризични претекнувања ко она над Лосон на пример на дел од стаза каде и кога е суво ретко кој преткнува, задњи 20 круга, 19 пати направи најбрз што доволно говори колку силуваше и не калкулираше, и пак, 0 грешки.

Друга работа, дали тој Мекларен на Алонсо беше инфериорен во однос на 2 други тима на патеката тогаш или не, ко што е редбулот на Макс? Мекларен таа година беа први во конструктори, но ради шпиунскиот скандал ги изгубија сите поени.

Свесен ли си дека од 83та не се десило тим што завршува трет во конструктори, на крај да го даде шампионот? Ако Макс освои титула и оваа сезона, оваа ќе му е втора а притоа да не е во најдобриот тим, на колкумина во модерната ера им успеало тоа? На колкумина воопшто им успеало во таква ситуација да се борат за титула и да се главни фаворити? На многу работи ние не сме сведочеле откако го пратиме спортов, до доаѓањето на Макс, од најмлад што стартувал Ф1 трка до најмлад победник на една Ф1 трка со само 18 години, до освојување на титула во последен круг од сезоната, до освојување на титула/титули а да не си во најдобриот болид, до убедливо најдоминантната сезона во историјата на Ф1 на еден возач (онаа од лани) а притоа во исти услови егзистирал на пример и Луис со Мерцедес, до она од вчера.

Не сумјам дека имало величенствени трки во исти услови во минатото, ете Нандо го спомна, има од Шумахер, има од Сена, има од многу други али она од вчера е на посебно место зашто Макс стартуваше од опашката на патеката, и на крајот победи убедливо, а од сите болиди пред него он ако не се лажам само 3 помина откако они влегоа во пит, што процентуално значи ваљда дека над 80% од болидите пред него он мораше да ги престигнува.

Срамота е она што го пиша вчера, можеше да се воздржиш зашто нема Ф1 експерт што не го глорифицираше она од вчера, ко што реков, за овој триумф ќе се збори во годините што следат, ко за оној на Алонсо на кој ти сега се сеќаваш, кога стартувал втор, и на крајот победил, епа ова е x10 ама тешко ти е да признаеш, очигледно. Вожњи како онаа од вчера се една од причините зашто овој спорт е она што е,

p.s. Намерно реков една трка дека спомна само, зашто за Малезија грешка си, не победи во такви услови, така да не и место на таа трка во овој муабет.
 
Член од
27 мај 2018
Мислења
935
Поени од реакции
1.595
Норис е добар возач но не е шампион како Макс.
Мас е шампион ама во плачење, по одвратен лик немало во ф1 , задно со одвратниот Ред Бул. Хамилтон е мало дете за овој за едница мерка плачење, сите го знаат како шмпионот плачко...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.895
Поени од реакции
42.593
Мас е шампион ама во плачење, по одвратен лик немало во ф1 , задно со одвратниот Ред Бул. Хамилтон е мало дете за овој за едница мерка плачење, сите го знаат како шмпионот плачко...
Збориме за вожња и конзистентност. Макс и со овој болид ќе биде шампион. Ландо да беше таков материјал до сега ќе ја имаше осигурано титулата.
 
Член од
27 мај 2018
Мислења
935
Поени од реакции
1.595
Збориме за вожња и конзистентност. Макс и со овој болид ќе биде шампион. Ландо да беше таков материјал до сега ќе ја имаше осигурано титулата.
Макс направи доволно залиха на почеток сезона кога се шеташе со редбулот низ патека, е сега кога е малку зорт одма ред мрсули ред солзи, направи споредба со било кој др шампион дали има толку плачено како Макс.... и да ФИА колку пати го има заштитено него и РБ само да те потсетам со 10% помалку трстирање во воздушен тунел ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom