Формула 1 - сезона 2024

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2024?

  • Серхио Перез - Ред Бул Хонда

    Гласови: 0 0,0%
  • Логан Сарџент - Вилијамс Мерцедес

    Гласови: 0 0,0%
  • Жу Гванжу - Кик Заубер Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Валтери Ботас - Кик Заубер Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Кевин Магнусен - Хаас Ферари

    Гласови: 0 0,0%
  • Нико Хулкенберг - Хаас Ферари

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
17.990
Поени од реакции
45.360
Локација
Скопје
Официјална тема за Формула 1 - сезона 2024

Доцниме годинава. Веќе беа презентирани сите болиди за 2024, па мислам дека е редно да почнеме во нова тема.

Нема никакви измени во возачките седишта кај ниту еден од тимовите. Иако сите не фати неспремни информацијата дека од следната сезона Луис Хамилтон ќе вози за Ферари, во 2024 ги гледаме истите имиња во истите седишта од крајот на 2023:

1707915586019.png

Но иако нема измени во возачките постави, има измени во структурата на тимовите. Најпрво: Алфа Ромео го напушти партнерството со тимот на Заубер и го напушти F1 семејството. Додека Заубер се подготвува за влезот на Ауди во 2026, две години ќе возат под називот: Stake F1 Team Kick Sauber, или кратко Kick Sauber. Алфа Таури се ребрендираше (по којзнае кој пат) во најглупавото име кое сме го виделе некогаш во F1: Visa Cash App RB F1 Team, или кратко RB-Honda (што ќе биде збунувачко со оглед на тоа што тимот-мајка им се вика Red Bull-Honda, па така верувам ние ќе продолжиме да си ги викаме Алфа Таури или Торо Росо).

На календарот, пак, годинава ќе гледаме рекордни дури 24 трки!

1707915913063.png

Спринт трки ќе има на 6 патеки: Кина, Мајами, Австрија, САД (Остин), Бразил и Катар. Кина се враќа на календарот за прв пат по 2019, по укинувањето на организацијата заради тешкотиите на земјата со справување со COVID-19 пандемијата. Исто така се враќа Имола која во 2023 беше откажана заради поплавите на патеката. Од друга страна, патеката во Русија има договор до оваа година, што значи требаше да биде вклучена во календарот, но истиот договор беше раскинат како санкција заради руската инвазија на Украина.

Во поглед на техничките регулации, како и изменетите правила во спортот, повеќе може да прочитате тука. Во поглед на гумите, за разлика од 2023 кога на некои трки имаа алтернативни сетови, сега секој возач за цел викенд ќе располага со по 13 сета на гуми.

Главната разлика во правилата во поглед на 2023 е изгледот на викендите во кои има спринт-трки. Оваа година, наместо квалификации за спринт + спринт трка во ист ден, сабота, викендот ќе изгледа вака:
петок: 1. Тренинг сесија​
петок: 2. Квалификации за спринт​
сабота: 1. Спринт-трка​
сабота: 2. Квалификации за главна трка​
недела: Главна трка​

Тимовите ќе имаат еден единствен предсезонски тест наредната недела, од 21 до 23 февруари, во Бахреин. Сезоната стартува на 02 март, исто така во Бахреин.

Анкетата која традиционално гласеше: кој ќе биде шампион во Формула 1, малку ја изменив, зашто веројатно сите знаат кој ќе биде шампион повторно. Но она што повеќе би било интересно е да видиме кој возач колку фанови има. Затоа ќе можете да гласате за минимум 1 а максимум 3 возачи за кои вие ќе навивате.

Е па:

businessman_waving_checkered_flag_md_nwm_v2.gif
 
Во старата тема веќе беше презентиран изгледот на болидите (освен на Ред Бул и Мекларен), но еве ги тука од сличен агол сите уште еднаш:

Мерцедес:
1707920202094.png

Ферари:
1707920305311.png

Астон Мартин:
1707920383151.png

Алпин
1707920622442.png

Вилијамс
1707920924788.png

РБ Хонда
1707920535588.png

Кик Заубер
1707920809738.png

Хаас
1707921002973.png
 
Ќе биде интересно до година со кловновските тимски одлуки на Ферари и Хамилтон. :pos: Очекувам многу нервоза и искри.
 
Ќе биде интересно до година со кловновските тимски одлуки на Ферари и Хамилтон. :pos: Очекувам многу нервоза и искри.
Mu davam 3 trki pred javno da go polie bolidot so benzin na startno celna i da se samozapali vo znak na revolt
 
Уште точно 2 недели до стартот на сезоната. BTW, не знам дали знаете - трката ќе биде во сабота, 02.03, а не во недела, како што е вообичаено. Исто и следната трка ќе биде во сабота, 09.03.
 
Уште точно 2 недели до стартот на сезоната. BTW, не знам дали знаете - трката ќе биде во сабота, 02.03, а не во недела, како што е вообичаено. Исто и следната трка ќе биде во сабота, 09.03.
why?
 
Ред Бул ги изненади сите. Со дизајнот на Мерцедес. Можам да им ги замислам фаците на Тото и останатите :D
 
На 10.03 почнувал Рамазан месецот и Саудијците не можеле тогаш да организираат трка, па затоа ја поместиле на 09.03, сабота. А постоело правило - две трки морало да бидат со минимум 1 недела помеѓу нив. Затоа и во Бахреин ја поместиле за во сабота, за да има 1 недела помеѓу двете први трки.
 
Формула 2 воведува нова генерација на болид сезонава, освен спојлерот кој е ужас ми се допаѓа остатокот од дизајнот


F2_3_4b.jpg


GEoOfG6XYAAfUnI-scaled.jpeg
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom