Пиастри и да нема клаузула у договор за тоа да не е втор возач, срамота е возач со такви квалитети да се квалификува така, таман си е све, сега дали тоа може на долг рок да ги чини Мекларен титула на еден од возачите, а во случајов тоа е Норис, ќе видиме, ама тука сме да гледаме тркање не еден што е и те како конкурентен, да се трга во овој дел од сезоната нарочито, кога све е решено тогаш ќе има некаква разбирачка за таков потег.
Маестрално извозе, и тоа е тоа, супер возач и ова е добро на долг рок што добиваме уште еден голем потенцијал.
Ферари некаде ја усраа денеска, 8 секунди беше Леклер напред пред првото менување на гуми, кога Пиастри влезе, а кога Леклер излезе овој не му даде да се одлепи, одма позади него беше и успеа со добар маневар да го помине, за да до крај одлично брани и одолева на нападите, секоја чест.
Сајнц направи грешка на крајот, ама му порасна курето и осети дека може да биде и втор, не гледав причина да направи еден јалов мини напад тука и врз неговиот колега, по што лошо излезе од тој свиок и му остави простор на Перез, кога се случи и контактот каде крив беше шпанецот.
Перез после богзнае колку време подобар викенд од Макс, севкупно гледано, и на крај не освои ни бод, а имаше огромни шанси да биде втор, али и он погреши со нападот над Леклер од надворешна страна кога од напад за второ, излезе 4ти после првиот свиок.
Макс изгуби многу викендов, зашто Норис стартуваше 15то за да на крај заврши една позиција пред него, добро за него е Норис да не освојува многу поише од него бодови до крај, ама денес имаше услови обратно да е, али редбулот негов беше мачење да се гледа денес, во доста незавидна ситуација се сега, во конструктири дефинитивно ќе потонат а има шанси на крај и позади Ферари да се, останува битката на Макс за титула ама и ова е под знак ? во моментов.
Вредно за напомена денес се бодот на Берман кој го искористи фактот што Сајнц и Перез се удрија, но и 8мото место на Колапито кој секако ќе освоеше бод денес, вака освои повеќе од цела кариера на Сарџент во формула 1 ако не се лажам, што од една страна го потврдува потенцијалот на аргентинецот кој цел викенд беше одличен со оглед дека влезе и во Q3, но и фактот дека Сарџент едноставно беше мизерен возач.