Формула 1 - сезона 2021

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 ?


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 јануари 2020
Мислења
139
Поени од реакции
102
How the fuck болидот на хамилтон е толку брз. дали е надградби. што го знам ...
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
Што имаа подобар болид, имаа, ама вожњава беше masterclass :cuc:
60 круга ги гледавме на скоро 1-2 секунди разлика. Не памтам кога последен пат имало ваква трка.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
На крајот од викендот задоволни се и Ред Бул и Мерцедес.

Ред Бул затоа што успеа од зацртаните 29 бода на Мерцедес за Луис да скрати 4 (што по нивна заслуга со најбрзиот круг на Чеко, што по грешките на Мерцедес и казната во спринтот каде остана без зацртаните три).

Од друга страна пак Мерцедес може да бидат презадоволни од перформансот и брзината на Луис и доколку истата успеат да ја пренесат и на останатите трки, тогаш и тоа како имаат на што да се надеваат до крајот.

Бразилците а посебно и Маса се толку воодушевени од Хамилтон (овој и знаме им вееше :LOL:) што заборавија како Луис му ја зеде титулата на Фелипе на последната кривина во 2008 (ако не грешам) и колку тогаш плачеа од Луис :)

Инаку иако сакам Макс да ја освои титулата сепак мислам дека на моменти е преагресивен (денес буквално го истурка Луис од патеката и во обратна ситуација сите ќе го колневме Луис) и дека кога тогаш тоа ќе му се одбие од глава (се надевам не оваа сезона).
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Пишав вчера
Ако не му се случи Малезија 2016, мислам дека има добра шанса да победи утре Хамилтон.
Очекуван резултат после брзината што ја покажа на спринтот.
Него, како бе интерлагос да ти била трка на РБ, така мислам некој имаше пишано на темава
Јас пишав.
И точно е тоа дека Интерлагос е РБ стаза, дури и самиот Хелмут Марко го изјави тоа во интерјвуто што го споделив тука. Мексико и Бразил им беа must win стази ако гледаме историски, а и самите Ред Бул очекуваа победи. Мексико си испадна по план, ама Бразил...црна магија.
---------------------------------------------------------------
Мерцедес победи ради моторот и ништо друго. Ова е Ферари 2019 левел на супериорност на правците.
Ако предноста е поради новиот мотор што им дозволува да употребуваат higher engine mode без да стравуваат на дефекти, тогаш Мерцедес може комотно на останатите трки да зема нов мотор и Хамилтон да јаде 5 места казна и комотно да победува со party mode. Мала можноста за вакво нешто али ако се осмелат на ваков потег Мерцедес, најголем фан ќе им станам за мудата шо ќе ги покажат :D

Ботас изигра клучна улога тука со сите тие казни за нов мотор што ги изеде на неколку трки кога тестираше разни модови. Имаа изјава Мерцедес пред некоја недела дека нашле пукнатини (на нов мотор) кај Ботас и нашле начин како да го санираат проблемот. Резултатот од жртвувањето на Ботас е ова што го видовме викендов.

Сезониште во секој случај.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Сезонава кој и да земе нема да ми е криво, пеколно добра сезона гледаме. Брзинава на Хамилтон денес ме потсети на доминатноста што ја имаа пред 2-3 сезони кога беа недостижни. Страшно добри сезони имаат и двајцата, и одлучувачки ќе биде тимската тактика евентуално концентрацијата и тоа кој ќе направи грешка. Камо среќа секоја сезона вакви трки да гледаме.

 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Спадна еуфоријата од фудбалот па се загледав Ф1 пак и налетав на моментот кога Макс го избутка Хамилтон надвор од патеката.
Требаше да јаде 5 секунди казна тука Макс ако одиме по стандардите што ги поставија стујардите во Австрија кога Норис и Перез (x2) изедоа 5 секунди казна за ист маневар.


 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
Спадна еуфоријата од фудбалот па се загледав Ф1 пак и налетав на моментот кога Макс го избутка Хамилтон надвор од патеката.
Требаше да јаде 5 секунди казна тука Макс ако одиме по стандардите што ги поставија стујардите во Австрија кога Норис и Перез (x2) изедоа 5 секунди казна за ист маневар.


Не би рекол дека треба да добие 5 секунди. Уствари можеби и треба ама прво да видиме снимка т.е. движењето на воланот. Ни на преносот не дадоа таква снимка, не знам од кои причини.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Веројатно ќе јадам ремет за постов ама не следам редовно Ф1 сезонава па ме буни малку системот на бодување.

Хамилтон земал денес 25 бодови за победата, тоа е јасно. Ама како Макс земал 20 бодови? Нели вториот зема 18? И да имал најбрз круг би земал 19 бода. Пропуштам нешто ваљда, се зема екстра бод и за друго?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.864
Не би рекол дека треба да добие 5 секунди. Уствари можеби и треба ама прво да видиме снимка т.е. движењето на воланот. Ни на преносот не дадоа таква снимка, не знам од кои причини.
Хорнер им рече да не дадат.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Веројатно ќе јадам ремет за постов ама не следам редовно Ф1 сезонава па ме буни малку системот на бодување.

Хамилтон земал денес 25 бодови за победата, тоа е јасно. Ама како Макс земал 20 бодови? Нели вториот зема 18? И да имал најбрз круг би земал 19 бода. Пропуштам нешто ваљда, се зема екстра бод и за друго?
И спринт трките се бодуваат. 3, 2 и 1 поен за првите тројца.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom