Уф каков викенд беше ова немате претстава... еве ме тазе вратен од Истанбул па да споделам импресии.
Јас од Прага и 4ца другари од Скопје се наоѓаме во Истанбул. Кафаните, дискотеките и тој провод ќе го тргнам на страна и ќе се задржам на Ф1.
Не знам како да ја опишам неспособноста на турците, сериозно се катастрофа во секој поглед. Не сум бил на којзнае колку трки освен Монца па не можам да споредам, ама убеден сум дека ова е врвот.
Петок - тренинзи:
Првиот тренинг беше закажан во 11:30, а вториот од 15:00. Од строг центар на Истанбул (Европскиот дел), тргнавме накај 9 сабајлето, веќе во 10 бевме таму. Имаше преку 10 влезови за луѓе, а со кола имаше пристап од ми се чини 6 или 7 страни. Ама влезови од автопат со 5-6 ленти во еден правец. Првични импресии дека ќе биде топ организација.
Влеговме во фан зоната, и имаше едно 20 штандови за јадење, исто толку и за пиење + Мерцедес, Ред Бул, Ферари и Мекларен имаа официјални продавници за реквизити. Имаше и две Ф1 продавници за сите останати "небитни" тимови. Сериозно видов маици од Хаас и од Мазепин, да не беа огин цените на заебанција можби ќе купев нешто од Мазепин.
Се подновивме тука сите со реквизити, ама цените се огромни. Маица од Макс 40 евра, капче и дуксер од РБ ме коштаа 60 + 110 евра, или севкупно 210 евра.
Логично сакав да купам нешто и од Алонсо, ама имаа само капчиња кимоа, а искрено не носам и беше 60 евра па ми немаше логика.
Очекувано на тренинзите немаше многу гужва. Карти имавме за Gold секторот т.е. трибината на самиот старт. Ги памтам звуците на болидите од Монца во 2015, ама или сум заборавил чувството или овие болиди се х10 од тие тогаш па звучеа доста моќно. Кога ги запалија и тргнаа, наежување до максимум... тек па кога влегуваа да менуваат гуми со тоа пиштолите какви звуци има, нема начин да се опише сериозно.
Сабота - квалификации:
Е тука беше првичното разочарување од организацијата. Квалификациите беа од 3, а третиот тренинг решивме да го пропуштиме. Тргнавме во 11 планирајќи да стигнеме 1 - 1:30 таму. Турска ненормална работа сите влезови со кола ги имаа затворено и оставија еден ебан влез што поминува низ едно мало селце/градче и има само 1 лента. Гужвата беше колона од 7 ебани километри. Дојде 14:10 ние бевме на 3 километри од стаза. Направивме договор едниот другар да бара паркинг, а останатите да тргнеме кон патеката. Натаму со трчање. Доаѓаме на врата има 3 контроли. Првата е за HES кодови, втората за карти и 3тата секјурити чек. Ова само за да се влезе во делот на фан зоната, за на трибина имаше уште една контрола. Е на овие први 3 влезови имаше по 30-40 ленти, а работеа само 20тина. Гужва огромна. Со трчање стигнавме на трибина во 15:10 па првите 10 минути ги пропуштивме.
Квалификациите најавија добра трка, имаше дожд малку, се најавуваше дожд во недела, Макс второ место, а Хамилтон 10 места подоле. Па дури и Алонсо заврши 5ти, си реков this is it, можда и ќе го видам на подиум.
На крај на квалификации се смеевме, завршија сите па се наредија на старт веројатно последен "тест" како да стартуваат. Тргаа по 3-4ца, а Кими паркиран и седи 10 минути, ги чекаше сите да стартуваат, па на крај самиот си стартуваше у негов стил. Имаше некои смешни тимски радија ко она за пијалокот.
За одење накај дома беше уште поголем хаос, 3 саати за да излеземе од патеката.
Недела - трка:
Уфффф, адреналинот тука пукаше во 8 сабајле тргнавме од возбуда и поучени од гужвата претходниот ден. Фала богу ја избегнавме тука гужвата и патиштата сега не беа затворени ама доста џандари пренасочуваа. Веќе во 10 бевме на патеката. Имаше интересни настани, беше презентиран 2022 болидот, имаше као мала просторија со сите шампиони во Ф1 и пехарите, диџеј, а во 11 фанзоната веќе беше исполнета. Влеговме на патека околу 1 часот, имаше некое загревање, па парадираа со автобусот, даваа интервјуа. Делот кај што бевме сместени беше чиста 10ка, иако под стреа од ветерот дуваше и врнеше буквално цело време над нас. Нит кабаници нит ништо. Земавме едно знаме Македонско, на Ф1 ТВ не дадоа во крупен кадар неколку пати, бевме до едни турци и чилеанци. Кога се видовме на тоа бимовите се помочавме од радост.
Трката веќе почнува...
Многу разочарувачки ми беше стартот, очекував Макс да го изгриза Ботас на старт, ама имам впечаток и баш тоа коментиравме со друштво дека Макс на дожд нема ниеден добар старт. Немате претстава што значи 20 болиди да стартуваат во исто време мислам звуците се слушаа на 10 километри од патека. ЛУДИЛО!
Трката од една страна беше разочарувачка бидејќи очекувавме некое излетување или повеќе акција поготово кога имаше дожд цела трка. Ама ништо од тоа не видовме. На трибина настана хаос кога Хамилтон го претекна Перез, па овој се одбрани. Страшни овации имаше и за Саинц и Макс.
Не знам од кои причини, ама Перез добиваше повеќе скандирања дури и од Макс и Хамилтон. Ова зборам пред да се деси акцијата. После тоа збеснаа.
Ние сељаци ко сељаци, мислам дека цела трибина не знае и ни се чудеа. Ја навикнат од секој спортски натпревар навивам за тимот, а кога е противникот у прашање пцуеш мајки шајки, уа и се по ред. Овде мислам бевме единствените кои викавме УУУУУ кога Хамилтон ќе поминеше. Културен народ иде на ова формулава, без разлика дали си со Мерцедес или РБ реквизит, имаше аплаузи и скандирања за сите што искрено ме изненади. Бевме 1-2 реда со РБ маици и дуксери, а под нас скоро се беше од Мерцедес па се пецкавме ама се беше позитивно. На крај имаше аплаузи од двете страни.
Инаку не знам зошто, ама болидите во живо звучат многу поинаку од она на ТВ што го слушаме. На пример Мекларените со Астон Мартин ги имаат најгрдите звуци, дури боли кога ги слушаш. Ферари, и РБ се огин, многу добар звук вадат. Мерцедес, ова е чудовиште, не знам како да го опишам звукот. Ако треба да се поделат по категории, ондак Мерцедес се сами на врвот. Чудовиште, страшни беа.
А, Мик и Мазепин, дури и смешни ми беа. Дечките па и тимот, не знам зошто уопште учествуваат, не се ни приближно блиску до некој друг тим. Единствената трка е меѓу нив двајца, не можат ни да припарат до другите. Греота.
Се на се одличен викенд. Догодина здравје на повеќе трки ќе одиме. Ако некој го интересира трошоците за Ф1 викенд беа вака:
Хотел 100 евра по човек со вклучен доручек за 6 ноќевања.
Превоз мене ме кошташе 150 евра со авион, они 4ца во кола по 60 евра (бензин + патарини).
Картите беа 400 евра.
Реквизити е опционално ама мене ме чинеа 210 евра.
За јадење и шетање зависи од вас, тука не можам да дадам некоја цена. Буквално имавме оброци од по 2-3 евра, до јадење во ресторан месо од 100 евра.
Имаше некои понуди по 10-13 илјади од агенција, ама јас не би одел никогаш со агенција. Прво те форсираат со автобуси и ќе скапеш, второ зависиш од цела група. Најевтината опција со сопствен превоз е 60 евра пат + 70 евра General Admission карта за Ф1 + 100 евра хотел = 230 евра + уште 100 евра за останатите оброци во денот. Останатото е опционален луксуз.
Во продолжение неколку слики:
Видеата се подобри, ама немам како да ги прикачам тука.