Ги гледам Гасли вс Алонсо и Алонсо вс Мик инцидентите пак и уште не ми е јасно зошто и Пиер и Фернандо добија иста казна т.е. 5 секунди + 2 казнени поени.
Го изврте Алонсо, да, ама мокро+старт+прва кривина+Перез лево до него, што повеќе можеше да направи Гасли? Плус на снимката убаво се гледа дека дава пун лев ама јбг колата лизга малку десно ради условите на патеката. Чист тркачки инцидент на отварачки круг.
Од друга страна, Алонсо му влага ко торпедо на Шумахер во ситуација каде што има 0% шанса да го помине и го извртува надвор од патеката. 100% вина на Фернандо, но добива иста казна како Гасли. Која е логиката тука?
Според мене првиот случај е тркачки ицнидент, а вториот 10 секунди казна за Алонсо.
--------------------------------------------------------
Иначе на последниве 7 трки т.е. од аеро надградбите во Силверстоун, Мерцедес е дефинитивно побрзиот болид, посебно кога станува збор за race pace, па и на квалификации.
Силверстон - Мерцедес побрзи на квалификации, али бидна што бидна на трката па не знаеме баш за race pacе, ај да речеме еднакво
Унгарија - дефинитивно Мерцедес побрзи
Белгија - Мерцедес изгледаа како најбрзи но дожд+немаше трка
Холандија - Ред Бул побрзи
Италија/Русија/Турција - Мерцедес побрзи без аргумент
Вториов дел на сезонава ептен ми смрди на 2017/18 кога Ферари(и Фетел) почнаа да тонат после Силверстон, и тогаш исто Мерцедес имаа аеро надградби на полусезона.
Сега за сега дождот и Хамилтон му го спасуваат гзот на Макс. Луис ја еба ептен во Монца со лошите стартови и изгуби чиста победа, а Спа, Сочи и Истанбул да беа суви, прилично сум убеден дека Мерцедес ќе издоминираа.
Од преостанативе трки, Мексико и Интерлагос треба да им одговараат на РБ, а Абу Даби е Мерцедес територија. Америка најевројатно Мерцедес, ама треба да е тесно, додека Катар и Саудиска Арабија се енигма.