Формула 1 - сезона 2020

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2020 ?


  • Вкупно гласачи
    89

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Ништо неочекувано од тим што го исфорсира Шумахер да се пензионира само затоа што стана поголем од Ферари.
Па апсолутен рекордер беше во сите најбитни статистики во историјата на овој спорт не знам зошто не би се пензионирал. Последните две сезони ја губеа битката а човекот имаше 37 или 38 години, не беше ни во цутот на младоста веќе. Зошто мислиш дека го исфорсирале да се пензионира?
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Mercedes gi smeni site motori vo site timovi so nivni motori, pronašle nepravilnost vo motorot kaj Hamilton
Zameneti se so verzija so otklonet problem
Нема ни трошка вистина во ова...
Автоматски споено мислење:

Kimi VS Bull

2020 Austrian Grand Prix, 11.jpg
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.049
Па апсолутен рекордер беше во сите најбитни статистики во историјата на овој спорт не знам зошто не би се пензионирал. Последните две сезони ја губеа битката а човекот имаше 37 или 38 години, не беше ни во цутот на младоста веќе. Зошто мислиш дека го исфорсирале да се пензионира?
Лука Монтеземоло и останати високи фигури во Ферари го имаат исфорсирано Шуми да се пензионира, не е по негова желба тотално.
Уште 2006 ако не и 2005 Кими потпишува договор со Ферари што му гарантира 1во место во тимот и Шумахер нема друга опција освен да прифати договор каде што нема да е алфа и омега или да се пензионира. А сите знаеме дека Шумахер отсекогаш имал второ шоферче до него и нејќе јака конкуренција.
Пред Монца имаат договор Ферари и Шумахер дека после трката ќе објави пензија, ама бидејќи Шумахер победува и на Ферари им е страв Михаел да не се предомисли заради емоциите во таа ситуација, они свикуваат прес и објавуваат дека Михаел ќе се пензионира додека он е се уште во болидот и на патеката.
Убав и долг текст ако те интересира цела приказна :D

Слична ситуација и со Кими каде што Ферари го форсира надвор од тимот со потпишувањето на договор со Сантандер (во 2008) кој го сакаат Алонсо. Ферари уште средина на 2008 намерно го става Кими во втор план и се фокусира на Маса иако Раиконен има исто бодови со Хамилтон и Фелипе. Вториот дел од 2008 и цела 2009 Кими вози колку да се каже дека вози.

Иначе има и шпекулации дека Шумахер немал проблем да продолжи уште 2 сезони со Мерцедес ако има потреба ама Ники Лауда лобирал силно за Хамилтон. Лауда лично го има убедено Луис да прејде во Мерцедес додека Розберг и Шуми се борат за ситни бодови, а он со Мекларенот се бори за победи и минимум подиум на скоро секоја трка.
Најверојатно му има кажано каков мотор имаат Мерцедес спремено за 2014 на кој што работеле со години и дека силно ќе лобираат за нови регулации :icon_mrgr:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.757
Зошто да нема? и зошто да не ги сменат ако донесле 2 верзии на моторот и одлучиле дека со првата верзија помалку им одговара, или се сомневаат во некој дел

Досега на сите...буквално на сите трки во Австрија Мерцедес имал проблеми со ладењето на моторот кој се надеваат дека го средиле дури во втората половина на 2019 со додавање на дополнителен ладњак за ЕРС системот, реконструирање на поклопецот на моторот и уште некои други детали

победите на РБ на оваа стаза се должат на проблемите со ладењето на моторите на Мерцедес на стази со висока надморска висина(редок воздух кој е задолжен за ладењето)
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Да прашам дали ќе има пренос на квалификациите и на трката во Австрија на ТВ 24 или на кабелска на некој странски канал?

Sent from my Mi 9T using Tapatalk
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
96
Поени од реакции
139
Кратко видео во кое ги презентирам сите новини кои беа воведени од страна на ФИА пред почетокот на новата Ф1 сезона овој викенд. Што мислите за овие новости/промени?

Автоматски споено мислење:

Да прашам дали ќе има пренос на квалификациите и на трката во Австрија на ТВ 24 или на кабелска на некој странски канал?

Sent from my Mi 9T using Tapatalk
Да, тв24 ги има правата и за оваа сезона
Автоматски споено мислење:

Единственото форсирање за пензија му беше од Алонсо :kruna:
Прво Кими со Мекларен па Алонсо со Рено, го најавија доаѓањето на новата тогаш генерација за Ф1
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Убав и долг текст ако те интересира цела приказна :D
Иначе има и шпекулации дека Шумахер немал проблем да продолжи уште 2 сезони со Мерцедес ако има потреба ама Ники Лауда лобирал силно за Хамилтон. Лауда лично го има убедено Луис да прејде во Мерцедес додека Розберг и Шуми се борат за ситни бодови, а он со Мекларенот се бори за победи и минимум подиум на скоро секоја трка.
Најверојатно му има кажано каков мотор имаат Мерцедес спремено за 2014 на кој што работеле со години и дека силно ќе лобираат за нови регулации :icon_mrgr:
Одлично четиво (y)
Е сега кога ќе видиш Монтеземоло и ќе излезе во право дека бил до негде, Кими ја зема таа титула, може и Шумахер ќе ја земеше, али извадил образ итаљанецов.
Иначе да, Лауда го убедувал да дојде Луис и му ветувал дека работат на болид конкурентен за победи... Во тој момент Мерцедес послаби од Мекларен беа така да многу ризичен потег на Хамилтон што излезе deal на векот и за него и за Мерцедес.
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
326
Поени од реакции
320
Јас мислам дека Мерцедес можеби било ризик но не до толку како што изгледа од надвор. Мерцедес е сепак тим кој што не би влегол во моторспорт кампања како Формула 1 за само да учествува. Како на пример тоа што го прават Рено. Работеа на хибрид технологија долго време пред да биде официјално претставена во Формула 1. Без Мерцедес и официјален производител на мотори кој што ќе работи исклучиво за Мекларен, се знаеше дека тимот ќе биде во проблеми.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.049
Форс Индија дефинитивно имаат добра брзина ама па затоа Ред Бул некако разочарува. Премногу извртувања од Макс и Албон на тренинзиве сега + во Барселона. Се жалеа на oversteer.
Се надевам ќе се средат и ќе можат да им парираат колку-толку на Мерцедес пошто џабе чекањето пола година ако овие пак доминараат 1-2 на секоја трка ебате
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.666
Поени од реакции
38.846
премногу шлајфа редбулот од што е јак
 

Kajgana Shop

На врв Bottom