2015 АВСТРИЈА ГП: ФЕРАРИ НИКОГАШ ПОБЛИСКУ ДО ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
Болидите на Мерцедес АМГ повторно ќе стартуваат од првиот ред и за Големата Награда на Австрија. Луис Хамилтон и Нико Розберг со излетувања надвор од патеката во вторите брзи круга, но Себастијан Ветел со Ферари не успеа да забележи побрзо време. Ферари повторно не може да го помине Кими Раиконен подалеку од Q1 кога имаме променливи услови.
Q1 болидите го започнаа на интермедиа гумите на Пирели на патека која беше во фаза на сушење по дождот на саботниот тренинг. Условите се менуваa од минута во минута, а најдобри за поставување на брзо време беа при крајот на оваа сесија. Тоа предизвика да голем број од болидите се најдат на патеката со очајни обиди да поминат во Q2.
Како по обичај, механичарите на Кими Раиконен никако да се снајдат во такви услови, па квалификациите за него беа завршени, многу рано и само пред болидите на Манор.
Q2 сесијата помина без поголеми возбудувања, а единствено Даниел Рикиардо тешко го контролираше болидот на Ред Бул и се пожали на чувство на "нешто чудно при сопирање". Овие проблеми го спречија Австралијанцот да се пласира во најбрзите 10 болиди, за разлика од неговиот помлад тимски колега кој без проблеми го обезбеди тој пласман.
Сесијата беше максимумот и за Фернандо Алонсо со Мекларен, дополнително тој и Рикиардo ги очекуваат казни поради промена на делови од ПЕ. Џенсон Батон собра повеќе од нив со вкупен збир на 25 стартни места понaзад.
Прв кој ја превзеде иницијативата во Q3 беше Луис Хамилтон, што се покажа како одличен потег. Го постави најбрзото време во тој момент, кое не можеше да биде подобрено од нити еден друг возач, па ни тимскиот колега, кој закасни 2 десетинки од секундата.
Себастијан Ветел го имаше третото најбрзо време, пред Маса и Ботас со болидите на Вилијамс. На крајот кога ја очекувавме најголемата борба за Пол позицијата, ниту еден од двајцата возачи на Мерцедес АМГ не успеаа да стигнат до целта при својот втор брз круг.
Луис Хамилтон се изврте и излета уште на почетокот при влез за првиот свиок, а кога сите очекувавме дека Розберг конечно ќе биде најбрз, тој успеа да излета на последниот свиок пред стартно-целната линија.
Зад нив надежите за Себастијан Ветел се зголемија неколкукратно по добрите времиња на тренинг сесиите, но иако не направи некоја поголема и видлива грешка не успеа да го забележи најбрзото време, згора на тоа не успеа да стигне ни до првиот стартен ред.
Германецот остана трет пред Маса, Хулкенберг и Ботас. Ферстапен на одличната седма позиција за Торо Росо, пред Квајт со Ред Бул и Фелипе Наср со Заубер. Последната позиција од ТОП 10 пласманот ја заокружи Роман Грожан, кој се реши да не постави време во текот на Q3 сесијата.
Трката за Големата Награда на Австрија започнува утре во стандардниот термин за Европа - 14:00 часот.
2015 АВСТРИЈА ГП - КВАЛИФИКАЦИИ