Формула 1 - сезона 2015

Шампион за 2015 според Вас...

  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.867
Мекларен без мерцедес се губитници да бидеме искрени, ќе им требаат години ако не и децении да го стигнат тоа ниво што беа, се виде кога мерцедес искочи од мекларен ги повлече своите луѓе и направи свој тим се удоле им тргна, иако возеа мерцедес мотори првата сезона или две, годинава со хонда се катастрофа.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205

Па добро, сеа Хонда дојде со нивни експерти, треба време за да го постигнат зацртаното. Тек сега почнаа со техничка подршка и да го развиваат болидот, чекајте малце. Плус имаат многу успешна декада Мекларен со Хонда.
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2015 АВСТРИЈА ГП: СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ НАЈБРЗ, НО И СО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ НА ВТОРИОТ ТРЕНИНГ

Себастијан Ветел со болидот на Ферари го забележа најбрзото време на вториот попладневен тренинг на патеката Ред Бул Ринг во Шпилберг, Австрија. По подолго време на првото место на табелата некој друг болид освен Мерцедес АМГ. Но, Сребрените стрели не беа многу далеку, а Нико Розберг имаше само 0,011 делови од секундата побавно време. Трет најбрз беше повторно Кими Раиконен.

Пастор Малдонадо со Лотус успеа да биде пред Луис Хамилтон, кој можеби беше најфрустрираниот возач на денешните тренинг сесии. Тој не можеше да го смири својот болид и често излетуваше надвор од патеката. До толку беше изнервиран, што не успеа да забележи брзо време на супер-меките гуми на Пирели поради грешките и во двата свои обиди за брз круг.

Проблемите на Себастијан Ветел, кои започнаа на првиот тренинг се покажа дека се поврзани со неговиот менувач, па иако го забележа најбрзото време, повеќе од 75% од неговата тест програма за денес не беше помината.

Во интервјуата по завршување на тренингот, тој не беше премногу расположен, изјави дека не знае што е проблемот со менувачот, само дека сензорите покажале предупредувачки знаци, но и дека не очекува казна од 5-стартни места поради промена на менувач.

Валтери Ботас и Фелипе Маса, возачите на Вилијамс, на овој тренинг беа резервирани, како што беше често случај досега оваа сезона, за да блеснат во Сабота.

Многу проблеми на оваа патека за возачите на Мекларен, на кои им се придружи и Даниел Рикиардо, исто така, со многу малку завршена тест програма.

Викендот во Австрија продолжува со саботниот тренинг, по кој од 14:00 часот следува Квалификационата сесија.

ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Мерцедес беа констатно во Ф1 уште одамна пред да почнат со нивен тим, така да неможеш да споредуваш. Прва сезона им е на Хонда, и треба да се има толеранција. Јас мислам дека куваат нешто ептен револуционерно, ќе видиме наредна сезона.
Беше и Хонда пред некоја година во Ф1, не се до толку лаици. Пола сезона помина немаат никакви подобрувања, уште трка неможат да завршат..
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Беше и Хонда пред некоја година во Ф1, не се до толку лаици. Пола сезона помина немаат никакви подобрувања, уште трка неможат да завршат..
Honda како самостоен тим беа две години во Ф1 2006-2008, претходно со Мекларен беа во 80's и почетокот на 90's. И озбилно споредуваш со Мерцедес што е констатно во Ф1?
Па и на Мерцедес им требаа пет години како самостоен тим за да освојат титула а ти си запнал за Хонда што им е прва сезона.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753

Па така е. И Ред Бул од 2005. кога започнаа во Ф1 никаде ги немаше, па направија бум 2010-2013. Ферари веќе колку време нема титула, па еве со промени се враќа на вистинскиот пат. Преку вечер не може се да се промени, им треба време на Мекларен и Хонда, очекувам догодина, па и во 2017. да имаат многу конкурентен болид...
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Honda како самостоен тим беа две години во Ф1 2006-2008, претходно со Мекларен беа во 80's и почетокот на 90's. И озбилно споредуваш со Мерцедес што е констатно во Ф1?
Па и на Мерцедес им требаа пет години како самостоен тим за да освојат титула а ти си запнал за Хонда што им е прва сезона.
Дај боже да си во право! 5 години слушаме иста приказна, наредна година ке биде подобро, а тоа од бетер побетер. Не им чинеше Мерцедесот нели им даваа послаби мотори, ајде ке почекаме уште 5 сезони Хонда да се среди, па ке видиме што ке излезе на крај 2020.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Дај боже да си во право! 5 години слушаме иста приказна, наредна година ке биде подобро, а тоа од бетер побетер. Не им чинеше Мерцедесот нели им даваа послаби мотори, ајде ке почекаме уште 5 сезони Хонда да се среди, па ке видиме што ке излезе на крај 2020.
Абе Мекларен Ф1 како самостоен тим не може да функционира. Им треба подршка од некој друг, како што е годинава Хонда, претходно како што беше Мерцедес пред да направат нивен тим. Како самостојни ништо не прават. Мекларен Аутомотив е една од ретките компании кој произведуваат супер аута а се независни. Нивните супер аута ги базираат исклучиво на тој research што го прават во Ф1. За тој research треба еден куп пари а нивните супер аута не ги продаваат во големи количини бидејќи се ултра скапи.
Додека Ферари се под ФИАТ, и добиваат огромни пари од нив за research, па затоа кај нив е друг муабет.

Мекларен немаат некој профит огромен, главно ги вртат парите. И замисли ги како самостоен тим, фрлаат еден куп пари за research а враќаат дел од тоа само од спонзори и нешто од ФИА на крај од сезона али ако не се меѓу победниците тие пари се само кусур. Така да не може да си дозволат да трошат толку пари како самостоен тим, е сега кога Хонда им купи ми се чини 40% од акциите ќе биде друг муабет. Така да тие години 2010-2014 не ги рачунај бидејќи Мекларен беа независни.

Поради тоа и Вилијамс се срање, бидејќи се независен тим. Кога ќе дојде некој во тимот како што порано биле Рено, BMW да им даваат техничка и финансиска подршка тогаш ќе пркнат, вака највеќе може да се надеваат на успех како тој од ланската година и тоа им е максимумот.
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Колку што знам Мекларен и Ферари беа едниствени тимови кои бараа зголемување на буџетите на тимовите. Не ке да е дека немаат пари. Плус фрлаат 60 милиони евра само на плати за возачите што е на пример цел годишен буџет на помалите тимови. И што е најтрагично тие мали тимови покажуваат подобри резултати. Еве батали ја сезонава, минатата сезона Форс Индиа со исти мотор имаа напраено боље болид.
Досадни се веке со тие нивни изговори. Или нека работат како што треба, или нека не им кажуваат бајки на фановите.
Неможе никој да ме убеди дека Хонда не ја заеба работата со нивниот револуционерен изум со 3 клипа, некое чудо што го спремаа 3 години. Тоа триклипното поразлично од сите останати не се покажа успешно, наредна година пак од ново, пак исти изговори.... Турбо моторите се од минатата година, сите почнаа од нула. Не викам дека другите не биле во предност, ама трка да неможеш да завришиш? Батали моторот и другите делови не им се како треба средени. Они самите ако го прават и моторот Марусија ке ги поминува за два круга. Не ми се ни збори веќе. Треба таму да им дојде некој асален човек и све да смени од корен.
 
Па барале зголемување на буџет поради тоа што сега со Хонда располагаат со енормен буџет. И како самостоен тим имаат масовен буџет, али немаат голем профит како компанија поради тоа што бизнисот им се ориентира главно во Ф1. Еве, според Википедија, Мекларен 2013 имале обрт од 285.4 милиони фунти а од тој обрт имале профит само 4.5 милиони фунти. Значи профитот е многу мал. А Хонда околу нивниот Ф1 бизнис може да си дозволат да идат во минус, поради тоа што они ги вадат парите во нивниот примарен бизнис што е производство на комерцијални аута. Ф1 им служи само како маркетинг и плус тестирање на Ф1 технологија што може да се имплементира во нивните комерцијални аута.

И другите далеку од тоа дека почнале од нула. Друго е ти кога констатно се натпреваруваш во Ф1. Од прва сезона никој не бил толку мајчин да доминира. А тоа што не можат да завршат трка, највероатно се должи поради нивното експериментирање на моторот. Прават уникатен и револуционерен мотор што е како никој друг и и имаат верба во него. Не се толку глупи, ај ти. Ќе видиш наредна година големо подобрување.
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2015 АВСТРИЈА ГП: ФЕРАРИ НИКОГАШ ПОБЛИСКУ ДО ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА

Болидите на Мерцедес АМГ повторно ќе стартуваат од првиот ред и за Големата Награда на Австрија. Луис Хамилтон и Нико Розберг со излетувања надвор од патеката во вторите брзи круга, но Себастијан Ветел со Ферари не успеа да забележи побрзо време. Ферари повторно не може да го помине Кими Раиконен подалеку од Q1 кога имаме променливи услови.

Q1 болидите го започнаа на интермедиа гумите на Пирели на патека која беше во фаза на сушење по дождот на саботниот тренинг. Условите се менуваa од минута во минута, а најдобри за поставување на брзо време беа при крајот на оваа сесија. Тоа предизвика да голем број од болидите се најдат на патеката со очајни обиди да поминат во Q2.

Како по обичај, механичарите на Кими Раиконен никако да се снајдат во такви услови, па квалификациите за него беа завршени, многу рано и само пред болидите на Манор.

Q2 сесијата помина без поголеми возбудувања, а единствено Даниел Рикиардо тешко го контролираше болидот на Ред Бул и се пожали на чувство на "нешто чудно при сопирање". Овие проблеми го спречија Австралијанцот да се пласира во најбрзите 10 болиди, за разлика од неговиот помлад тимски колега кој без проблеми го обезбеди тој пласман.

Сесијата беше максимумот и за Фернандо Алонсо со Мекларен, дополнително тој и Рикиардo ги очекуваат казни поради промена на делови од ПЕ. Џенсон Батон собра повеќе од нив со вкупен збир на 25 стартни места понaзад.

Прв кој ја превзеде иницијативата во Q3 беше Луис Хамилтон, што се покажа како одличен потег. Го постави најбрзото време во тој момент, кое не можеше да биде подобрено од нити еден друг возач, па ни тимскиот колега, кој закасни 2 десетинки од секундата.

Себастијан Ветел го имаше третото најбрзо време, пред Маса и Ботас со болидите на Вилијамс. На крајот кога ја очекувавме најголемата борба за Пол позицијата, ниту еден од двајцата возачи на Мерцедес АМГ не успеаа да стигнат до целта при својот втор брз круг.

Луис Хамилтон се изврте и излета уште на почетокот при влез за првиот свиок, а кога сите очекувавме дека Розберг конечно ќе биде најбрз, тој успеа да излета на последниот свиок пред стартно-целната линија.

Зад нив надежите за Себастијан Ветел се зголемија неколкукратно по добрите времиња на тренинг сесиите, но иако не направи некоја поголема и видлива грешка не успеа да го забележи најбрзото време, згора на тоа не успеа да стигне ни до првиот стартен ред.

Германецот остана трет пред Маса, Хулкенберг и Ботас. Ферстапен на одличната седма позиција за Торо Росо, пред Квајт со Ред Бул и Фелипе Наср со Заубер. Последната позиција од ТОП 10 пласманот ја заокружи Роман Грожан, кој се реши да не постави време во текот на Q3 сесијата.

Трката за Големата Награда на Австрија започнува утре во стандардниот термин за Европа - 14:00 часот.

2015 АВСТРИЈА ГП - КВАЛИФИКАЦИИ
 
Последно уредено:
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Ke pocnam da se somnevam deka go sabotiraat Kimi vo Ferrari, ne e mozno ova da se slucuva

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Ke pocnam da se somnevam deka go sabotiraat Kimi vo Ferrari, ne e mozno ova da se slucuva

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
Не верувам, ете на претходната Ветел беше, така да не ми е за верување...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.765
Да забележиме само дека фетел во својот најбрз круг од последната кривина па се до стартно целната линија возеше без ДРС системот кој автоматски се исклучува кај болидите при појава на жолто знаме(двата Мерцедеса).

ќе беше поблиску за 1-2 десетинки
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Не верувам, ете на претходната Ветел беше, така да не ми е за верување...
Sto znam do sea ovaa sezona Kimi go vlece podebeliot kraj, najverojatno e do PE. Se nadevam deka utre ke napravi nesto slicno kako Vettel vo Kanada

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom