Абе во ред е да го потценуваш Фетел како возач, и да немаш верба во него. А и како да не биде потценуван. 4 титули со спејс шатлот на Њуи и доаѓа Рикјардо што е руки и го дроби. А и 2012 Алонсо со доста по инфериорен болид ќе му ја земеше за малце титулата. Никако ги нема оправдано тие 4 титули.
Но сепак, Фетел е најдобрата алтернатива моментално. Сите подобри опции се зафатени. А и нема толку голема причина да не го сакаш пошто се нашол во вистинско место на вистинско време. Секогаш бил посветен на тимот. Не кукаше толку кога губеше од Рикјардо. Така да простор за хејт, многу и нема.
Треба да се надеваш да победува сега со нас и да се развие како возач, отколку да посакуваш Алонсо кој вози за Мекларен да сакаш да освои титула, нели?