Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.932
Поени од реакции
509
Според резултатите во квалификациите утре (уствари денес:)) ќе биде многу неизвесно. Јас мислам дека Батон и Фетел сега се надеваат на дожд за утре со што евентуално би имале поголеми шанси за пробив кон врвот. Ах колку ми е криво што не гледав. Инаку утре од колку е трката од 8?
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
493
Поени од реакции
13

SUN Race 18:00 :smir:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689

Грешно мислиш... Ако врне, нема сила што ќе го победи Баричело на домашната патека. Уствари и да не врне истото е, Баричело е закон за Бразил. Човекот до сега нема победа на домашното ГП, редно е да победи. А Батон и Ветел да не освојат бодови, па да гледаме циркус во Дубаи :)
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Очекувате Батон да извози добро на дожд?!?
-големо ЉоЉ:vozbud:
-Фетел ќе вози агресивно,така да големи се шансите да не ја заврши трката...
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Калакурница квали. од речиси 3 часа. :nesum: Што дождови, што кршови, ломови се насобраа во едно и го предизвикаа се тоа. Ги изгледав Q1 и Q2, а потоа останав кнаб со време (а богами и со живци поради преќинувањата, а и поради Миленко) пошто морав да излезам. Разочараа 2 од 3те претенденти за титулата, Фетел уште во Q1, а Батон во наредниот, а очекувано или не 2та Вилијамси брилијираа на дождливата патека и јас бев уверен дека ќе стартуваат од првиот ред .. Но кога се вратив од град, пуштам телетекст и читам Рубенс ја грабнал ПП и сега има огромна прилика да дојде до првата своја победа во кариерата на својата домашна патека, а исто така и да му се доближи на својот клубски колега на САМО 4 бода со пресрет на последново ГП за оваа сезона, за прв пат во ОАЕ, поточно во Абу Даби, се разбира ако Џенсон не освои ниту бод денеска (што според мене е и те како можно и реално тоа).

Очекувам Баричело да збрише уште на стартот, а за сите др. позиции и бодови ќе се води безпоштедна битка и + ако ''потпомогне'' во сево и дождот, е тоа ќе биде право уживање, но НИКАКО како вчера. Не ми се гледа трка во 20 круга зад СЦ !!! :nenene:

Еве и неколку додатни информации во пресрет на денешнава трка ..

- Лиуци ќе стартува како последен (поточно казна од 5 места) поради промена на мењачот, по вчерашниот удар. http://www.formula1.com/news/headlines/2009/10/10111.html

- Кратко интервју со С.Фетел веднаш по вчерашните разочарувачки квали. за него. http://www.formula1.com/news/interviews/2009/10/10107.html

- Тежината на болидите на стартот.
1. Rubens Barrichello, Brawn GP, 650.5kg
2. Mark Webber, Red Bull, 656
3. Adrian Sutil, Force India, 656.5
4. Jarno Trulli, Toyota, 658.5
5. Kimi Raikkonen, Ferrari, 651.5
6. Sebastien Buemi, Toro Rosso, 659
7. Nico Rosberg, Williams, 657
8. Robert Kubica, BMW Sauber, 656
9. Kazuki Nakajima, Williams, 664
10. Fernando Alonso, Renault, 652
11. Kamui Kobayashi, Toyota, 671.6
12. Jaime Alguersuari, Toro Rosso, 671.5
13. Romain Grosjean, Renault, 677.2
14. Jenson Button, Brawn GP, 672
15. Vitantonio Liuzzi, Force India, 680
16. Sebastian Vettel, Red Bull, 683.5
17. Heikki Kovalainen, McLaren, 656.5
18. Lewis Hamilton, McLaren, 661
19. Nick Heidfeld, BMW Sauber, 650.5
20. Giancarlo Fisichella, Ferrari, 683.5
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.596
Поени од реакции
48.668
Hahaha, кој луд почеток го имаше тркава . :vozbud:
 
Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Ај честито титула на браун и тојето.Катастрофален викенд за ферари,сепак не се очекуеше нешо боље,пак не извади раиконен.Браво за хамилтон од 18 3то место.Се на се не беше лош викендов.Имам желба само да се врати маса на последната трка и толку.Се гледаме наредна сезона поздравчиња.:back:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Батон шампион, честитки.

Баричело опет ја ебна утката, од 17 настапи има 11 откажувања а најдобар пласман му е трето место (во 2004). Јас мислев ќе ги збрише останатите, ама не му иде од рака на човекот во Бразил.

Хамилтон се покажа доста солидно, од 18-ти дојде до трето место, мислам дека тоа е мотив + за да се поминат Ферари во конструктори а веќе и е бод пред Раиконен во генерален :)
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.968
Поени од реакции
8.878
Батон шампион, честитки.

Баричело опет ја ебна утката, од 17 настапи има 11 откажувања а најдобар пласман му е трето место (во 2004). Јас мислев ќе ги збрише останатите, ама не му иде од рака на човекот во Бразил.

Хамилтон се покажа доста солидно, од 18-ти дојде до трето место, мислам дека тоа е мотив + за да се поминат Ферари во конструктори а веќе и е бод пред Раиконен во генерален :)
хухуху одлично за Мкеларен барем да бидеме пред Ферари тоа би им значело многу на инжинерите во англискиот тим, а исто и на нас навивачите:helou:
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.932
Поени од реакции
509
И така уште еднаш стана шампион оној кој ја издвојува првата победа во шампионатот. Со нетрпение го очекуваме стартот на наредната сезона:).
Со овие зборови коментаторите на ХТВ кажаа се. Првак стана човекот кој имаше извонреден старт на сезоната и одлична последна трка. Честитки за Батон но да не ја извозеше денешната трка со стил како што го направи тоа, и покажа дека има квалитет, ќе сметав дека годинава имавме најслаб шампион.
Штета за Рубињо кој мислам дека ја пропушти последната можност за да освои шампионска титула, додека Ветел во наредните сезони ќе се покаже во вистинско светло.
Сега последната трка релаксирано ќе ја гледам и ќе навивам Ферари да ги престигне Мекларен во конструктори.
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Неверојатна трка, уште еднаш се покажа дека нема правило за пласман, зависно од тоа кој на која позиција ќе тргне. Ретко имаме можност да видиме таков старт како вчера.

Мене ми е многу криво за Баричело, баш сакав да победи во Бразил и да земе титула на наредна трка. Штета што го зезнаа дечкото со стратегијата. Не дека сум против Батон (честитки за него), ама Рубенс ми е многу симпатичен, се радува искрено како мало дете, башка и после толку години нема успех. Затоа и сакав сега да му се посреќи.

Инаку, следната сезона ќе биде интересно. Мене фаворит ми е Фетел, за него навивав сезонава, ама после последниве квалификации се виде дека слаби му се шансите. Фаворит ми е уште од претходната сезона кога победи во Монца, на такви услови, плус млад и неискусен, одлично извозе. Башка тоа, лани кога го претрка Хамилтон во Бразил на два круга пред крај и кога го бутна на 6-то место, за да (безмалку) го остави без титула уште толку го засакав. Мислам дека неговото време допрва доаѓа. А чоекот мој е за Ферари, па ќе биде тепачки дома, мада може и да попуштам, втор фаворит ми е Алонсо, а бидејќи тој доаѓа во F може и за него малку среќа да пуштам. :)

Во секој случај, се надевам на поинтересна сезона од годинешнава.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
И така уште еднаш стана шампион оној кој ја издвојува првата победа во шампионатот. Со нетрпение го очекуваме стартот на наредната сезона:).
Со овие зборови коментаторите на ХТВ кажаа се. Првак стана човекот кој имаше извонреден старт на сезоната и одлична последна трка. Честитки за Батон но да не ја извозеше денешната трка со стил како што го направи тоа, и покажа дека има квалитет, ќе сметав дека годинава имавме најслаб шампион.
Штета за Рубињо кој мислам дека ја пропушти последната можност за да освои шампионска титула, додека Ветел во наредните сезони ќе се покаже во вистинско светло.
Сега последната трка релаксирано ќе ја гледам и ќе навивам Ферари да ги престигне Мекларен во конструктори.
Не е последна, туку предпоследна :)

Последната ќе се вози на 1-ви ноември во Абу Даби :)

Инаку стварно штета за Баричело, сакав тој да биде шампион, но што е тука е.

За Vettel и не сум баш сигурен, неговите перформанси најмногу зависат од болидот, а сите знаеме дека го продолжи договорот со Red Bull уште 2 сезони (мислам не сум 100% сигурен). Така да многу вероватно е да го нема никаде наредната сезона исто како Nico Rosberg што го нема никаде оваа сезона поради Williams-от.

А Ferrari ќе ги престигне Мекларен во конструктори знаеш кога? Кога Физикела ќе освои некој бод т.е. нема да биде последен - ваљда наредната година, бидејки годинава Ferrari е срање, како вади Kimi такви перформанси од него за сите е мистерија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom