Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Браво Фетел конечно добар резултат се надевам нема да оплеска на старт како што знае да направи
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Себастијан Фетел ја фати ПП за утрешното ГП во Јапонија на патеката Сузука, во овогодинешниве најгрозоморни и најтешки квали. Најпрвин честитки до Фетел, а и Трули кои од поодамна немаа ваков резултат на квали. а веднаш зад нив од вториот ред ќе стартува Луис Хамилтон кој ја одржува добрата форма на МекЛарен во овој втор дел од сезоната.

Но сепак овие резул. се занемарливи во однос на тоа што им се случи на Ковалаинен, Глок и двата пилота на ТР за кои предвреме завршија денешниве квали. поради излетувања од патеката у удари. Најлошо од нив 4ца помина германецот Тимо Глок кој откако се удри, веднаш даде знак со раката и видно беше дека не е способен сам да излезе од болидот. Информациите велат дека имал повреда (а можеби и исекотина) на ногата и + чувствувал болки во 'рбетот. Мое е мислење е дека утре нема да го видиме германецот на стартот. Му посакувам се најдобро на Тимо и што побрзо закрепнување.

Плус тоа двата пилота на БГП, Сутил и Алонсо ќе заработат казна од по 5 места на утрешниот старт, поради игнорирање на жолтите знаменца денеска на квали.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Но сепак овие резул. се занемарливи во однос на тоа што им се случи на Ковалаинен, Глок и двата пилота на ТР за кои предвреме завршија денешниве квали. поради излетувања од патеката у удари. Најлошо од нив 4ца помина германецот Тимо Глок кој откако се удри, веднаш даде знак со раката и видно беше дека не е способен сам да излезе од болидот. Информациите велат дека имал повреда (а можеби и исекотина) на ногата и + чувствувал болки во 'рбетот. Мое е мислење е дека утре нема да го видиме германецот на стартот. Му посакувам се најдобро на Тимо и што побрзо закрепнување.

Плус тоа двата пилота на БГП, Сутил и Алонсо ќе заработат казна од по 5 места на утрешниот старт, поради игнорирање на жолтите знаменца денеска на квали.
Brown ќе ги ебнат во борбата за титулата изгледа... Vettel ќе има голема шанса да победи утре освен ако Ѓупалето не му ја лапне победата.

Инаку Тимо Глок имаше треска во четвртокот и петокот па наместо него некој Кобајаши (Јапончиште - резервен возач- камиказа) го заменуваше на слободните тренинзи. Како и да е, излетувањето само ќе му донесе повеќе време за одмор.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Не ми се станува утре да гледам, се надевам на победа на Фетел.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Во колку саат е утре планирам да станам мислам дека е во 8 трката ?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Vettel Победник во Сузука... трката за титулата се разгорува откако Баричело заврши како седми а Батон како осми.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Фетел ја оправда улогата на фаворит денеска и од стартот до финишот си го задржа првото место. Честитки за него за оваа вожња со која конечно стави крај на сите тие малери и несреќи кои му се дешаваа уште од Унгарија, изгледа на жуљ му настапна онаа патетична драјв-тру казна што ја заработи минатиот викенд во Сингапур, со што си ги скрати шансите за подиум. Гооолемо браво исто така и за Јарно Трули, кој иако ја загуби втората позиција од Хамилтон на стартот, сепак успеа со добро темпо и постојано држење разлика помеѓу 2-3 сек. да го помине британецот низ боксот и да заврши на второто место на крајот.

Од др. страна пак двата пилота на БГП успеаа да ги фатат последните 3 бода од трката, со што сега дефицитот на Фетел во однос на Баричело е само 2 бода, односно 14 во однос на Батон. Интересно, и покрај убедливиот старт на сезоната за Џенсон, сепак тие 12 бода предност му се далеку од гаранција дека ќе успее да стигне до својата прва Шампионска Титула. Хммм добро е, ќе имаме возбудлив и неизвесен финиш на сезонава, како и во последниве 2 год. на тоа почнавме да навикнуваме полека, што е за мене добро и макс. интересно да не се знае во чии раце ќе падне титулата до самиот финиш. Има уште 2 трки до крајот, така да се е можно, а Рубенс и Фетел имаат добри шанси да го загрозат Батон. Во сл. ситуација беше и Луис Хамилтон последниве 2 сезони, кога со одлична подовна преднсот влегуваше во последниве 1-2 трки од сезоната, 2007 ја искоцка за 1 бод, а лани пак успеа едвај да ја освои за 1 бод.
Во Бразил, каде се вози за 2 недели очекувам уште еден слаб викенд за БГП, не верувам дека ќе се снајдат баш најдобро таму. А пак очекувајте уште еден (по мое мислење) страшен викенд на Јарно Трули, на кого Бразил ептен му лежи. :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom