Кими признава дека ќе биде тешко да се победат Мекларен
Светскиот шампион од 2007 година, Кими Раиконен, вели дека главната цел на Ферари до крајот на сезоната е да се задржи третото место во пласманот на конструктори, иако ривалите Мекларен се само 5 поени зад нив по с$ подобрата форма. И покрај второто место во Унгарија и третото во Валенсија на Раиконен, на двете трки Ферари освоија поени само со него и сега имаат 14 поени од тие две трки во споредба со 27-те на Мекларен.
"Уживам во победите, но и третото место може да донесе добри чувства. С$ уште сме пред Мекларен во пласманот на конструктори, но ќе биде многу тешко да се задржи местото бидејќи престанавме со развојот на болидот и се концентрираме на следната сезона", признава Раиконен.