- Член од
- 19 јуни 2007
- Мислења
- 3.422
- Поени од реакции
- 116
МНОГУМИНА ПРОТИВ НОВИТЕ ПРАВИЛА
Веднаш откако ФИА ги објавуви новите правила, стигна реакција од неколку возачи во Формула 1. Возачот на Форс Индија, Адријан Зутил смета дека не се од корист новововедените правила. Германецот не е убеден дека постојаните промени на правилата од секаков тип носат успеси.
- Имам чувство дека многу работи постојано се менуваат. Изминатите години секогаш имаше нови работи. Изгледа дека секогаш очајнички се обидуваат да ја направат Формула 1 поинтересна и поспектакуларна. Можеби треба да остават сè како што е, за гледачите да можат да се навикнат - вели Зутил за РТЛ.
Критики настроен кон ФИА е и Фернандо Алонсо. Двократниот шампион е загрижен генерално за иднината која ја носат правилата, иако вели дека мора да постои начин истите да бидат ревидирани.
- Не разбирам зашто се потребни постојани промени на правилата во овој спорт. Ваков тип на одлуки само ќе ги збуни фановите. Формула 1 се развива повеќе од 50 години благодарение на тимовите, спонзорите, возачите и пред сè, гледачите низ целиот свет, а никој од нив не можеше да го каже својот став пред ФИА. Не сум многу загрижен за одлуките кои влијаат на сезоната што доаѓа, пред сè, за тие што влијаат за иднината на натпреварувањето. Се надевам дека има начин овие мерки да се преиспитаат за краток рок - вели Шпанецот.
Неговиот колега Јарно Трули е малку поригорозен кога се говори на оваа тема. Италијанецот го става акцентот на новото правило со кое возачот со најмногу победи ќе биде крунисан, на сметка на освоените бодови.
- Изгледа Формула 1 сака да умре и сите ќе мора да се натпреваруваме во други шампионати. Добро е да се обидете да ѝ дадете на јавноста повеќе, да се подобри шоуто, но не треба да се изопачи духот на Формула 1. Многу сум загрижен - изјави Трули за италијанскиот Ла Стампа.
ФОТА, пак, се изјасни дека не се среќни со новите правила кои ги спроведе ФИА, посочувајќи го ограничувањето на буџетите како лошо решение за проблемот. Во соопштението од нивниот табор се вели:
- Со почит кон одлуките кои ги донесе Светскиот совет за моторспорт на ФИА, ФОТА сака да го изрази своето разочарување и загриженост поради фактот што одлуките се донесени на неспогодбен начин. Рамката на правилата дефинирани од ФИА, кои ќе бидат применливи во 2010, го носи со себе ризикот да се изгуби суштината на Формула 1 и принципите кои го прават спортот еден од најпопуларните и најпривлечните спортови. Со дадената рамка и начинот на кој овие модификации се воведени, сметаме дека е неопходно добро да се проучи новата ситуација и да се реши сè, особено во овие тешки времиња, да се одржи стабилна рамка за новите правила без постојани пресврти, што можат да бидат збунувачки за производителите, тимовите, јавноста и спонзорите.
МАЛАЈА НЕ Е ПРОТИВ НОВИТЕ ПРАВИЛА
Во моментите кога ФОТА е остра против донесувањето на новото правило, според кое на возачот со најголем број победи би се доделила титулата, Виџеј Малија ја подржа идеата за имплементација на истото. Тимскиот шеф на Форс Индија смета дека единствена пречка за остварување на ова била задоцнетата реакција од страна на ФИА.
- Потегот да се даде на титулата на возачот со највеќе победи е одличен, бидејќи ќе ги мотивира возачите да се борат за повеќе победи, но сепак, мора да се има процедура за да се спроведе правилото. Се согласувам со ФИА во тоа што сака да донесе повеќе возбуда, но тајмингот на промената на правилото ги попречува подготовките за сезоната - вели Индиецот за весникот Ејшн Ејџ.
Малија е еден од ретките подржувачи на идејата на ФИА, откако здужението на Ф1 тимовите ФОТА остро реагираше, по што воведувањето на правилото беше поместено за 2010 година. Претходно, Макс Мозли изјави дека во разговор со Берни Еклстоун, заклучил дека сите тимови се задоволни со промената и додаде дека кога се донесувала одлуката, бил воден од мислата дека сите тимови ќе го прифатат новото правило. Ова категорично го демантираше Италијанецот и шеф на Рено, Флавио Бриаторе, кој вели дека ова е уште еден доказ дека обединетите тимови можат да се борат против сè.
- Не е вистина дека тимовите биле информирани и со Еклстоун зборувавме за медали, но никогаш за критериумот кој беше одобрен од Светскиот совет за моторспорт - реагира Бриаторе.
Во меѓувреме, промотерот на Формула 1, Берни Еклстоун е разочаран од фактот што правилото нема да биде применето во 2009 и потврди дека догодина сигурно ќе биде спроведено.