Пролистав низ последниве страни и не најдов дека е постирана информацијата за Фетел, т.е. дека добил казна со старт за 10 места подоле од освоената позиција на наредните квалификации за трката во Малезија . Причина е судирот со Кубица, за кој според стјуардите на патеката бил крив Фетел . И неговиот тим е казнет парично, бидејки дозволиле оштетениот болид да остане на патеката извесен период .
повеќе
И истата информација на македонски:
BMW обвинува: “Да не беше Vettel, Kubica ќе победеше!”
http://koli.com.mk/novosti/motosport.html
Германскиот тим гневен на потегот на Sebastian Vettel, кој според стјуардите го предизвика судирот со Robert Kubica на три кругови пред крајот, изјави дека победата сигурно немала да им избега.
После последното влегување во боксот, Полјакот се префрли на тврдата компонента на гуми, кои му овозможија многу побрзо време во однос на двајцата возачи пред него, Vettel и победникот, Jenson Button.
Обвинувањата кон талентираниот Vettel директно ги упати шефот на BMW, Mario Theissen, но ниту Kubica не остана покус: “Какво разочарување! Имав шанса да победам бидејќи Vettel и Button беа на меки гуми и беа многу побавни, додека јас бев на потврдите и можев да возам многу побрзо.” – изјави очигледно разочараниот Полјак, кој објаснувајќи како дошло до судирот, дополни: “Мислам дека Sebastian беше преголем оптимист. Да беше ова последниот круг, ОК, но имаше уште три кругови да се поминат и тој немаше никаква шанса да ја одбрани позицијата бидејќи јас бев многу побрз. И двајцата имавме одличен викенд, но на крај завршуваме со ништо. Тоа е вистинска срамота!”
Сепак се чини дека BMW заборава во кое првенство се натпреварува. Во F1 отсекогаш имало и ќе има судири, тука нема лутење, макар и другиот возач згрешил. Ваквите изјави на BMW предизвикаа младиот Vettel да каже дека направил “идиотска” грешка и неколку пати уплашено да се извини на германскиот тим и покрај тоа што згреши ненамерно и е казнет за грешката со 10 места за наредните квалификации во Малезија! Некогаш треба да држи устата затворена, нели?
- Според мене Фетел не беше воопшто крив. По излегувањето од свиокот Кубица беше тој кој со носот му се упика на Фетел и го удри. (бар јас така видов)
И уште една информација. На Трули му е одземено 3то место, што значи дека сега Хамилтон е оној кој има 6 бода, а МекЛарен се наоѓа на 2то место на табелата на конструктори.
Трули остана без подиумот
Јарно Трули и Себастијан Фетел се казнети од страна на стјуардите на трката за Големата награда на Австралија. Додека возачот на Ред Бул е казнет со 50.000 долари и десет позиции подолу на старот во Малезија бидејќи не го паркирал оштетениот болид по судирот со Кубица, кошмарниот викенд на Тојота продолжи со одземањето на третата позиција што ја освои Трули.
По доаѓањето во Мелбурн, Тојота беше една од екипите за чиј болид беше вложен протест поради употреба на двоен дифузер. Иако стјуардите им дозволија настап, по квалификациите во саботата, двајцата возачи беа преместени од шестото и осмото место на последните две позиции, бидејќи задниот спојлер бил пофлексибилен од предвидените лимити на ФИА. Трули стартуваше од 20 место и стигна до третата позиција, но стјуардите му изрекоа казна со додавање на 25 секунди на конечното време. Бидејќи сите болиди беа во колона поради аплицираниот сејфти кар, тој сега е последен. Казната е доделена бидејќи Трули накусо излетал од патеката додека возеле зад безбедносното возило, по што Хамилтон се нашол пред него. Кога Трули се вратил во трката, го престигнал Хамилтон за да си ја врати третата позиција, што е забрането.