Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.733
Поени од реакции
43.986
Пролистав низ последниве страни и не најдов дека е постирана информацијата за Фетел, т.е. дека добил казна со старт за 10 места подоле од освоената позиција на наредните квалификации за трката во Малезија . Причина е судирот со Кубица, за кој според стјуардите на патеката бил крив Фетел . И неговиот тим е казнет парично, бидејки дозволиле оштетениот болид да остане на патеката извесен период .

повеќе
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116

И истата информација на македонски:

BMW обвинува: “Да не беше Vettel, Kubica ќе победеше!”

http://koli.com.mk/novosti/motosport.html

Германскиот тим гневен на потегот на Sebastian Vettel, кој според стјуардите го предизвика судирот со Robert Kubica на три кругови пред крајот, изјави дека победата сигурно немала да им избега.
После последното влегување во боксот, Полјакот се префрли на тврдата компонента на гуми, кои му овозможија многу побрзо време во однос на двајцата возачи пред него, Vettel и победникот, Jenson Button.
Обвинувањата кон талентираниот Vettel директно ги упати шефот на BMW, Mario Theissen, но ниту Kubica не остана покус: “Какво разочарување! Имав шанса да победам бидејќи Vettel и Button беа на меки гуми и беа многу побавни, додека јас бев на потврдите и можев да возам многу побрзо.” – изјави очигледно разочараниот Полјак, кој објаснувајќи како дошло до судирот, дополни: “Мислам дека Sebastian беше преголем оптимист. Да беше ова последниот круг, ОК, но имаше уште три кругови да се поминат и тој немаше никаква шанса да ја одбрани позицијата бидејќи јас бев многу побрз. И двајцата имавме одличен викенд, но на крај завршуваме со ништо. Тоа е вистинска срамота!”
Сепак се чини дека BMW заборава во кое првенство се натпреварува. Во F1 отсекогаш имало и ќе има судири, тука нема лутење, макар и другиот возач згрешил. Ваквите изјави на BMW предизвикаа младиот Vettel да каже дека направил “идиотска” грешка и неколку пати уплашено да се извини на германскиот тим и покрај тоа што згреши ненамерно и е казнет за грешката со 10 места за наредните квалификации во Малезија! Некогаш треба да држи устата затворена, нели?

- Според мене Фетел не беше воопшто крив. По излегувањето од свиокот Кубица беше тој кој со носот му се упика на Фетел и го удри. (бар јас така видов)

И уште една информација. На Трули му е одземено 3то место, што значи дека сега Хамилтон е оној кој има 6 бода, а МекЛарен се наоѓа на 2то место на табелата на конструктори.

Трули остана без подиумот

Јарно Трули и Себастијан Фетел се казнети од страна на стјуардите на трката за Големата награда на Австралија. Додека возачот на Ред Бул е казнет со 50.000 долари и десет позиции подолу на старот во Малезија бидејќи не го паркирал оштетениот болид по судирот со Кубица, кошмарниот викенд на Тојота продолжи со одземањето на третата позиција што ја освои Трули.

По доаѓањето во Мелбурн, Тојота беше една од екипите за чиј болид беше вложен протест поради употреба на двоен дифузер. Иако стјуардите им дозволија настап, по квалификациите во саботата, двајцата возачи беа преместени од шестото и осмото место на последните две позиции, бидејќи задниот спојлер бил пофлексибилен од предвидените лимити на ФИА. Трули стартуваше од 20 место и стигна до третата позиција, но стјуардите му изрекоа казна со додавање на 25 секунди на конечното време. Бидејќи сите болиди беа во колона поради аплицираниот сејфти кар, тој сега е последен. Казната е доделена бидејќи Трули накусо излетал од патеката додека возеле зад безбедносното возило, по што Хамилтон се нашол пред него. Кога Трули се вратил во трката, го престигнал Хамилтон за да си ја врати третата позиција, што е забрането.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.733
Поени од реакции
43.986
- Според мене Фетел не беше воопшто крив. По излегувањето од свиокот Кубица беше тој кој со носот му се упика на Фетел и го удри. (бар јас така видов)
Според вас овде можеби не, али или сте го пропуштиле или сте го заборавиле моментот кога Фетел при комуникацијата со својот тим неколку пати повтори I am sorry, I am sorry . . .

Доволно за да увидиме кој погрешил, иако јас стојам на тоа дека Кубица избрза со претекнувањето и постапи доста неискусно т.е. не го одбра вистинскиот тајминг за истото, едноставно изгоре во желбата да победи со оглед на фактот дека беше далеку побрз и од Фетел и од Батон .
 
[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Мн строги казни, а и претуруаа сеа БМВ дека ако не бил Фетел Кубица ќе победел... абе немој не ме радуј . Бш ми е жал за него супер возач е и сеа да стартуе 10 места поназад... ќе биде доста фустриран и не ќе треба време да се врати .
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.559
Поени од реакции
6.247
фетел е млад возач и било што кажано против него би го разочарало :toe:
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Жал ми е за Кубица но и за Фетел.А најмногу за Трули,пак на Британскиот ВАМПИР му дадоа 3-то место сосема незаслужено според мене.Мојот фан клуб ФЕРАРИ ме разочара со испаѓањето и на Маса и на Раиконен.Се случувале и другпат вакви работи.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.559
Поени од реакции
6.247
инаку втора победа на батон во кариерата.едната е во унгарија во 2005 мислам.беше многу интересна трка.алонсо беше прв со водство од неколку секунди но батон нагази во последните неколку круга :vozbud:
 
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Конкурентни се овие Браун Мерцедес.

Ќе видиме како ќе биде на наредната трка, но мислам дека еден од Баричело и Батон ќе биде меѓу првите 5. :toe:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.590
Поени од реакции
6.952
Пролистав низ последниве страни и не најдов дека е постирана информацијата за Фетел, т.е. дека добил казна со старт за 10 места подоле од освоената позиција на наредните квалификации за трката во Малезија . Причина е судирот со Кубица, за кој според стјуардите на патеката бил крив Фетел . И неговиот тим е казнет парично, бидејки дозволиле оштетениот болид да остане на патеката извесен период .

повеќе
Оправдана одлука. Јасно е дека Фетел беше крив за ситуацијава, но по мене и Кубица не беше најчист. Јас да бев ќе ги казнев и двајцата, пошто професионалци како нив да реагираат толку аматерски, неискусно и почетнички на една ГП трка е недозволиво.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
[zEUs];2387394 напиша:
Мн строги казни, а и претуруаа сеа БМВ дека ако не бил Фетел Кубица ќе победел... абе немој не ме радуј . Бш ми е жал за него супер возач е и сеа да стартуе 10 места поназад... ќе биде доста фустриран и не ќе треба време да се врати .
Ако беше бабами машка, дедо ке беше педер.

Каде му беа очите? И двата знаеа дека Фетел е многу побавен од Кубица. На првото право делче слободно можеше да го престигни. Јас би му опнал казна на Кубица не на Фетел, дечкото си ја бранеше позицијата. Што треба да прави? Да се тргни од патеката бидејки Кубица не го береше? Казната за Фетел е безвеза, во најлош случај кривицата е 50%- 50%. Хамилтон и Трули стигнаа до 3-то, 4-то место престигнаа (хамилтон 14, Трули 16) па не направија ни една грешка од типот на Кубица. Кубица е далеку од квалитетите кои што треба да ги поседува еден иден шампион. Земете го пример Розберг, беше втор-трет, па со последните гуми пред да се излупаат глупациве испадна од листата на бодови. Што требаше да прави? Да се судри со тие што го престигнуваат? Си остана со ладна глава, па успеа да освои бодови.
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Според вас овде можеби не, али или сте го пропуштиле или сте го заборавиле моментот кога Фетел при комуникацијата со својот тим неколку пати повтори I am sorry, I am sorry . . .

Доволно за да увидиме кој погрешил, иако јас стојам на тоа дека Кубица избрза со претекнувањето и постапи доста неискусно т.е. не го одбра вистинскиот тајминг за истото, едноставно изгоре во желбата да победи со оглед на фактот дека беше далеку побрз и од Фетел и од Батон .
многу лоша констатација ти е ова. демек оти он се извини на неговите техничари и он е крив. јас сум сигурен дека се извинуваше најмногу поради тоа што имаше 2 место пред, а ќе имаше 3 после поминувањето од кубица, односно, за екипа како ред бул одличен успех. екипа што не освојува многу бодови, да освои 8, па макар и 6 на една трка е голем успех.

за тоа кој е крив, сметам дека искуството си го направи своето. и кубица не е којзнае колку искусен, ама тој ја имаше предноста и си гледаше напред. а ветел, е млад и сеуште неискусен, го имаше второто место и сакаше да го задржи, без да размисли дека сепак и третото место е убаво за него...па со оглед на тоа, сметам дека е крив фетел, и дека е заслужена казната, но и дека токму ова ќе го направи подобар и позрел возач, па во иднина ќе знае како да изреагира при слични ситуации...ако некој е супериорен, нема што да се занесуваш, пушти го нека тера и гледај да освоиш што повеќе...

се надевам дека како прво ферари ќе се врати во малезија, но и дека фетел ќе биде во конкуренција за титулата.:vozbud:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.733
Поени од реакции
43.986
многу лоша констатација ти е ова. демек оти он се извини на неговите техничари и он е крив. јас сум сигурен дека се извинуваше најмногу поради тоа што имаше 2 место пред, а ќе имаше 3 после поминувањето од кубица, односно, за екипа како ред бул одличен успех. екипа што не освојува многу бодови, да освои 8, па макар и 6 на една трка е голем успех.
Зашто е тогаш казнет од официјални лица кои повеќе се разбираат и од мене и од тебе, сигурно не за да му наштетат или зашто биле антиФетел или антиРедБул настроени . Ако веќе не бил крив, зашто би се извинувал на својот тим, а тоа го повтори неколку пати . . . жал ми падна за детето најискрено, сакав да го видам на подиумот .
Во ситуација во која беше инфериорен и во која немаше никаква шанса да заврши втор требаше да изреагира попрофесионално, а вака во веќе очигледна изгубена ситуација ( битка за второ место ), прави аматерска грешка која резултира со неосвојување на бодови . . . . е затоа и беше извинувањето, едноставно згрешив, простете . :wink:

Констатацијата воопшто не е лоша, објективна е, потврда за истата пак повторувам, дава самата казна за Фетел која укажува на виновникот за тој инцидент .
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Зашто е тогаш казнет од официјални лица кои повеќе се разбираат и од мене и од тебе, сигурно не за да му наштетат или зашто биле антиФетел или антиРедБул настроени . Ако веќе не бил крив, зашто би се извинувал на својот тим, а тоа го повтори неколку пати . . . жал ми падна за детето најискрено, сакав да го видам на подиумот .
Оти го слупа болидот на 2 круга пред крај и го уништи одличниот викенд за Ред Бул? Или тоа е ништо? Ако се сеќаваш и Хамилтон имаше нешто слично, кога го закачи Мекларенот во ѕидовите на Монте карло, но помина само со дупната гума и предвремен бокс (на крај победи и се извинуваше за грешката оти е НЕГОВА не на тимот или возилото).

Во ситуација во која беше инфериорен и во која немаше никаква шанса да заврши втор требаше да изреагира попрофесионално, а вака во веќе очигледна изгубена ситуација ( битка за второ место ), прави аматерска грешка која резултира со неосвојување на бодови . . . . е затоа и беше извинувањето, едноставно згрешив, простете . :wink:

Констатацијата воопшто не е лоша, објективна е, потврда за истата пак повторувам, дава самата казна за Фетел која укажува на виновникот за тој инцидент .
Како ја гледаш грешката на Фетел? Кубица беше оној ки требаше со мирна глава да размислува, го поминуваше на првиот прав дел, ако не се изглупираше. Требаше и двата да ги казнат, не само Фетел.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.733
Поени од реакции
43.986
Како ја гледаш грешката на Фетел? Кубица беше оној ки требаше со мирна глава да размислува, го поминуваше на првиот прав дел, ако не се изглупираше. Требаше и двата да ги казнат, не само Фетел.
Eве бе другар, самиот го даде одговорот на прашањето, за тоа каде јас ја гледам грешката на Фетел .
Оти го слупа болидот на 2 круга пред крај и го уништи одличниот викенд за Ред Бул? Или тоа е ништо?
Во една ситуација која сите знаевме дека веќе е загубена, а тоа е дека Фетел нема теорија да заврши пред Кубица на оваа трка, детето сепак прави смешен обид за зачувување на својата позиција која и онака ке ја загуби, а наместо истото, можеше да направи Се за да избегне каков било контаткт со болидот на Кубица. Вака даде Се од себе да одбрани нешто што до крајот на трката и онака ке го загубеше поради неговата очигледна голема инфериорност .

За казната исто така се изјаснив, има лица кои се поупатени од нас, а истите велат, Фетел е крив . :toe:

И за Кубица се изјаснив во моите претходни постови, он испадна далеку понаивен од Фетел но го разбирам, со тоа неискуство изгоре во желбата да победи . . . сигурно и тимските наредби биле што поскоро да го помине Фетел и да атакува и на првото место иако реков, не го избра соодветниот тајминг но си стојам на тоа дека Фетел кога веќе беше поминат од надворешната страна, требаше да избегнува контакт, а не да брани веќе однапред изгубена позиција . :wink:

p.s. Затоа беше извинувањето, сигурен сум дека доколку повторно би се нашол во една ваква ситуација, ке ја одбереше опцијата за која јас говорам, да избегнува контакт и со тоа да освои бодови а во вчерашната трка тоа ке значеше и подиум .
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Воопшто не ми се допаѓа оваа година како започна Ф1 трката.добро е Ферари и Мкларен да имаат конкуренција,но она што го направија со болидот на Хонда не испадна фер.Но моќта на големите тимови ќе го надмине тоа,а пред се големите пилоти.Ќе видите дека од наредните трки се ќе оди по старо.Да ве потсетам дека Батон само еднаш влезе во боксот,негобиот болид е совршен.:nenene:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom