Формула 1 Сезона 2011

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Победа за Фетел, недопирлив уште од стартот, очекувано. Инаку за трката не толку интересна, Батон го помина Вебер уште во првиот круг и го задржа второто место до крајот на трката. Трет Алонсо а Хамилтон очајно денеска, 7-мо место. Одлична трка и за Шумахер, стартуваше 11-ти, по првите две кривини 8-ми, на крајот 5-ти. А ни оваа трка не изостана од инциденти меѓу Хамилтон и Маса. По разгледувањето на инцидентот Маса беше казнет со минување низ боксот. Мое мислење требаше Хамилтон да биде казнет, а во краен случај двајцата. Дури и Еди Џордан и Култхард кои се коментатори за ВВС го кажаа ова, и по одлуката беа изненадени. Маса недостапен за коментар.
Еве го инцидентот (послаб квалитет, стрим е јебига), подоцна беше снимката од кокпитот не успеав да ја фатам.

И MR.Bean ја проследи трката во живо, не знаев дека и спорт го интересирало, го има и во видеото и неговата реакција:pos:


Е тоа да видиш и трки возел MR.Been :D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.049
После сударот на Хамилтон и Маса,Мр Бин какви фацки правеше :pos:
По некоја логика Бин е англичанец,Хамилтон и Батон исто и тимот во кој возат,па зашто да не оди да ги бодри својте :D
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Победа за Фетел, недопирлив уште од стартот, очекувано. Инаку за трката не толку интересна, Батон го помина Вебер уште во првиот круг и го задржа второто место до крајот на трката. Трет Алонсо а Хамилтон очајно денеска, 7-мо место. Одлична трка и за Шумахер, стартуваше 11-ти, по првите две кривини 8-ми, на крајот 5-ти. А ни оваа трка не изостана од инциденти меѓу Хамилтон и Маса. По разгледувањето на инцидентот Маса беше казнет со минување низ боксот. Мое мислење требаше Хамилтон да биде казнет, а во краен случај двајцата. Дури и Еди Џордан и Култхард кои се коментатори за ВВС го кажаа ова, и по одлуката беа изненадени. Маса недостапен за коментар.
Еве го инцидентот (послаб квалитет, стрим е јебига), подоцна беше снимката од кокпитот не успеав да ја фатам.

И MR.Bean ја проследи трката во живо, не знаев дека и спорт го интересирало, го има и во видеото и неговата реакција:pos:


е ај и уште овој пат да го казнеа хамилтон и ќе се обесеше после трката (и ницоле мачката му раскина поради преголемата далечина и оти не можела без клецање толку долго и му кажа збогум засекогаш)

и можеше пак да изјави - ме казнија оти сум црн (па на мајка ти шо не побелиш тогаш како мајкл џексон)
и на ФИА Мафиа им е смачено да го казнуваат на секоја трка па малку да сменат и да го казнат пи4ето

еден просечен возач како копчето второ да фати а овај најбрзиот возач најдобриот најтемниот и се нај нај 7 ми

изгледа има некои психички проблеми.....

честитки до Петел
малиот е опасен (и има опасен болид)

има 21 победа и 28 пп
и 2 титули

алонсо
27 победи и 20 пп
и 2 титули

темниот витез
16 победи и 19 пп
16 упс 1 титула

Фетел го гледам во Ферари (како и други членови од странски форуми шо го гледаат) негде 2015-2016 ако не и порано (ако не не снајди 2012 та) :) а Серхио Перез (и Карлос Слим и неговите ептен големи спонзори) го гледам во Ферари во 2013 на местото на пичето бразилско а сантандер и ова шпанското лајно кој за разлика од батон не му честита на Њуи денес или јас не видов нема шо да се бунат ако дојди Фетел во Ферари и претходно перез со јаки спонзори
аман нека освој една титула алонсо и нека си замини

п.с не сум јас нострадамус ама мислам дека вака ќе биди
п.п.с ај да се насмејме малку - алонсо на последната трка за Ферари на сред трка ќе го фати пролив и ќе речи ај гив ап,одам да какам во тоалетот на коле :pos:

ппппппп.с коментаторот на смрт тв мислам рече за мр бин дека жена му била индијка (сонлив бев уште тогаш па не сум 100 % сигурен туку сум 49 %
и ме изнасмеа со таа негова британско ретардирана мр бин фаца :pos:
легенда е
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Вилијамс ќе го објави Кими во Абу Даби


Откако минатата седмица беше лиферувана веста дека Френк Вилијамс отпатувал во Катар по спознори за својата екипа која што кокетира со ангажман на Кими Раиконен, различни медиуми од светот очекуваат официјална потврда за тоа за време на Големата награда на Абу Даби.
Резултатот од посетата на Френк за прв пат беше обелоденет во средата, кога тимот Вилијамс најави дека постигнал меморандум за разбирање со компанијата Мовасалат, која сака да ја користи технологијата на нивниот симулатор. Меѓутоа, финската телевизија МТВ3 очекува главната вест да биде спонзорството од една силна банка од оваа арапска држава, што би овозможило солиден буџет за враќањето на Кими Раиконен.
- Објавата треба да се случи претстојниот викенд во Абу Даби,- тврди финската телевизија, според чии извори договорот со Кими веќе е потпишан, но ова ќе биде своевидна потврда.
Слични ставови споделуваат и други медиуми, повикувајќи се на инсајдерски извори од Вилијамс, при што швајцарскиот Моторспорт актуел тврди дека Раиконен доаѓа на местото на Баричело, додека Пастор Малдонадо е сигурен поради спонзорството од венецуелската нафтена компанија.

http://www.f1almanah.mk/formula1/aktuelno/10598-williams-ke-go-objavi-kimi-vo-abu-dhabi

има надеж за вилијамс,нов и помлад возач ем шампион ем нови инженери техничари (мајк кофлајн шпионот) нови спонзори,нов мотор Рено.....

и во 2012 ќе има 6 шампиони со вкупно 14 титули од кои Шуми само има 7 :vozbud:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
Абе бомби, кај сте Ве нема !? :)))) Победа на Луис, кога го немаше главниот конкурент, колку толку, да се врати во победнички ритам, на крајот од сезоната. То би било то, уште Интерлагос и се збогуваме...
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
честитки за Хамилтон
се испоти за победата :)

Алонсо ѕвер
сега сакам Маса да победи на интерлагос и тој да се врати во ритам за во 2012 ама тешко....

Повеќе сетови на гуми во 2012-та?

Почнува притисокот врз Ред Бул


слика вредна 1 милион евра/долари/фунти.....
оуууу јеаааа

Слично како што предвиде тимскиот шеф Кристијан Хорнер, големите екипи откако две сезони по ред се поразени од приватен тим како Ред Бул, започнаа со многу посилна кампања во која ќе се обидат да им ја расипат хомогеноста што ја постигнаа во конструкцијата на болидот.
Еден од инструментите е секако промената на правилата во чии што рамки другите не се снајдоа толку добро како техничкиот директор на „биковите“, ингениозниот Адријан Њуи. Забраната на двојните дифузери, а сега и на издувните дифузери, оди во прилог на останатите екипи кои не го повторија трикот што Њуи го направи алоцирајќи го издувниот систем. Дополнително, за 2012 година е најавена и забрана на исфрлањето гасови од моторот при непритиснат педал од страна на возачот, нешто што му помогна на Фетел да биде толку доминантен во квалификациите, затоа што на тој начин во третата сесија од квалификациите имаше дополнителни аеродинамички придобивки. Покрај сето ова, тимот на австрискиот производител на енергетски пијалоци беше посочуван како еден од можните прекршители на спогодбата за рестрикција на ресурсите, а сега се посочува и како еден од оние кои го загрозуваат единството во асоцијатцијата на екипите учеснички во Формула 1, ФОТА. Советникот на компанијата Ред Бул, Д-р Хелмут Марко, јавно одрече дека тие ќе потпишат нов договор за рестрикција на ресурсите.
- Тој договор е преполн со дупки, секој може да ги заобиколи правилата. Ние нема да го потпишеме тоа,- изјави Марко во Абу Даби. - Без издувот ќе мора да измислиме нешто ново. А ние сме тие што го имаат Адријан Њуи. Очекувам дека новиот болид ќе биде готов до првиот тест во Херез (во средината на февруари – з.а.). Во моментов се оди според планот,- најави првиот човек за моторспорт на Ред Бул.
Неколку седмици претходно, кога го бранеше тимот дека не го пречекорил буџетот, како и дека немал никакви придобивки од повеќето работни часови во воздушниот тунел, Д-р Хелмут Марко посочи дека тие наводно на располагање имале опрема која што е од постар тип, па им било потребно повеќе време во смисла на загревање на машините и обработка на податоците кои се генерираат од модел што работи со целосна големина на прототиповите, за разлика од современите воздушни тунели кои оперираат со модели од 50-60% и се многу побрзи.
Според германскиот Ауто, мотор унд шпорт, тимските шефови требало да одржат седница на ФОТА за време на трката во Абу Даби, но на барање на ред Бул таа била поместена за следната трка во Бразил. Се шпекулира дека Ред Бул доставил нов предлог, кој морал да биде разгледан, па во игра на нерви жешката седница е поместена за две седмици. Според едно интервју дадено на Марк Вебер, можно е екипата да побара издувните дифузери да останат во игра за 2012 година, бидејќи е премногу доцна за такви масивни промени да се носат на крајот од сезоната, кога проектирањето на новите болиди започнува уште напролет. Ова прашање може да ја разедини и ФОТА, па дури се предвидува дека е можно Еклстоун да му понуди на Ферари нова сума од 100 милиони долари за да биде дел од Формула 1, надвор од приходите кои им се гарантираат на другите со Конкорд договорот, само да се скрши единството кое досега ФОТА го имаше постигнато.
Седницата на ФИА на која што ќе се носат измени во правилата за 2012 година е закажана за 7 декември, а се очекува дека е можно да има големи политички притисоци за одредени предлози бидејќи треба да се преговара за нов Конкорд договор од 2013 година. Лука ди Монтеѕемоло најави дека Ферари повторно ќе се залага за воведување трет болид, наспроти желбите на другите екипи секој да биде конструктор за самиот себе. На хартија има и предлози околу однесувањето на возачите на патеката, па се очекува и официјално вбројување на досегашниот возачки кодекс за „еднократно менување на линијата на движење при бранење на позицијата“, кој не беше официјално вклучен во спортските правила, но со воведувањето на ДРС, тоа се смета за нужност поради зголемениот број престигнувања.

http://www.f1almanah.mk/formula1/aktuelno/10614-pocnuva-pritisokot-vrz-red-bull
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Кубица го „матка“ Рено за Ферари?


Одговарајќи на новинарски прашања во Абу Даби, тимскиот шеф на Лотус Рено, Ерик Булие изјави дека Роберт Кубица ја избегнува комуникацијата со нив, а поради фактот што неговиот договор истекува на крајот од сезоната, се зголемуваат шпекулациите дека тој можеби е во преговори со друг тим.
Британскиот Аутоспорт пренесе дека во неделата по трката во Абу Даби предводникот на Рено го искажал своето незадоволство од комуникацијата со Кубица, отфрлајќи дека тоа е по нивна вина или поради грешка во комуникацискиот план. Тој во неколку наврати годинава повтори дека го очекува полскиот автомобилист да се врати зад воланот на Рено, а сега ја остави отворена опцијата и тој да се врати на трките во средина на сезоната доколку не е подготвен на почетокот.
- Последното што го имам добиено е дека тој не може да потврди ниту еден краен рок во моментов, па мора да дискутираме за заеднички комуникациски план. Очигледно е дека ние го сакаме назад. Доколку тоа биде во текот на сезоната, зошто да не? Сепак, има некои услови кои мораме да ги разговараме, особено со неговиот менаџер доколку се случи тој да дознае дека не може да се врати или доколку не е во состојба. Тие сценарија мора прописно да се искомуницираат,- рекол Булие за англиските новинари, објаснувајќи ја својата позиција откако истече претходно поставениот рок поставен за октомври, па поместен за рано во ноември.
Французинот смета дека Лотус Рено бил максимално фер и морално посветен, „па и повеќе од тоа“, но сепак директната комуникација со Полјакот изостанува. Тој се сомнева дека во прашање е загубеното време во октомври, кога Кубица помина на уште една корективна операција, а сега напорно работи за да го надомести загубениот период. Сепак, тој е свесен дека договорот истекува на крајот од оваа година, но се шпекулира дека иако екипата има опција да го продолжи за уште една година, во вакви услови тоа е речиси невозможно да се направи „на слепо“. Од друга страна, доколку Лотус Рено не му го продолжи договорот, Кубица ќе биде слободен да го избере својот нов тим самостојно без да има обврска кон кого било.
- Доколку тој не сака да зборува со никој, што можам јас да речам? - обелодени Булие во Абу Даби. - Мислам дека не е подготвен сега, тоа е бидејќи изгуби еден месец и сега работи напорно за да надомести. Но, октомври беше клучен за да бидеме сигурни дека тој же се обврзе за следната година и за првата трка,- дополни тимскиот шеф. - Иако ова е бизнис, ние бевме морално посветени кон него, па дури и повеќе од тоа, па ако го прави ова, значи прави што сака. Договорот истекува на крајот од годината, па тој може да прави што сака. Бевме доволно фер, бевме морално посветени, па ако сака да вози за друга екипа, во ред. Нека прави што сака. Не верувам дека има друго место подобро од нашето денеска, и тоа без да плати.
По овие зборови започнаа шпекулациите дека Кубица е во преговори со Ферари за да го замени Фелипе Маса, кому се чини дека 2012 година му е последна во кариерата, а фактот дека најверојатно нема да биде подготвен од почетокот на сезоната му оди во прилог на Ферари, кој би можел да го внесе Кубица во игра подоцна во сезоната. Претходно се шпекулираше дека Розберг е заинтересиран за второто седиште покрај Алонсо, но откако тој го обнови договорот со Мерцедес, медиумите ги посочуваат блиските пријатели на Алонсо како можна замена за Фелипе, а покрај Кубица на таа листа е уште и Марк Вебер кој во 2012 година ќе ја вози последната сезона за Ред Бул

http://www.f1almanah.mk/formula1/aktuelno/10623-kubica-go-matka-reno-za-ferrari
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Були Були му прости на Петров :)

прадедото не се дава

Auto Motor und Sport objasnio eksesivne vibracije Ferrarijevog prednjeg krila

Auto Motor und Sport iz Red Bull Racinga je dobio odgovor koji se odnosi na vibracije novog prednjeg krila na Ferrarijevom bolidu. Problem je u preniskom pritisku prednjih guma...


> Massino prednje krilo opet vibriralo, Ferrari priznao da ne zna u čemu je problem
Njemački magazin Auto Motor und Sport objasnio je uzroke eksesivnih vibracija na Ferrarijevom novom prednjem krilu.
Problemi su se u Indiji i Abu Dhabiju pojavljivali na bolidu Felipea Masse, a Auto Motor und Sport piše da je sličan fenomen primjećen i na bolidima Red Bull Racinga, od kojeg je Ferrari preuzeo ideju.
Problem je u kombinaciji niskog pritiska prednjih guma i promjeni aerodinamičkog opterećenja zbog DRS-a
Objašnjenje koje Auto Motor und Sport nudi prilično je jednostavno i, kako pišu, dolazi iz Red Bull Racinga.
Vibracije se, naime, pojavljuju na kraju pravaca na kojima je DRS aktiviran, što znači da je povećano aerodinamičko opterećenje prednjeg kraja bolida.
U slučaju da je pritisak u prednjim gumama prenizak, bolid počinje poskakivati, a rubni dijelovi krila, koji su nešto teži, vibrirati.

http://www.f1racing.com.hr/formula-1/auto-motor-und-sport-objasnio-eksesivne-vibracije-ferrarijevog-prednjeg-krila
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Каква-таква, сезоната си заврши.

Ајде гитла сите на одмор 4 месеци, со една единствена желба за догодина. Помала доминација, уствари дај Боже никаква од РБ и враќање на доброто старо ривалство МекЛарен-Ферари за шампионските титули. I miss '08 .. :(
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Сезоната заврши. Честито титула на Фетел. Кој ќе чека до март/април догодина. Ќе ми недостасува. :(
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Сезоната заврши. Честито титула на Фетел. Кој ќе чека до март/април догодина. Ќе ми недостасува. :(
И мене исто ќе ми недостасува, но не како претходните години каде едвај чекав секоја трка. Доколку наредната сезона е иста како и оваа подобро да не почнува ;)
Каква-таква, сезоната си заврши.

Ајде гитла сите на одмор 4 месеци, со една единствена желба за догодина. Помала доминација, уствари дај Боже никаква од РБ и враќање на доброто старо ривалство МекЛарен-Ферари за шампионските титули. I miss '08 .. :(
2007,2008 :cuc:
2011 :sick:
x100
x100


Едноставно со редбул на врвот не е интересно, се знае кои се во ф1-ферари мекларен.
Истото сега и во премиер лига. Мене 100пати поинтересно ми е Челзи да се натпреварува за титула со Јунајтед/ливерпул/Арсенал одколку со сити
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Е да, не е како порано што беше. Сега малце подосадни се од порано. :( Да се надеваме дека и во иднина нема да биде така.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Сезоната заврши. Честито титула на Фетел. Кој ќе чека до март/април догодина. Ќе ми недостасува. :(
Честитки за РБ и Петело... стварно имаат одличен болид.

Е да, не е како порано што беше. Сега малце подосадни се од порано
Ај кажи шо е поразлично од времињата ко победваше Ферари и Шумахер? Ништо, се сменаа само глумците, театарот е ист. И за разлика од тогаш кога сите скокаа по Шумаер, сега не му чини на сите, пошо РБ беше мал тим, РБ неможи вака да доминира, Ферари не смее да остани без титула 4 години... Па дедо Берни, чичо Тод и компанија ќе ги замрсат сметките повторно како би Ф1 (најверојатно Ферари 1 се мисли со тоа) повторно се врати на старите патеки.

Ајде гитла сите на одмор 4 месеци, со една единствена желба за догодина. Помала доминација, уствари дај Боже никаква од РБ
16-18 март 2012, почнува F1 2012 во Австралија... до тогаш имаат шанса да смислат нешто повеќе во Ферари, Мекларен, Мерцедес ГП, Рено... ќе видиме дали ќе можат да го соборат РБ, мада моето мислење е дека доминацијата на РБ ќе потрае се до промената на моторите од В8 на В6 + додавањето на турбо... е тек тука ќе се истумбаат работите, пошто освен тие промени, Хонда сака да се врати во Ф1 како партнер на Мекларен (легендарната Мекларен Хонда на Сена), Мерцедес си го има бифшото Ферари со Рос Браун и Шумахер...

враќање на доброто старо ривалство МекЛарен-Ферари за шампионските титули. I miss '08 .. :(
Мислам дека како 07 и 08 сезоните, нема да гледаме уште еднаш... незнам зошто, ама тогаш Ферари и Мекларен беа толку многу блиску со болидите... А според мене најверојатно и догодина ќе биди истата прикаска, РБ ќе биди далеку понапред од сите тимови...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom