Фондот одби да плати за лекување на малата Мартина!

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Донирано и тука.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
237
Поени од реакции
9
Проблемот со малата Мартина во Собранието

Елена Ацевска

05.11.2009 18:02
Повик за пратениците да ја поттикнат хуманоста
Проблемот со малата Мартина се пресели во Собранието. Пратеничката на Нова демократија, Флора Кадриу, постави кутија за собирање пари на говорницата.
Побара од власта повеќе грижа за ова тешко болно девојче, а од пратениците со свој пример да ја поттикнат хуманоста.
„Ние се сомневаме дека доколку малата Мартина имаше презиме на некој од пратениците во Собранието на Република Македонија, презиме на премиерот, или пак презиме на претставници од владата, дека толку лесно ќе беше одбиена од страна на првостепената здравствена комисија, или пак од страна на второстепената здравствена комисија“, вели Флора Кадриу од Нова демократија.
Но кутијата не остана долго на говорницата. По неколку минути собраниското обезбедување ја отстрани и ја пренесе во холот на Собранието. Опозицијата му порача на министерот Османи да почне да работи. Тој не им остана должен.


Кутијата за помош беше отстранeta

„Доколку сакаше да влезе во новинарските извештаи, мислам дека требаше да избира некој друг настан, а не да манипулира со чувствата на пациентите. Можеа да се обратат до Министерството за здравство, да се запознаат со сите информации“, рече Османи, министер за здравство.
Пратениците денеска не сакаа да зборуваат во камера колку донираат. Велат биле хумани и донирале пари, а за тоа не сакале да се фалат во јавноста. Фондот за здравство одби да даде пари за лекување на 5-годишно дете во странство. Таа боледува од тежок тип на леукемија.
Потребни се 250 илјади евра за да оди на трансплантација на коскена срцевина во Франкфурт.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Има ли начин да се следи колку е веќе донирано?

Секогаш, кога и да се нудат вакви броеви за донација, би било згодно кога би можело да се направи некој начин за да се види уште колку треба да се додонира, за да се соберат сите потребни сретства.

Донирано инаку од овде.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Треба повеќе да се потрудиме сите за ваквите работи.Многу од бизнисмените неможат да ги следат овие работи.Не верувам дека некој од тие би одбил да даде на жиро сметка некое евро.Само пцуете по нив а не пробувате да ги запознаете со овој проблем!Донирав и ќе пробам да го раширам ова на што повеќе луѓе.Има бизнисмени од типот на Минчо Јорданов кој не верувам дека би одбил вакво нешто.Чим дава спонзорства за патување на игреорци ќе даде и за ова!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мило ангелче... Се надевам дека ќе се пробуди човечноста и дека секој по еднаш ќе донира и ќе ја шири веста на другите за и тие да донираат...
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Треба повеќе да се потрудиме сите за ваквите работи.Многу од бизнисмените неможат да ги следат овие работи.Не верувам дека некој од тие би одбил да даде на жиро сметка некое евро.Само пцуете по нив а не пробувате да ги запознаете со овој проблем!Донирав и ќе пробам да го раширам ова на што повеќе луѓе.Има бизнисмени од типот на Минчо Јорданов кој не верувам дека би одбил вакво нешто.Чим дава спонзорства за патување на игреорци ќе даде и за ова!
Ова е сосема точно, но треба родителите сами да се обратат со писма до фирми/бизнисмени, ако некој ги познава нека ги исконтактира. Нема штета од праќање писма до што повеќе места, напротив.
И, донирајте, 100 денари можеби изгледаат како капка во море, но малку по малку се собира!
Процесот на лечење е вистинско измачување сам по себе, колку за детенцето, толку и за родителите, помогнете колку можете!
 
Член од
30 мај 2007
Мислења
399
Поени од реакции
1
Донирано! Срам ми е во каква држава живеам ццццц :tapp: го одбиваат детево а фрлаат пари за се и сешто
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Донирано! Срам ми е во каква држава живеам ццццц :tapp: го одбиваат детево а фрлаат пари за се и сешто
Епа ке прават мостови во скопје и сл а нема за донации....да ти ебам се по ред у државата
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Kartite za vo vtornik 150 denari, samo sto si kupiv :) Dojdete vo vtornik vo kavadarci :) i onaka sreda neraboten/neuceben den e ( den na drvoto e) pozdrav
 

Fragola

највкусната јагодка..
Член од
25 септември 2009
Мислења
301
Поени од реакции
7
лелее сега прв пат слушам за ова и глеам,жалосно..нема да трошам негативни зборови за државата,џабе е тоа,ќе пробам да помогнам колку можам!одма се јавувам...:se_ molamсе надевам ќе биде се во ред на крај!
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.271
Поени од реакции
6.934
Малата Мартина го доби вториот удар. Нејзиното лекување во странство е одбиено и од второстепената комисија.ОВА Е ОГРОМНА СРАМОТА ЗА ФОНДОТ И ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО.Ве молиме донирајте на тефефонските броеви 075 143 103 за Космофон, 077 143 143 за Вип, 070 143 143 за Т-мобиле.Бидете хумани и помогнете да се спаси еден невин детски живот.Мартина сите сме со тебе!!(копирај го ова на вашите статуси) :(


direktno od facebook mi e kop taka da...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom