Флерт

Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
А за муабетов најубаво најпрекрасно шо го зборуваш, тие ѕвезди со тек на време ќе ти паднат од небото....
Па дур не паднат ѕвездите - да не шврља и флертува на страна тоа ми беше муабетот...А ако сака друга да заведува нека изволи.Сам ќе биде од тој миг,па нека прави што сака со која сака;)
Не сакам флерт во врска со други на страна..Тоа е.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Ај објасни како флертуваш со девојка на работа да завршиш некоја работа?
Поконкретно еве кажи пример.
Па да се види дали е љубезност и култура или е флерт и заведување.;)
на работа сите се трудиме да НЕ флертуваме. така да, ако флертувам тоа го правам несвесно. и не би можел да ти кажам како го правам тоа. исто важи и за било кое друго место каде го правам тоа НЕсвесно. е сега, кога се работи за свесно, тука се користи широк арсенал на оружја, од намигнување, до насмевка, до комплимент за блузата/алката/прстенот/сликата на маса/кравата/манжетни/саат........... и нормално начинот на кој е кажано тоа. иста реченица може да биде кажана на повеќе начини/тонови. ете како се флертува свесно и без да мора да се осеќа некаква грижа на совест. знаеш што сакаш, знаеш како да го добиеш тоа, а воедно си сигурен во себе и знаеш дека нема да го изневериш партнерот и дека тоа ти е само алат за да стигнеш до саканата цел
--- надополнето: 22 декември 2013 во 13:33 ---
Па дур не паднат ѕвездите - да не шврља и флертува на страна тоа ми беше муабетот...А ако сака друга да заведува нека изволи.Сам ќе биде од тој миг,па нека прави што сака со која сака;)
Не сакам флерт во врска со други на страна..Тоа е.
ти мешеш флерт со изневерување. ако вака продолжиш веруј дека сама ќе останеш. особено што не сакаш да го прифатиш фактот дека постои и дека се практикува НЕсвесното флертување. смени се!!! за твое добро ова го зборам.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
кога се работи за свесно, тука се користи широк арсенал на оружја, од намигнување, до насмевка, до комплимент за блузата/алката/прстенот/сликата на маса/кравата/манжетни/саат........... и нормално начинот на кој е кажано тоа. иста реченица може да биде кажана на повеќе начини/тонови. ете како се флертува свесно и без да мора да се осеќа некаква грижа на совест. знаеш што сакаш, знаеш како да го добиеш тоа, а воедно си сигурен во себе и знаеш дека нема да го изневериш партнерот и дека тоа ти е само алат за да стигнеш до саканата цел.
Дали сакаш девојка ти која ја сакаш, истото тоа да го прави на работа за да заврши некоја работа? Да флертува со некој ради цел? Како би ти било?
Би ти било сеедно или би пукнал од љубомора да видиш таква сцена?
Биди реален....Широки размислувања имаме за себе, а бараме сосема други кај партнерот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MIL

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
ми го прочита првиот пост? верувам дека ДА, али изгледа си го промашила местото каде напомнав дека дури и ја потсетувам/поддржувам кога го прави тоа за корист. така да, на твоево прашање уште еднаш ќе одговорам ДА, ја оправдувам, храбрам, и НЕ ми смета. а знаеш зошто? затоа што сум сигурен и во себе и своите квалитети, а исто така сум сигурен и во неа, нејзиниот збор и нејзината љубов. тоа што ти си љубоморна, е сосема друга работа и не и е место на темава. и во тој ист прв пост напомнав дека намерно не ја спомнувам љубомората. не ги мешај тие две работи
--- надополнето: 22 декември 2013 во 13:39 ---
Дали сакаш девојка ти која ја сакаш, истото тоа да го прави на работа за да заврши некоја работа? Да флертува со некој ради цел? Како би ти било?
Би ти било сеедно или би пукнал од љубомора да видиш таква сцена?
Биди реален....Широки размислувања имаме за себе, а бараме сосема други кај партнерот.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
....
--- надополнето: 22 декември 2013 во 13:39 ---
Ок, не си бил заљубен доволно затоа и не ти сметало или не признаваш дека не ти е баш најпријатно да ја видиш девојкати како му пребацува нозе една врз друга во сукња пред некој за да заврши работа!.;)
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Ок, не си бил заљубен доволно затоа и не ти сметало или не признаваш дека не ти е баш најпријатно да ја видиш девојкати како му пребацува нозе една врз друга во сукња пред некој за да заврши работа!.;)
само прекрстувањето сукња е начин да се флертува? јас мислам дека во 99% случаи е доволно женско само да затрепка и машкото е готово. за да дојде до нозете треба да го помине прво трепкањето. ако тоа не пали, џабе се и нозете. но ако од другата страна погрешно ги прочите тие знаци (што и обично се случува, без разлика на половите) тогаш веќе се доаѓа до додворување.
е сега околу твојата анализа за мене (ќе ти ја опростам овој пат) која е само обид да ме дискредитираш на многу низок начин. нити можеш да знаеш дали сум били или сум вљубен за да даваш таков заклучок. а за непријатно, ако пак ти потенцирам, НЕ ми е непријатно ...... сигурен сум во неа и нејзината љубов!!!
--- надополнето: 22 декември 2013 во 13:49 ---
за денес доволно е, утре пак (y)
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
@kooperativa
На ваквите и еден поглед на страна му значи изневерување, недај боже некој непознат да ти се насмевме, абе си го изневерил 100%.
Остави ги нека кршат бетон со глава.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.294
Што на пример ако флертуваш се додека не ја добиеш личноста со која флертуваш и после губиш буквално секаков интерес за неа? И упорно ти се случува истото секој пат?
Под која дефиниција спаѓа ова?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
само прекрстувањето сукња е начин да се флертува? јас мислам дека во 99% случаи е доволно женско само да затрепка и машкото е готово.

Aко помине покрај мене на поблиску од метар то е знак дека ме посакува, ако ми се развика и удри шамар кога ќе ја шљапнам за газ - значи копнее да ме има во себе, ако ми прати полиција поради то што ја следам и и праќам мои разголени слики - тоа е знак дека сака да ми роди дете.... јазикот на жената е суптилен но препознатлив и тука нема тајни за мене
 
M

Muranyi

Гостин
О фала ти, значи темава е за мене пошто јас едина ќе контрирам тука со став- НЕ САКАМ во љубов ФЛЕРТ на страна..
А коа сме сингл може се. И не ти е точно дека не флертувам, ја обожавам и уживам но само кога не сум заљубена. После само со дечкото флертувам.
Флерт е здрав и јас често го правам истото, само нагласив во врска нејќам на страна да се флертува. Зашто не гледам потреба да заведуваш ако си заљубен..Еве јас тогаш губам тотално интерес за други дечки за флерт, усмерена сум само на него. И барам и сакам истото и он да го прави само со мене! Не смее да заведува цури по град..Тоа..
Не си единствена на темава која ќе контрира дека флертот е штетен феномен, посебно штетен по луѓето кои се во врска и како таков би можел да им ја загрози истата. Темава е отворена за секој да си го каже своето мислење, тоа е поентата впрочем, а не да те контрирам тебе. Ти си ми само инспирација за истата:)

Нема ништо штетно и опасно во тоа да флертуваш со некој кој ти се допаѓа, со некој од кого имаш интерес да ти заврши некоја работа/услуга, едноставно е еден вид на алатка за социјализација и подобра интеракција помеѓу половите. Тоа можеби произлегува од природата на луѓето, кои сакале да признаеме или не, се заситуваат од работите и истите им стануваат монотони. Еве ќе пишувам од машки аспект. За да се разбие таа монотонија поради која ти се намалува самодовербата, почнуваш да се чувствуваш по малку фрустрирано а не си навикнат на тоа, бидејќи во природата на мажите е да бидат ловци-заведувачи, многу подобар избор е да се избере играта наречена флерт, еден вид на кокетирање која позади себе нема никакви претензии за субјектот да биде однесен во кревет- отколку да се случи неверство.

Поголемиот дел од материјалот погоре,т.е. воведниот пост беа извадоци од интернет. Мое мислење за флертот е дека, тој, на некој начин може да претставува и заштитен механизам од изневерување кое во никој случај не го оправдувам бидејќи и јас не би сакал да се најдам на таа страна на приказната-да бидам изневерен. Некогаш флертуваш за да поминеш полесно во дадена ситуација, но како што споменав тоа пак нема никакви сексуални претензии. Важно е да се распознаваат знаците и сето тоа да се сфати како игра, игра која ти го билда егото, те прави самоуверен и ти дава чувство дека сеуште можеш да бидеш привлечен и посакуван, иако си се определил да делиш вистинска љубов со својот партнер, без подмолности и без изневерувања.

Имаш ситуација: на работа си опкружен со колешки и ти им делиш комплименти, знаеш дека тоа им годи, доволно е да и кажеш колку денес прекрасно изгледа и да бидеш првиот кој ја забележил нејзината нова боја на косата или новата фрузира- и она е хепи, скока до небо. Потоа и таа ќе ти врати нешто слично, во тој стил и повторно тебе тоа ти годи, но сепка сево ова е далеку од намера да ја легнеш колешката. Сето ова го правиш за да ги направиш среќни и расположени, не очекуваш да ти вратат-а сепак ти враќаат и така среќата се размножува:)
 
Л

Лигеја

А може некоја и потајно ќе се заљуби во тебе баш заради тој комплимент и внимание па ќе ја повредуваш секој ден со тоа што ќе им даваш комплименти и на другите колешки.Ете ти проблем.Јас ти го разбирам концептот,јасен ми е но за таква игра треба да си најдеш соодветен играч т.е да провериш,опипаш терен првен а потоа да се впуштиш во акција. :)
 
M

Muranyi

Гостин
Многу прашања. :)
Да не зборувам во име на целиот женски пол,еве ќе ти одговорам од лично искуство и зошто ја постирав сликата погоре.

Ситуација бр:1
Во продавница,такси,на одмор каде сум немала никаква намера да флертувам едноставно сум се насмевнала во знак на добро расположение и љубезност а резултирало и било протолкувано како флерт и ми се вратило со нападно однесување и сексуална сигнализација затоа што за време на мојата зафатеност со дејството и намената заради која сум била во објектот сум била центрирана и предвреме измеркана како плен од другата страна.
Лекција: Никогаш не можеш да знаеш што другите мислат и на кој начин те перцепираат иако имаш намера само ете нормално да си испазариш,да си поправиш муабет за книги во книжара итн...

Ситуација бр:2
На работа,со бизнис соработници каде исто сум немала намера да флертувам едноставно тоа е дел од начинот на успешна соработка и ќе акцентирам НЕ-манипулација туку добар речник и вештина за да дојдеш до посакуваниот договор во твоја корист исто во многу помал случај резултирало најчесто со покана за понатамошна соработка,потоа комплименти и на крај обид за заведување.
Лекција:Ако имаш намера да си го продадеш газот ќе ја прифатиш поканата која секако ќе резултира и со уште поуспешен договор од тој кој си го намислил.Крај. :)

Ситуација бр:3
Другари и пријатели...сме се смееле заедно,сум допрала некој за рамо или пак го гушкам во знак на позитивни емоции или пак среќа што го гледам а ми се случило по извесен период да добијам изјава: Зошто флертуваше со мене ако мислиш да бидеме само другари?
Лекција:Не допирај машко освен ако не мислиш да бидне нешто колку и да го сакаш како пријател...со машките денес нема зафрканции за тие работи бидејќи ги толкувам,отсекогаш и филозофски и биолошки сум ги перцепирала како сексуални суштества. :D

Убаво пиша и погоре,тој дел ми се допадна каде објасни дека порано имало начин на додворување,разговор,приоѓање,писма,знаци и најважно сигнализирање.Но исто така мажите биле џентлмени и машки прифаќале одбивање и пораз без додатоците како:курва,поим нема оваа што испушта итн. :)
Нажалост,точно е,постојат и повеќето се жени кои своите атрибути (интелегенција,шарм и добар изглед) ги користат и во негативен контекст за да остварат одредена цел (погоре дадов мое мислење и зошто,бидејќи ги доживувам како сексуални суштества мажите) но тоа е индивидуално и постои и кај двата пола.Тука мислам дека генерално станува збор за твоја проценка на луѓето било да се мажи или жени.Така да ете од искуство да ти одговорам на прашањето како и со сликата која ја постирав погоре мислам дека искрено повеќе постои збунетост отколку чувство за разграничување.
Сето ова се ситуации каде твоите пораки, твоето однесување било погрешно протолкувано и секако е последица на фактот што кај нас најголем дел од мажите да им се насмееш ќе помислат дека ги каниш во кревет.Затоа и постојат одредени физиолошки промени и кај мажите и кај жените кои укажуваат на флертот и кои треба некој да ги познава за да не те сфати погрешно.Проблемот е денес што нема унифициран кодекс за флертувањето како порано,како примерот во викторијанската доба. Верувам дека некаде на Запад, каде луѓето се каде каде поеманципирани и либерални, не би го протолкувале ова твоето како флертување. Сепак, мое мислење е, колку и да држиш до своето, дека ова се само ситуации кои одат во прилог на твојата теза, но не ги кажуваш ситуациите кога си флертувала, без разлика дали било тоа со вакви или онакви намери.

Да, се согласувам, кај нас нема заебанции,ние се сериозно сфаќаме, ние сме глупи и гејови кога ќе кажеме дека имаме другарка наместо да ја искористиме сексуално. Такво е поднебјето и менталитетот.
--- надополнето: 22 декември 2013 во 14:45 ---
А може некоја и потајно ќе се заљуби во тебе баш заради тој комплимент и внимание па ќе ја повредуваш секој ден со тоа што ќе им даваш комплименти и на другите колешки.Ете ти проблем.Јас ти го разбирам концептот,јасен ми е но за таква игра треба да си најдеш соодветен играч т.е да провериш,опипаш терен првен а потоа да се впуштиш во акција. :)
Па се надевам дека ја играм со соодветни играчи, префригани кои не се така наивни и ја сфаќаат суштината и поентата на играта.
 
Л

Лигеја

Гостин
Па се надевам дека ја играм со соодветни играчи, префригани кои не се така наивни и ја сфаќаат суштината и поентата на играта.
Ете,самиот ги одговори прашањата што ги постави.Точно.Некој е расположен како тебе,некој едноставно е учтив и љубезен и треба да се внимава да не се навреди или повреди од таквите игри. :)
 
M

Muranyi

Гостин
Што на пример ако флертуваш се додека не ја добиеш личноста со која флертуваш и после губиш буквално секаков интерес за неа? И упорно ти се случува истото секој пат?
Под која дефиниција спаѓа ова?
Тоа значи дека тебе предизвикот ти е самиот предизвик, играта, т.е. начинот на кој ќе стигнеш до целта, а истата ти е сосема небитна кога веќе ќе стигнеш до неа. Ова е карактеристика за многу мажи,по малку детска ,пример децата плачат за одредена играчка и кога ќе им ја купат дома не си играат со неа. За жените не знам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom