M
Muranyi
Гостин
Флертот, односно флертувањето се дефинира како човечка активност при која личноста кокетира, се додворува на друга личност без некакви сериозни намери. Ова е дефиниција во потесна, сепак флертот може да се дефинира и во поширока смисла.
Цел на флертот
Флертот е многу повеќе од обична забава. Вистината е дека, да, најчесто служи за приближување со евентуалниот партнер, еден вид на алатка за воспоставување на поинтимен однос со истиот, но флертот истотака може да се користи и во друга цел, олеснување и полесно снаоѓање во одредени ситуации. На пример, флертуваш со продавачката за да ти даде да купиш алкохол после 19 часот, флертуваш со вработената во седмица за да ти стави повеќе кечап и мајонез, флертуваш со претпоставениот за полесно да напредуваш на професионален план или пак чисто онака, за да имаш посебни бенефиции и да не рмбаш исто како другите. Ова однесување, т.е. флертување за стекнување лична корист се вика манипулативно и најчесто е научено однесување.
Бројни научни истражувања укажуваат на тоа дека ширум светот постојат одредени шаблони на движења и однесувања карактеристични за сите култури, нешто слично што се сретнува и кај животните кога се работи за флертување со потенцијалниот партнер. Ова има врска со генетиката и се наследува. Треба да се прави разлика помеѓу вообичаениот тип на флертување и оној манипулативниот, бидејќи во првиот случај кај личноста на која и се допаѓа друга личност со која стапува во комуникација се јавуваат одредени појави кои се надвор од контрола на самата личност. И ние тука ништо не можеме, не можеме да се бориме против и да ја потиснуваме нашата природа.
Флертот е човечка особина својствена подеднакво и за мажите и за жените. Секоја, ама баш секоја секоја личност, агресивно или суптилно, свесно или несвесно, доколку чувствува сексуална привлечност флертува. Нема луѓе што не флертуваат, не се залажувајте, дури и вашите девојки кои ви велат дека ве сакаат најмногу на цел свет, дечковци кои ви симнуваат ѕвезди и би го дале животот за вас, жени и мажи кои го кажале судбоносното да-флертуваат. Тие што не флертуваат, се смета дека патат од одредени дефекти на социјалното однесување. Што во превод значи, ако не флертуваш, не си со сите и не ти се сите овци на број, тапа си.
Флертот е најдобар начин да се пронајде сексуален партнер, да се обезбеди видот и да се продолжат сопствените гени. Тој е универзална појава застапена и кај луѓето и кај животните поради кој ние едноставно постоиме. Отприлика, повеќе или помалце, на ист начин флертуваат еден Талибанец кој освен АК-47 не видел ништо друго во животот па се до еден образован суперинтелигентен интелектуалец или алфа мажјак, бидејќи тие им прават најмногу кејф на жениве, деновиве.
Некои примери кај животните, како на пример кострешење на мачорите, надувување на жабите, истакнување на градите кај горилите, се е тоа биолошки механизам на флертување, кој е вроден.
И кај мажите е евидентно флертувањето наследено како еден вид на заведување, истакнување на градите е еден вид на универзален начин на флертување карактеристичен на машкиот пол. Не за џабе секој билдер го прашуваат колку крева на бенч Скриените пораки кои се праќаат кон женскиот пол се спосбноста за заштита и моќ и доминација, нешто што им треба на жените кога бараат партнер да ги оплоди. Одредни личности флертуваат заради сопственото его. Или пак кај жените, флертот често се јавува заради дополнување на празнината наречена самодоверба, нешто од што они хронично патат и кој е главниот причинител зошто влегуваат во сексуални односни надвор од врската.
Физиологија на флертот
Најраспространет и можеби најефикасен начин на флерт е контактот очо во очи. И мажите и жените,доколку пројавуваат сексуален интерес во културите каде што тоа е допуштено флертуваат на начин преку кој во чест интервал од 2-3 секунди разменуваат брзи погледи. Велам допуштено, зашто за вакво флертување во КСА, може да и летне главата на жената па ниту погледи да види ниту оплодување. После воспоставување на тет-а-тет контактот, погледот се упатува на страна за ефектот на фасцинација кај другата личност да биде поинтензивен. Научниците веруваат дека ваков вид на воспоставување очен контакт буди одредени примитивни делови од мозокот кои предизвикуваат базични емоции.
Сосема друга порака праќа упорниот фиксиран поглед.Тој е јасен сигнал за доминација и агресија, кај другата личност буди страв, несигурност, и бесмислени акции налик врткање на праменчиња коса, поправање на фрузирата и закопчување на веќе закопчани копчиња, феномен кој научниците го нарекуваат "замена на гестовни активности".
За време на размена на погледите зениците се шират,солзните жлезди се активираат што му дава на погледот посебен сјај, се зголемува крвотокот во усните па тие незабележливо се зголемуваат и вцрвенуваат. Се смета дека баш токму оваа појава била инспирација за првото забележано користење на карминот во старите цивилизации на Кина, Индија и Египет.
Историјат на флертот
И покрај строгите кодекси на однесување за време на викторијанската ера, тоа што секако било дозволено во социјалните контакти-бил флертот. Во тоа време, флертот се одвивал на сосема суптилен начин преку одредени додатоци,аксесоари како лепези, чадори, ракавици. во зависнот од положбата на жените, џентлмените одредено постапувале и се пуштале во акција, за разлика од денес кога младинава нема никаков кодекс на додворување. Пример, ако дамата бавно мафта со лепезата значи дека е зафатена или мажена, доколку брзо мафта значи дека е слободна. Ако лепезата ја држи во десната рака поставена пред лицето сигнализира да биде следена. Доколку би сакала да сигнализира љубов тогаш широко ја отворала лепезата, а доколку сакала да добие бакнеж од џентлменот тогаш само ја отворала и веднаш затворала лепезата Лепезата потпрена на десниот образ значела да, сакам да со тебе, а на левиот не. Замислете колку ум било лесно на мажите тогаш во тоа време, се им било достапно и јасно. Затоа жени, не ги кудете денешните мажи дека немаат муда да се пуштат на девојка, гледате какви олеснителни околности постоеле порано
Начини на комуникација
Ова барем би требало да ви е познато дека во текот на флертувањето, постојат двата вида на комуникација-вербална преку која се праќаат само 7 проценти од информациите кои сакаме да ги пратиме и најчесто е на свесно ниво и невербална комуникација, т.е. говор на телото како што е ставот на телото, држење,мимика. Од 93 проценти од информациите кои се праќаат преку невербалната комуникација, 55 отпаѓаат на телесната експресија или "говорот на телото" а останатите 38 проценти од стилот на говорот. Пример, една иста реченица кај спротивниот пол нема исто значење и ефект доколку биде изговорена низ насмевка, шала или пак низ мрштење.
Како се однесуваат машките кога ќе се најдат во друштво на жена која сексуално ги привлекува-ја местат фризурата,ја поправаат вратоврската или крагната, ја откопчуваат-закопчуваат јакната. Нешто поагресивен пристап е кога ќе го закачат палецот за појас или каиш и пристапуваат чекор напред кон девојката која ги привлекува. Погледот го задржуваат нешто подолго од вообичаено. Алтернативен начин е ставање на рацете на колкови.
Од друга страна, жените ја зафрлуваат косата на една или друга страна, преку рамењата или пак се оддалечуваат од лицето на мажот, со цел да ги откријат своите очи иако оваа појава се сретнува и кај жените со кратка коса.Погледот е со благо подзатворени очни капаци, доволно долг за мажот да го примети флертот т.е. привлечноста но сепак од друга страна и краток за да се приземји и да не летнуе во облаци. Посебно силен сигнал за привлечност е кога жената гледа преку вашето раме. Прв чекор може да биде и насмевката, потоа ги подигнуваат обравчињата неколкупати во брзи движења, повремено го покрива лицето со раце, нервозно се смешка криејќи ја главата позади сопствента дланка. Кога ќе се сретнат погледите, срамежливо го спушта нејзиниот или го трга настрана. Меѓутоа, доколку само го тргне погледот на стана и продолжи да гледа по толпата народ и не возвраќа со втор,трет итн. тоа значи дека нејзината заинтересираност за вас е сосема мала и не очекувајте многу од неа,на емотивно-сексуален план. Потоа:грицкање на усните,оближување на усните,прекрстени нозе насочени кон личноста за која се заинтересирани. Од друга стана, избегнување на поглед, прекрстени раце, раце во џебови, намрштено лице, зевање, положба на телото малку на страна во однос на соговорникот, чистење нокти- тоа се знаци дека вие не ја привлекувата, таа не е заинтересирана за вашата постела и време е да на напуштите,бидејќи и досаѓате. Гледате, на колку културен начин ве одјебуе
Колку вие флертувате? Дали тоа го правите свесно,доколку не -сигурно го правите несвесно. Дали ве загрижува фактот дека и вашиот партнер во моментов можеби флертува со некој. Можеби со претпоставениот на работа кој сака сексуално да го заведе и однесе во кревет.Дали со флерт сте си олесниле некоја ситуација во животот,напредувале во кариерата,исполниле одредена цел,колку често го правите тоа?
Јас флертувам свесно, на некој начин ми е издувен вентил и самоконтрола од кажаната"секој ден грав не се јаде". Епа да, не се јаде ама истото важи и за партнерот-партнерката,па секако не би се чувстувале убаво да дознаете дека денес девојка ви/дечко ви бил на ќебапчиња
Да, на некој начин ми дава самодоверба, прави да се чувствувам убаво. Секако дека ми годи фактот и утехата дека сум привлечен за спротивниот пол, тоа преку флертот се открива.
Темава посебно ја отворив за Кукличка(Принципеса) која толку многу е против флертот и коси ќе искубе кога би дознала дека дечко и флертува со некоја. И претпоставува дека ќе ја изневери