Флерт

M

Muranyi

Гостин
Флертот, односно флертувањето се дефинира како човечка активност при која личноста кокетира, се додворува на друга личност без некакви сериозни намери. Ова е дефиниција во потесна, сепак флертот може да се дефинира и во поширока смисла.

Цел на флертот

Флертот е многу повеќе од обична забава. Вистината е дека, да, најчесто служи за приближување со евентуалниот партнер, еден вид на алатка за воспоставување на поинтимен однос со истиот, но флертот истотака може да се користи и во друга цел, олеснување и полесно снаоѓање во одредени ситуации. На пример, флертуваш со продавачката за да ти даде да купиш алкохол после 19 часот, флертуваш со вработената во седмица за да ти стави повеќе кечап и мајонез, флертуваш со претпоставениот за полесно да напредуваш на професионален план или пак чисто онака, за да имаш посебни бенефиции и да не рмбаш исто како другите. Ова однесување, т.е. флертување за стекнување лична корист се вика манипулативно и најчесто е научено однесување.

Бројни научни истражувања укажуваат на тоа дека ширум светот постојат одредени шаблони на движења и однесувања карактеристични за сите култури, нешто слично што се сретнува и кај животните кога се работи за флертување со потенцијалниот партнер. Ова има врска со генетиката и се наследува. Треба да се прави разлика помеѓу вообичаениот тип на флертување и оној манипулативниот, бидејќи во првиот случај кај личноста на која и се допаѓа друга личност со која стапува во комуникација се јавуваат одредени појави кои се надвор од контрола на самата личност. И ние тука ништо не можеме, не можеме да се бориме против и да ја потиснуваме нашата природа.

Флертот е човечка особина својствена подеднакво и за мажите и за жените. Секоја, ама баш секоја секоја личност, агресивно или суптилно, свесно или несвесно, доколку чувствува сексуална привлечност флертува. Нема луѓе што не флертуваат, не се залажувајте, дури и вашите девојки кои ви велат дека ве сакаат најмногу на цел свет, дечковци кои ви симнуваат ѕвезди и би го дале животот за вас, жени и мажи кои го кажале судбоносното да-флертуваат. Тие што не флертуваат, се смета дека патат од одредени дефекти на социјалното однесување. Што во превод значи, ако не флертуваш, не си со сите и не ти се сите овци на број, тапа си.

Флертот е најдобар начин да се пронајде сексуален партнер, да се обезбеди видот и да се продолжат сопствените гени. Тој е универзална појава застапена и кај луѓето и кај животните поради кој ние едноставно постоиме. Отприлика, повеќе или помалце, на ист начин флертуваат еден Талибанец кој освен АК-47 не видел ништо друго во животот па се до еден образован суперинтелигентен интелектуалец или алфа мажјак, бидејќи тие им прават најмногу кејф на жениве, деновиве.

Некои примери кај животните, како на пример кострешење на мачорите, надувување на жабите, истакнување на градите кај горилите, се е тоа биолошки механизам на флертување, кој е вроден.

И кај мажите е евидентно флертувањето наследено како еден вид на заведување, истакнување на градите е еден вид на универзален начин на флертување карактеристичен на машкиот пол. Не за џабе секој билдер го прашуваат колку крева на бенч:D Скриените пораки кои се праќаат кон женскиот пол се спосбноста за заштита и моќ и доминација, нешто што им треба на жените кога бараат партнер да ги оплоди. Одредни личности флертуваат заради сопственото его. Или пак кај жените, флертот често се јавува заради дополнување на празнината наречена самодоверба, нешто од што они хронично патат и кој е главниот причинител зошто влегуваат во сексуални односни надвор од врската.

Физиологија на флертот

Најраспространет и можеби најефикасен начин на флерт е контактот очо во очи. И мажите и жените,доколку пројавуваат сексуален интерес во културите каде што тоа е допуштено флертуваат на начин преку кој во чест интервал од 2-3 секунди разменуваат брзи погледи. Велам допуштено, зашто за вакво флертување во КСА, може да и летне главата на жената па ниту погледи да види ниту оплодување. После воспоставување на тет-а-тет контактот, погледот се упатува на страна за ефектот на фасцинација кај другата личност да биде поинтензивен. Научниците веруваат дека ваков вид на воспоставување очен контакт буди одредени примитивни делови од мозокот кои предизвикуваат базични емоции.

Сосема друга порака праќа упорниот фиксиран поглед.Тој е јасен сигнал за доминација и агресија, кај другата личност буди страв, несигурност, и бесмислени акции налик врткање на праменчиња коса, поправање на фрузирата и закопчување на веќе закопчани копчиња, феномен кој научниците го нарекуваат "замена на гестовни активности".

За време на размена на погледите зениците се шират,солзните жлезди се активираат што му дава на погледот посебен сјај, се зголемува крвотокот во усните па тие незабележливо се зголемуваат и вцрвенуваат. Се смета дека баш токму оваа појава била инспирација за првото забележано користење на карминот во старите цивилизации на Кина, Индија и Египет.

Историјат на флертот

И покрај строгите кодекси на однесување за време на викторијанската ера, тоа што секако било дозволено во социјалните контакти-бил флертот. Во тоа време, флертот се одвивал на сосема суптилен начин преку одредени додатоци,аксесоари како лепези, чадори, ракавици. во зависнот од положбата на жените, џентлмените одредено постапувале и се пуштале во акција, за разлика од денес кога младинава нема никаков кодекс на додворување. Пример, ако дамата бавно мафта со лепезата значи дека е зафатена или мажена, доколку брзо мафта значи дека е слободна. Ако лепезата ја држи во десната рака поставена пред лицето сигнализира да биде следена. Доколку би сакала да сигнализира љубов тогаш широко ја отворала лепезата, а доколку сакала да добие бакнеж од џентлменот тогаш само ја отворала и веднаш затворала лепезата:D Лепезата потпрена на десниот образ значела да, сакам да со тебе, а на левиот не. Замислете колку ум било лесно на мажите тогаш во тоа време, се им било достапно и јасно. Затоа жени, не ги кудете денешните мажи дека немаат муда да се пуштат на девојка, гледате какви олеснителни околности постоеле порано:LOL:


Начини на комуникација

Ова барем би требало да ви е познато дека во текот на флертувањето, постојат двата вида на комуникација-вербална преку која се праќаат само 7 проценти од информациите кои сакаме да ги пратиме и најчесто е на свесно ниво и невербална комуникација, т.е. говор на телото како што е ставот на телото, држење,мимика. Од 93 проценти од информациите кои се праќаат преку невербалната комуникација, 55 отпаѓаат на телесната експресија или "говорот на телото" а останатите 38 проценти од стилот на говорот. Пример, една иста реченица кај спротивниот пол нема исто значење и ефект доколку биде изговорена низ насмевка, шала или пак низ мрштење.

Како се однесуваат машките кога ќе се најдат во друштво на жена која сексуално ги привлекува-ја местат фризурата,ја поправаат вратоврската или крагната, ја откопчуваат-закопчуваат јакната. Нешто поагресивен пристап е кога ќе го закачат палецот за појас или каиш и пристапуваат чекор напред кон девојката која ги привлекува. Погледот го задржуваат нешто подолго од вообичаено. Алтернативен начин е ставање на рацете на колкови.

Од друга страна, жените ја зафрлуваат косата на една или друга страна, преку рамењата или пак се оддалечуваат од лицето на мажот, со цел да ги откријат своите очи иако оваа појава се сретнува и кај жените со кратка коса.Погледот е со благо подзатворени очни капаци, доволно долг за мажот да го примети флертот т.е. привлечноста но сепак од друга страна и краток за да се приземји и да не летнуе во облаци. Посебно силен сигнал за привлечност е кога жената гледа преку вашето раме. Прв чекор може да биде и насмевката, потоа ги подигнуваат обравчињата неколкупати во брзи движења, повремено го покрива лицето со раце, нервозно се смешка криејќи ја главата позади сопствента дланка. Кога ќе се сретнат погледите, срамежливо го спушта нејзиниот или го трга настрана. Меѓутоа, доколку само го тргне погледот на стана и продолжи да гледа по толпата народ и не возвраќа со втор,трет итн. тоа значи дека нејзината заинтересираност за вас е сосема мала и не очекувајте многу од неа,на емотивно-сексуален план. Потоа:грицкање на усните,оближување на усните,прекрстени нозе насочени кон личноста за која се заинтересирани. Од друга стана, избегнување на поглед, прекрстени раце, раце во џебови, намрштено лице, зевање, положба на телото малку на страна во однос на соговорникот, чистење нокти- тоа се знаци дека вие не ја привлекувата, таа не е заинтересирана за вашата постела и време е да на напуштите,бидејќи и досаѓате. Гледате, на колку културен начин ве одјебуе:icon_lol:

Колку вие флертувате? Дали тоа го правите свесно,доколку не -сигурно го правите несвесно. Дали ве загрижува фактот дека и вашиот партнер во моментов можеби флертува со некој. Можеби со претпоставениот на работа кој сака сексуално да го заведе и однесе во кревет.Дали со флерт сте си олесниле некоја ситуација во животот,напредувале во кариерата,исполниле одредена цел,колку често го правите тоа?

Јас флертувам свесно, на некој начин ми е издувен вентил и самоконтрола од кажаната"секој ден грав не се јаде". Епа да, не се јаде ама истото важи и за партнерот-партнерката,па секако не би се чувстувале убаво да дознаете дека денес девојка ви/дечко ви бил на ќебапчиња:D
Да, на некој начин ми дава самодоверба, прави да се чувствувам убаво. Секако дека ми годи фактот и утехата дека сум привлечен за спротивниот пол, тоа преку флертот се открива.

Темава посебно ја отворив за Кукличка(Принципеса) која толку многу е против флертот и коси ќе искубе кога би дознала дека дечко и флертува со некоја. И претпоставува дека ќе ја изневери:)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
друже, темава е полн погодок. не дека мене не ми е јасно ова што го пиша (копмлетна вистина), него дека има темел да се развие жестока дискусија (твојот поттик кукличка) и видат некои наши скриени, свесни или несвесни карактеристики.
во мојот случај во зависност од ситуацијата може да смета, а може и да не смета. тоа кога смета е ситуација која мислам дека на 99% од луѓето би им сметала, а тоа е во присуство на партнерот. тие 1% ги делам на повеќе делови. првата е дека се работи за луѓе кои се бесчуствителни, дека не им е гајле за партнерот, .............. вторората е кога се работи за некоја друга непријатна ситуација од која треба да се извлечеме. пример, јас со партнерката во кола, она вози, но прави прекршок. не сопира полицаец, и таа флертува со него. дали ја мести косата, дали трепнива заводнички, .... тоа е ситуација во која иако си со партнерот, на партнерот не му смета. или било која слична ситуација од која треба да се извлече корист. дури знам дека во некои такви случаи сум ја поттикнувал партнерката да флертува, заради взаемна корист. ова флертување не би требало да му смета на ниеден здраворазумен човек. но секогаш има исклучоци.
третата е за луѓе со “ептен“ отворени погледи и сфаќања на животот. во превод свингери. на нив ништо не им смета.
во сосема друга ситуација, која не спаѓа во веќе спомнатите работи е флертот во кој партнерот не знае. тука веќе ситуацијата е позаплеткана. се’ зависи од партнерот на флертувачот. односно, дали партнерот на флертувачот има или нема самодоверба. дали се плаши или не. дали му верува или не. првата и третата состојба (самодоверба и доверба) најчесто идат рака под рака. и таквите луѓе се катастрофа. прво ем е несигурна, ем како последица на тоа ја проузрокува и состојбата “сомнеж“. и таа ја јаде цело време. страшна работа, подалеку од вакви луѓе.
ако пак се во комбинација втората и третата (страв и доверба) тогаш на флертувачот му е малку полесно во врската со таков партнер. односно, иако партнерот се плаши да не го изгуби сопатникот, сепак заради тој страв преминува преку флертот. иако длабоко во себе цело време се прашува дали е навистина така (беззазлен флерт) или има нешто повеќе. во оваа ставка најчесто спаѓаат луѓето кои се излложени на домашно насилство.
е сега, ако пробам да резимирам, доаѓам до заклучок дека со доволна количина на самодоверба, верба во партнерот без страв си имаме убава стабилна врска. ова се разбира МОРА да биде обострано. не е ова еднонасочна улица.
П.С. намерно не ја спомнав љубомората, која е психичка болест. се задржав само на психичките состојби;)
П.П.С. уште еднаш, браво за темава!!!
 
Л

Лигеја

Гостин
Колку вие флертувате? Дали тоа го правите свесно,доколку не -сигурно го правите несвесно. Дали ве загрижува фактот дека и вашиот партнер во моментов можеби флертува со некој. Можеби со претпоставениот на работа кој сака сексуално да го заведе и однесе во кревет.Дали со флерт сте си олесниле некоја ситуација во животот,напредувале во кариерата,исполниле одредена цел,колку често го правите тоа?
На темата:
quote-about-being-polite-is-so-rare-these-days-that-its-often-confused-with-flirting-630x630.jpg

А тоа за животните не ти е точно,кај животните нема флерт само се препознаваат меѓусебно кога се подготвени за парење,со одредени сигнали (физички знаци или мириси) кои се производ на хормони (сигнализираат на мажјакот дека женката е влезена во пре-естрален или естрален циклус и е подготвена за парење) или пак кај одредени видови постои доминација или борба меѓу мажјаците.( Не можев да си помогнам,се надевам нема да се налутиш што те корегирам). :)
 
M

Muranyi

Гостин
Ова е многу важен детал во контекст на темата, иако не станува збор за љубезноста, учтивоста, туку говориме за флертот. И се согласувам со тебе потполно.

Кога веќе спомена, каде е границата помеѓу учтивоста и флертувањето? Кои параметри го класифицираат нашето однесување во една од овие две групи? И врз основа на што одредуваме дали со таа особа ќе флертуваме, "ќе си поиграме" или само ќе бидеме љубезни и фини? Зборуваме за манипулативниот флерт, преку кој извлекуваме одредена корист. Дали физичката привлечност, без разлика што немаме никакви "задни" намери е таа која е пресудна за да се впуштиме во флерт?

Првиот,т.е. флертот наменет за заведување на потенцијалниот сексуален партнер не може да биде помешан со учтивост во никој случај.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
О фала ти, значи темава е за мене пошто јас едина ќе контрирам тука со став- НЕ САКАМ во љубов ФЛЕРТ на страна..
А коа сме сингл може се. И не ти е точно дека не флертувам, ја обожавам и уживам но само кога не сум заљубена. После само со дечкото флертувам.
Флерт е здрав и јас често го правам истото, само нагласив во врска нејќам на страна да се флертува. Зашто не гледам потреба да заведуваш ако си заљубен..Еве јас тогаш губам тотално интерес за други дечки за флерт, усмерена сум само на него. И барам и сакам истото и он да го прави само со мене! Не смее да заведува цури по град..Тоа..

Темава посебно ја отворив за Кукличка(Принципеса) која толку многу е против флертот и коси ќе искубе кога би дознала дека дечко и флертува со некоја. И претпоставува дека ќе ја изневери:)
 
Л

Лигеја

Гостин
Ова е многу важен детал во контекст на темата, иако не станува збор за љубезноста, учтивоста, туку говориме за флертот. И се согласувам со тебе потполно.

Кога веќе спомена, каде е границата помеѓу учтивоста и флертувањето? Кои параметри го класифицираат нашето однесување во една од овие две групи? И врз основа на што одредуваме дали со таа особа ќе флертуваме, "ќе си поиграме" или само ќе бидеме љубезни и фини? Зборуваме за манипулативниот флерт, преку кој извлекуваме одредена корист. Дали физичката привлечност, без разлика што немаме никакви "задни" намери е таа која е пресудна за да се впуштиме во флерт?

Првиот,т.е. флертот наменет за заведување на потенцијалниот сексуален партнер не може да биде помешан со учтивост во никој случај.
Многу прашања. :)
Да не зборувам во име на целиот женски пол,еве ќе ти одговорам од лично искуство и зошто ја постирав сликата погоре.

Ситуација бр:1
Во продавница,такси,на одмор каде сум немала никаква намера да флертувам едноставно сум се насмевнала во знак на добро расположение и љубезност а резултирало и било протолкувано како флерт и ми се вратило со нападно однесување и сексуална сигнализација затоа што за време на мојата зафатеност со дејството и намената заради која сум била во објектот сум била центрирана и предвреме измеркана како плен од другата страна.
Лекција: Никогаш не можеш да знаеш што другите мислат и на кој начин те перцепираат иако имаш намера само ете нормално да си испазариш,да си поправиш муабет за книги во книжара итн...

Ситуација бр:2
На работа,со бизнис соработници каде исто сум немала намера да флертувам едноставно тоа е дел од начинот на успешна соработка и ќе акцентирам НЕ-манипулација туку добар речник и вештина за да дојдеш до посакуваниот договор во твоја корист исто во многу помал случај резултирало најчесто со покана за понатамошна соработка,потоа комплименти и на крај обид за заведување.
Лекција:Ако имаш намера да си го продадеш газот ќе ја прифатиш поканата која секако ќе резултира и со уште поуспешен договор од тој кој си го намислил.Крај. :)

Ситуација бр:3
Другари и пријатели...сме се смееле заедно,сум допрала некој за рамо или пак го гушкам во знак на позитивни емоции или пак среќа што го гледам а ми се случило по извесен период да добијам изјава: Зошто флертуваше со мене ако мислиш да бидеме само другари?
Лекција:Не допирај машко освен ако не мислиш да бидне нешто колку и да го сакаш како пријател...со машките денес нема зафрканции за тие работи бидејќи ги толкувам,отсекогаш и филозофски и биолошки сум ги перцепирала како сексуални суштества. :D

Убаво пиша и погоре,тој дел ми се допадна каде објасни дека порано имало начин на додворување,разговор,приоѓање,писма,знаци и најважно сигнализирање.Но исто така мажите биле џентлмени и машки прифаќале одбивање и пораз без додатоците како:курва,поим нема оваа што испушта итн. :)
Нажалост,точно е,постојат и повеќето се жени кои своите атрибути (интелегенција,шарм и добар изглед) ги користат и во негативен контекст за да остварат одредена цел (погоре дадов мое мислење и зошто,бидејќи ги доживувам како сексуални суштества мажите) но тоа е индивидуално и постои и кај двата пола.Тука мислам дека генерално станува збор за твоја проценка на луѓето било да се мажи или жени.Така да ете од искуство да ти одговорам на прашањето како и со сликата која ја постирав погоре мислам дека искрено повеќе постои збунетост отколку чувство за разграничување.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
О фала ти, значи темава е за мене пошто јас едина ќе контрирам тука со став- НЕ САКАМ во љубов ФЛЕРТ на страна..
А коа сме сингл може се. И не ти е точно дека не флертувам, ја обожавам и уживам но само кога не сум заљубена. После само со дечкото флертувам.
Флерт е здрав и јас често го правам истото, само нагласив во врска нејќам на страна да се флертува..Тоа..
ниеднаш не си трепнала со очињата на ............... избацивачот во диското, контролорот во јсп, полицаецот, шалтер, инспектор......? тешко, богами никако дека НЕ си флертувала. нормално ова е за кога си во врска.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
ниеднаш не си трепнала со очињата на ............... избацивачот во диското, контролорот во јсп, полицаецот, шалтер, инспектор......? тешко, богами никако дека НЕ си флертувала. нормално ова е за кога си во врска.
Со овие што ги спомна не:) Но генерално ако не ме заљубил доволно и нешто ми фалело во врска, сум флертувала со други - да признавам. Но одма после тоа и сме раскинале зашто сваќам дека он не ми е доволно добар за мене чим флертувам на страна.
Али коа сум заљубена, никој не приметувам и немам потреба за друг дечко да заведувам и флертувам;) Тогаш само дечкото и крај.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Со овие што ги спомна не:) Но генерално ако не ме заљубил доволно и нешто ми фалело во врска, сум флертувала со други - да признавам. Но одма после тоа и сме раскинале зашто сваќам дека он не ми е доволно добар за мене чим флертувам на страна.
Али коа сум заљубена, никој не приметувам и немам потреба за друг дечко да заведувам и флертувам;) Тогаш само дечкото и крај.
ок, убаво е да си во тоа убедена. али има едно АЛИ, длаи го прочита убаво воведниот пост? дека има едно нешто што се вика “несвесен флерт“. така да биди сигурна дека и ти не си имун на таа работа, не си робот па да се испрограмираш. човек си, во себе носиш и рефлекси кои ги манифестираш и кога не сакаш и не си свесна.
така да поради овие причини биди малку со резерва во изјавите ;)
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
О фала ти, значи темава е за мене пошто јас едина ќе контрирам тука со став- НЕ САКАМ во љубов ФЛЕРТ на страна..
А коа сме сингл може се. И не ти е точно дека не флертувам, ја обожавам и уживам но само кога не сум заљубена. После само со дечкото флертувам.
Флерт е здрав и јас често го правам истото, само нагласив во врска нејќам на страна да се флертува. Зашто не гледам потреба да заведуваш ако си заљубен..Еве јас тогаш губам тотално интерес за други дечки за флерт, усмерена сум само на него. И барам и сакам истото и он да го прави само со мене! Не смее да заведува цури по град..Тоа..
Tи си мислиш дека не флертуваш, со таквото мислење само се залажуваш себеси.
Да ти дојде некој со 6 ки пред тебе, ќе видиме дали нема да ти се прошируваат зеници, да си ги подлизнуваш усните, и да го гледаш под око...

Не ми е јасно зошто упорно некои не признаваат дека флертуваат а е апла очигледно.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
ок, убаво е да си во тоа убедена. али има едно АЛИ, длаи го прочита убаво воведниот пост? дека има едно нешто што се вика “несвесен флерт“. така да биди сигурна дека и ти не си имун на таа работа, не си робот па да се испрограмираш. човек си, во себе носиш и рефлекси кои ги манифестираш и кога не сакаш и не си свесна.
Но различно поимаме изгледа добро, фино и културно однесување од флерт!
Јас кога сум фина и културна, не значи дека флертувам.Јас флертував само со дечки кои ми беа симпатични и тоа е на некој начин заведување.
Да прочитав, и има вистина во начинот како девојките флертуваат, со префрлување коса преку рамо или допирање коса, со поглед полуотоврени очи, нагласување усни, женствени движења... Да но тоа не се прави со некој на шалтер за да завршиш работа! Јас не го сваќам флертот како и повеќето изгледа. Љубезност е едно, флерт е повеќе кон заведување и е сосема друго........Треба да се разликуваат тие две ствари;)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Но различно поимаме изгледа добро, фино културно однесување од флерт.
Јас кога сум фина и културна, не значи дека флертувам.Јас флертував само со дечки кои ми беа симпатични и тоа е на некој начин заведување.
Да прочитав, и има вистина во начинот како девојките флертуваат, со тргање коса преку рамо, со поглед полуотоврени очи, нагласување усни, женствени движења... Да но тоа не се прави со некој на шалтер за да завршиш работа! Јас не го сваќам флертот како и повеќето изгледа. Љубезност е едно, флерт е повеќе кон заведување и е сосема друго........Треба да се разликуваат тие ствари;)
има флерт за заведување, има флерт од потреба. и едниот и другиот флерт може да се прават и свесно и НЕсвесно. ти пробуваш да го убуташ флертот од корист во љубезно однесување. хммммм, дали е тоа така? не би рекол, особено кога станува за несвесно флертувење. не знам зошто е толку мака да се прифати дека го правиш тоа, да се помириш со тоа. не е ништо страшно. дури е и пожелно. овците на број и волкот сит. во превод, ти ќе си завршиш работа, а тој што ќе ти ја заврши работата (дури и женско да е) ќе им се дигнат акциите во тој момент, затоа што некоја ги шармирала. тој/таа ќе дојде дома и ќе му раскажува на партнерот како една многу убава, шармантна девојка била денес на работа и дека имала убава насмевка/очи и дека и’ завршила работа. а ти, исто така, ќе се пофалиш дека денес си била вредна, и дека некој симпатичен/а ти средил се’ што ти требало. (y)
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Tи си мислиш дека не флертуваш, со таквото мислење само се залажуваш себеси.
Да ти дојде некој со 6 ки пред тебе, ќе видиме дали нема да ти се прошируваат зеници, да си ги подлизнуваш усните, и да го гледаш под око...

Не ми е јасно зошто упорно некои не признаваат дека флертуваат а е апла очигледно.

Ако дечко ми до мене ми го прави тоа да ми се шират зениците и се топам целата и флертувам јако со него и го заведувам онда нема шанси со друг истото да го правам.Тоа зборував ако ти е дечкото многуу добарр за тебе, онда нема ништо на страна да гледаш и флертуваш;)
Истото важи и за него, нема што да бара на страна да и пушта муабети и и се приблужува на некоја на уво фино,збори комплименти додека оваа се топи, ако девојката му е за него најубавото и најпрекрасното нешто што го има и ако е јако заљубен во неа.
--- надополнето: 22 декември 2013 во 13:24 ---
ти ќе си завршиш работа, а тој што ќе ти ја заврши работата (дури и женско да е) ќе им се дигнат акциите во тој момент, затоа што некоја ги шармирала. тој/таа ќе дојде дома и ќе му раскажува на партнерот како една многу убава, шармантна девојка била денес на работа и дека имала убава насмевка/очи и дека и’ завршила работа. а ти, исто така, ќе се пофалиш дека денес си била вредна, и дека некој симпатичен/а ти средил се’ што ти требало. (y)
Ај објасни како флертуваш со девојка на работа да завршиш некоја работа?
Поконкретно еве кажи пример.
Па да се види дали е љубезност и култура или е флерт и заведување.;)
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Ако дечко ми до мене ми го прави тоа да ми се шират зениците и се топам целата и флертувам јако со него и го заведувам онда нема шанси со друг истото да го правам.Тоа зборував ако ти е дечкото многуу добарр за тебе, онда нема ништо на страна да гледаш и флертуваш;)
Истото важи и за него, нема што да бара на страна да и пушта муабети и и се приблужува на некоја на уво фино,збори комплименти додека оваа се топи, ако девојката му е за него најубавото и најпрекрасното нешто што го има и ако е јако заљубен во неа.

Значи не зборуваме да му се пушташ на некој друг дури си со дечко/девојка.
Зборуваме за она "природно флертување" сакаш неќеш не можеш да го избегнеш...

А за муабетов најубаво најпрекрасно шо го зборуваш, тие ѕвезди со тек на време ќе ти паднат од небото....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom