Разбирливо, но кај нас се изместени работите, државата е замешана секаде. Она впрочем преку нејзините министерства ја активира неликвидноста. Она касни 90 дена и повеќе, големите градежни компании се поврзани со илјадници помали компании, кој со плочки, кој со парно, кој со ламинат, прозори, градежен материјал, водоводни инсталации,итн. Овие пак се поврзани со сите други сектори, прехрана, транспорт, банки, услуги, итн. Кога државата е работодавач и касни над 90 дена со наплата, автоматски надоле кругот завршува и со две години каснење. Гранит и Бетон своите обврски ги извршуваат до година дена.
И сега се става инструмент заложница уствари акцептниот налог кој порано се користеше плус трошоци за нотар. И која помала фирма ќе и бара заложница на поголема?

Мислам виц е работава. Се е круг, а првиот синџир не плаќа, како би се завртел кругот?
Гол популизам. Вака ќе се решавала неликвидноста, стварно мислат дека сме ретардирани.