Јас сум од онаа генерација каде во средно излегувавме со 1000 денари на вечер. Имавме пари секој ден да пушиме Лаки, да идеме во Ѕид на кафе, појадок/ручек, на вечер да идеме прво во кафана, па потоа во кафиќ. Сега кога разговараме за тоа време, ни е чудно. Едноставно не се сеќаваме да лигавиме една пијачка, да не одиме на одмор по два пати во лето, да не одиме на зимување, навечер да не излагаме по други градови од аздис и така натаму. Впрочем во тоа време тоа беше средната класа, да имаш доволно пари и да можеш да живееш како човек.
Немаше елита, барем јас не ги доживував така. Сите имавме и повеќе од доволно. У младински си седеа несфатените, но не од причина дека немаа пари. Барем тогаш тие кои седеа имаа исто колку нас.
Транзицијата во тој град некој ја почувствува во раните 90те, некој на крајот на 90те. Баш во студиските години. Наеднаш се што претставуваше живот, стана преживување. А студенскиот живот во друг град бара големи средства. Така да следеше период на трансформација на карактер дефинитивно. Научен да имаш пари за се, доаѓаш до ситуација родео да немаш да си купиш. Се разбира во почетна фаза криви ти се родителите, каде се сега да те изфинансираат? Но потоа сфаќаш дека треба да ги засукаш ракавите, веќе имаш 20 години и срамота е да ги гледаш како извор на пари. Така да работа за студент има, келнери колку сакаш. Ако ништо друго цигарите и сендвичот на ден ќе ги извадиш со бакшиш (тогаш немаше фискални на парагони се пишеше, можеше да крадеш доволно на вечер). Во исто време треба и да учиш, оти ние сме генерации со задолжителна партиципација. Како идеше септемвриска сесија, така времето за учење беше прекратко, мораш да се определиш дали ќе работиш или ќе учиш во тие месеци за да фатиш услов да не те квадрираат. Друг извор на пари беше полагање испити за други, со едно влагање имаш доволно пари за месец дена. Ако немаш од каде сам ќе измислиш извор, така да снаодливоста ќе си ја развиеш до највисоко ниво кога си притиснат.
После факултет нормално е чувството дека системот тебе те чека да те стави директор. Фаза која верувам сите ја поминавме. Кога ќе сфатиш дека од 283645 апликации кои си ги пратил те викнале на две интервјуа, каде на првото волот има намера да те седне на маса и да му бидеш секретарка сфаќаш во кое дувло си се родил. Можеби најтешкиот период е тој, каде ја бараш првата работа. Работев на неколку места, научив дека шефот е во право и тогаш кога незнае сам што збори, научив дека мора да бидеш тим со колегите макар и да посакаш да ги убиеш, дека почетна плата од 4000 денари е нешто wow за прво работно место и слично. Подоцна добив случајно волонтерска работа каде без пари ми беше многу подобро од претходната работа (се од тоа беше подобро). Одлично се снајдов во екипата, добив и работно место, доста напредував и се задржав со години. Платата која ја добивав дефинитивно ме исполни и ме охрабри. Потоа сменив професија и до ден денес сум со истата професија. Добро е, одлично е, ако речам доволно ќе се ограничам себе си, секогаш може и подобро нели.
Патем Жаре жив е уште?