потполно заслучена победа на шпанија, одлична игра на нивниот среден ред, кој се покажа мултифункционале играјќи одлична одбрана на средина на терен не допуштајќи им на германците во доста случаи да се приближат на касијлас.
Одлични комбинации во напади, доста добра флексибилност и иновативност а не само стандардни уиграни напади. добра такика со играта на торес како шпиц, против која во основа германците имаа стратегија добра за одбрана но каде што на жалост во првата прилика леман грешно процени што ја обезбеди победата на шпанија.
Во германскиот табор имаше многу грешки, мецелдер воопшто не играше каде што треба, можеби сакајќи тренееот на германија да ја искористи висината го праќаше напред за да дава голгови со глава, што се покажа антипродуктивно бидејќи со тоа се ослабуваа одбранбените редови на германија кои и онака воглавно имаа проблем со побрзите шпански напаѓачи од средниот ред (зошто не го видовте на пример пујол да отиде напред на гол?)
играчите кои требаа да ја пренесат топката преку средината и да ја поврзат со играта во напад односно балак и швајнштагјер воопшто не изиграа како што требаше, ај балак може не во најдобра форма, ама пвајнптајгер беше катастрофален вечерва, задоа и неколкуте напади на германија идеа преку десната страна односно преку подолски. Клосе малку подобро одигра него претходно и одлична игра од јансен, но без добра игра од швајнштајгер или балак џабе.
И покрај грешкита и катастрофалната игра во напад на германија која уште на полувреме беше многу јако критикувана од страна на германските коментатори се додржа да не бде прегазена од стана на шпанците кои сепак доста претпазливо играа чувајќи ги сите 4 одбранбени играчи позади и конструријајќи слободно доста напади со средниот ред кој почна да ја игра улогата што тербаше да ја игра германскиот среден ред, имено да не дозволува преоѓање на половината од теренот.
Честито на шпанците покажаа подобар и поинвентивен фудбал. германците сега нека си ги приберат газовите и малку да поработат на постабилни резултати и поголем константност на квалитетот на играта како и на психолошката подготвеност, бидејќи само кога се фокусирани и психолошки константно стабилни можат да играат победнички фудбал.
Морам да ги пофалам шпанците за тоа што во основа не плачеа како што знаат да плачат италијанците и французите.
За физичката спремност, можеби германците можат долго и повеќе да трчаат од шпанците ама способноста на почести кратки шпринтови (нешто што шпанците многу добор го играат) им се многу слаба точка особено во одбраната, каде треба да се стопира одбранбен играч.
Ајде наздравје, според квалитетот на играта и возраста на играчите очекувам и двете екипи да влезат во финалињата на светското за две години (нормално без леман туку со некој млад квалитетен германски голман)