Филолошки факултет - Скопје

Д Малиот

Нинџа лепотан!
Член од
25 јануари 2009
Мислења
296
Поени од реакции
43
Арно голема темава... Бидејќи сум четврта година средно сега ( гимназиско образование - природно-математичка насока комбинација а, ја најдов насокава таман ама нема везе хехе ) сакав да прашам дали навистина постои катедра по кинески јазик ? Знам дека постои како предмет, но за жал ништо подетално на сајтов нивни ( дури и конкурсот за упис им е 2012-13 и таму нема кинески јазик ). Доколку има дали би можел некој да ми каже кои би биле приоритетни предмети за интерна матура ( покрај јазиците ) и дали знае отприлика каква е програмата ?
Благодарам однапред.
 
Lyn

Член од
29 јануари 2010
Мислења
257
Поени од реакции
619
Доколку има дали би можел некој да ми каже кои би биле приоритетни предмети за интерна матура ( покрај јазиците ) и дали знае отприлика каква е програмата ?
Благодарам однапред.

За филолошки интерно треба да полагаш два од овие: филозофија, социологија, историја, географија и латински. Можеби има уште некој ама не ми текнува. Предметите кои ќе ги полагаш интерно треба да ги имаш слушано минимум 2 години.
 
Broda

Ijackhammer.
Член од
6 февруари 2013
Мислења
259
Поени од реакции
141

Нема врска, може интерно кој било предмет што го нуди училиштето.
Јас интерни ги полагав лани автоматика и бизнис, а сепак ме примија.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Арно голема темава... Бидејќи сум четврта година средно сега ( гимназиско образование - природно-математичка насока комбинација а, ја најдов насокава таман ама нема везе хехе ) сакав да прашам дали навистина постои катедра по кинески јазик ? Знам дека постои како предмет, но за жал ништо подетално на сајтов нивни ( дури и конкурсот за упис им е 2012-13 и таму нема кинески јазик ). Доколку има дали би можел некој да ми каже кои би биле приоритетни предмети за интерна матура ( покрај јазиците ) и дали знае отприлика каква е програмата ?
Благодарам однапред.
Катедра за Кинески јазик непостои на ФЛФ, туку само изборен предмет кој можеш да го учиш две години. :)
 
Lyn

Член од
29 јануари 2010
Мислења
257
Поени од реакции
619
Нема врска, може интерно кој било предмет што го нуди училиштето.
Јас интерни ги полагав лани автоматика и бизнис, а сепак ме примија.
Немаш поени од тие предмети. Сигурно те примиле на некој смер кадешто не можеле да пополнат квота.
 
Broda

Ijackhammer.
Член од
6 февруари 2013
Мислења
259
Поени од реакции
141
Немаш поени од тие предмети. Сигурно те примиле на некој смер кадешто не можеле да пополнат квота.
1.Од тие предмети имав поени, и ги пишав како соодветни.
2.Имаш големо бравос од мене бидејќи предвиде на која катедра сум.
3.На македонски јазик сум
4.Врска немаш од животот.
 
Lyn

Член од
29 јануари 2010
Мислења
257
Поени од реакции
619
1.Од тие предмети имав поени, и ги пишав како соодветни.
2.Имаш големо бравос од мене бидејќи предвиде на која катедра сум.
3.На македонски јазик сум
4.Врска немаш од животот.
Од интерните предмети можат да се освојат најмногу 16 поени (кога двата предмети се соодветни), 13 поени(кога едниот предмет е соодветен, а едниот несоодветен) или 10 поени (кога двата предмети се несоодветни).
(y)

Овие 6 поени на некоја катедра кадешто има повеќе конкуренција повеќе значат.
 
Член од
29 јуни 2013
Мислења
36
Поени од реакции
18
Дечки, дај ако некој полагал Британска цивилизација во прва година нека каже што и какви прашања има.. се' ли треба да се учи..?:S И исто така ако е некој расположен да ми пише подетално во порака за Поезија 1 кај Анчевски, највеќе за Short English History, какви прашања има и дали СЕ треба да се учи, бидејќи навистина премногу има.. :S (Ако некој ги памти прашањата може да ги пише..) :)
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Дечки, дај ако некој полагал Британска цивилизација во прва година нека каже што и какви прашања има.. се' ли треба да се учи..?:S И исто така ако е некој расположен да ми пише подетално во порака за Поезија 1 кај Анчевски, највеќе за Short English History, какви прашања има и дали СЕ треба да се учи, бидејќи навистина премногу има.. :S (Ако некој ги памти прашањата може да ги пише..) :)
Британска јас кога полагав беше многу лесно, плус се убивме од препишување, а и за учење нема многу од тоа скриптата не зезај сеа.
За поезија никогаш не знаеш шо треба, а шо не треба да знаеш, така да секогаш се да си знаеш (која реченица ја извадив)...:вонзем:
 
Член од
29 јуни 2013
Мислења
36
Поени од реакции
18
Дечки, се сеќава ли некој каков е првиот колквиум по македонски кај Симон Саздов, какви се прашањата... нели дозволува да се задржат тестовите, ги има ли некој? :) Благодарам однапред :)
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678

Кога полагаш му ги даваш тестовите, така да никој ги нема. СМЈ 1 е лесен, двојката е малце потешка
 
Член од
29 јуни 2013
Мислења
36
Поени од реакции
18
Кога полагаш му ги даваш тестовите, така да никој ги нема. СМЈ 1 е лесен, двојката е малце потешка
Нам ни рече дека кога ке ги прегледа тестовите ке можеме да си ги задржиме за нас...
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Нам ни рече дека кога ке ги прегледа тестовите ке можеме да си ги задржиме за нас...

Да де, али на испит/колоквиум ќе ви ги земе најверојатно. Јас еве немам ниеден тест, останаа кај него
 
H

HoT IcE

Гостин
Македонски и Британски се боза бе, читнете по нешто и не би требало да имате проблеми на испит, бар за поминување, ако пуцате на 10ка, ќе си учите, многу јасно. Туку муабетот ми беше, прајте што прајте, спремајте се за морфологија и книжевност, ќе има оргии.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom