Значи според моите информации и консултации со мојата професорка во средно за Филолошки факултет таа ми го рече следново:
Под А секако да го земам Англиски јазик, која катедра не знам, најверојатно таа за професори.
Под Б се мислам дали да го земам француски јазик или италијански, ме интересира дали може да се земе јазик на факс под Б ако во средно тој јазик не сум го учел, ниту на курс, еве конкретно за мене - италијански, и дали би имал некои големи потешкотии за да вадам 6ки, ме интересира да знам додека е време да почнам да го изучувам италијанскиов затоа што професорката ми рече дека е каде каде полесен од француски.
Францускиот сум го учел во основно и средно и немам кој знае какво големо познавање, знам само убаво да ги изговарам зборовите и да ми дадеш текст да читам течно, и нешто ептен основа за на улица зборување, толку ми е знаењето затоа што ниту еднаш не ми се погоди салам професор.
А италијанскиот не сум го учел, се мислам ради него затоа што професорката ми рече дека е полесен, па да фаќам курс на 2 години некој, плус имам дома еден програм преку кој се изучуваат странски јазици за среќа го има и италијанскиот.
И изборот дефитивно падна на Филолошки, па затоа да си ја сфатам уште сега сериозно работава со италијанскиов ако е навистина полесен