Филолошки факултет - Скопје

Gunner_L

Lord , Lord Bendtner
Член од
7 април 2009
Мислења
922
Поени од реакции
500
Тешко е Англиски што се изичува и дали се знае колку ке се примаат ?
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Некој на компаративна книжевност/литература да не има? Да ми објасни основните работи, што предмети има и слично :) Фала однапред.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Иам само неколку прашања за вас :)
колку години траат студиите за професор по македонски јазик, и за македонска книжевност?
која е посупериорна, поинтересна и полесна од овие двете? :)
Каков впечаток имате вие?

дилема е меѓу тие двете :)
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Здраво
многу го сакам германскиот јазик знам по нешто и сакам да студирам германски.како ти оди?дај кажи ми нешто повеке? почнувате од нула,или? каков е факултетот? Благодарам однапред
Зависи на која катедра сакаш да студираш..
Ако сакаш со книжевност т.е. Катедра за германски јазик и книжевност, тогаш мора да имаш поголемо предзнаење( за да влезеш ти требаат 2, ама според тежината на тоа што се учи и колку се бара, би ти препорачала 4 години ).. Од три задолжителни предмети, 2 се на германски,а тоа се Германски јазик и Морфологија.. значи дефиниции и граматички поими учиш на германски..
А ако сакаш на Катедрата за превод и толкување, не се бара толкаво знаење бидејќи имаш само еден задолжителен предмет поврзан со германскиот т.е.Германски јазик..:)
Се надевам дека ти помогнав :)
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
511
Поени од реакции
131
sakam da odam na italianska katedra kakvi se uslovite? i posebno so me interesira spored vas sto e podobro da izucuvam za profesor ili kako preveduvac? kako polesno bi se snasol za rabota itn..... inaku imam soludno znaenje na italianskiot :D
 

proud_89

Legenden sterben nie!
Член од
17 јануари 2011
Мислења
147
Поени од реакции
87
Зависи на која катедра сакаш да студираш..
Ако сакаш со книжевност т.е. Катедра за германски јазик и книжевност, тогаш мора да имаш поголемо предзнаење( за да влезеш ти требаат 2, ама според тежината на тоа што се учи и колку се бара, би ти препорачала 4 години ).. Од три задолжителни предмети, 2 се на германски,а тоа се Германски јазик и Морфологија.. значи дефиниции и граматички поими учиш на германски..
А ако сакаш на Катедрата за превод и толкување, не се бара толкаво знаење бидејќи имаш само еден задолжителен предмет поврзан со германскиот т.е.Германски јазик..:)
Се надевам дека ти помогнав :)
Да се надоврзам и на ова. Првите две години на катедрата за превод и толкување се незамисливо без врска(гледано од наставен кадар и гледано од квалитетот на настава). Еден куп работи не се решени, секогаш има дефицит на професори и квалитетен наставен кадар. Кога имаш кога немаш предавања. Непотизам до бескрај, опасна бирократија, немање предавални, во овие 4 години се дешавало усните полагања да ги држиме во паркот зад факултетот на отворено. Не знам... хаос. Наводно нешто менуваат сега, последно време како стегнати делуваат, малтретираат со електронските пријавувања на испити, не толерираат повеќе каснење за запишување али пак истата гарнитура професори и бирократијци се останати. Трета и четврта година е веќе друг муабет. Барем надворешните соработници се доста подготвени и искусни преведувачи и толкувачи, се учи доста, еден куп трикови, финти, судски преводи, апостили и дрн дрн јариња! И професорите кај толкувачите се на ниво, некои стварно замараат али има што да се научи(повеќето од нив се од матичната катедра на книжевност-германска,англиска и француска).
Сума сумарум... првите 2 години се срање, само ќе се уназадиш освен ако самиот/самата нон-стоп не се преоптоваруваш со темелно учење на јазикот. Последните 2 години се интересни, и доста се учи, само ќе надокнадиш се што си испуштил во претходните години.
И кога сме кај задолжителните предмети еве конкретно германски јазик ако ти е прв, освен германски јазик 1,2,3,4 имаш според новата програма уште еден предмет кој ти е целосно на германски т.е култура и цивилизација на Германија! Само мислам дека е малце глупаво пошто во текот на студиите не можеш буквално 100 проценти да се фокусираш на еден јазик пошто имаш задолжителтен втор јазик, кој на оваа катедра го учиш исто толку колку и првиот. За некого можеби е предност, за некого не.
Тоа е вака накратко :p
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Иам само неколку прашања за вас :)
колку години траат студиите за професор по македонски јазик, и за македонска книжевност?
која е посупериорна, поинтересна и полесна од овие двете? :)
Каков впечаток имате вие?

дилема е меѓу тие двете :)
4+1 постдипломски.

Едната катедра е македонски јазик со македонска книжевност, другата македонска книжевност со македонски јазик (наставна) - на која што студирам.

Ако те интересира повеќе структурата на јазикот, граматика, етимологијата на зборовите итн. итн. тогаш избери ја првата опција. А доколку повеќе сакаш литература тогаш македонска книжевност (една година имаш предмет Светска книжевност каде што се обработуваат сите позначајни дела од антика до денес, подоцна имаш словенечка, српска, хрватска, бугарска итн.) или евентуално катедра за општа и компаративна книжевност (од оваа катедра досега излегоа најгенијалните луѓе во нашето општество што се однесува од областа на литературата).
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Тешко е Англиски што се изичува и дали се знае колку ке се примаат ?
Прашањево колку од бутур ти е пишано да не знае човек како да ти одговори.

Ама ајде ... Не, не е тешко доколку имаш солидно познавање веќе од истиот. Значи се подразбира дека знаеш да зборуваш англиски повеќе од Hi, my name is ...

Јас ова што ќе го изнапишам се однесува на Англиски јазик и Книжевност. За Преведување и Толкување можеби некој друг ќе ти објасни.

Се изучува се што би се изучувало за било кој јазик: Морфологија, фонетика, лексикологија, синтакса, мноооооооооооогу книжевност од сите можни ебени периоди во литературата (нормално, се е тоа на англиски).

Примаат се што мрда и не мрда иначе. Јас кога се запишував ем примаа дупло помалку од сега, ем имавме тест за компетенции кога уствари требаше да бидат укинати приемните испити. Long story short, сега примаат над 350 студенти секоја година.
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
511
Поени од реакции
131
до сите кои го студираат на филолошки факултет ако можи според ваши мисленје да објасните што е подобро да се изучува јазикот за професор или преведувач а конкретно ако некој го изучува италианскиот подобро би било да даде одговор. Значи ме интересира кој е покомплициран кој е по практичен со кој факс може полесно да се најде работа итн...... очекувам мисленја
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
56
Поени од реакции
20
има некој шо планира ова година да се запишва на филолошки од било кој град, од битола посебно?
Јас ќе се запишвам на филолошки - Англиски и книжевност, од Битола сум :)
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
38
Поени од реакции
4
Сакам да се запишам на филолошки-германски, ама го немам изучувано јазикот во средно, туку само на курс, па ме интересира дали ќе ми претставува проблем тоа при упис на факултет или не е битно дали си го учел јазикот или не во средно??? Help :(
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.800
Поени од реакции
7.054
Сакам да запишам сега општа и компаративна книжевност како паралелен факултет и би сакал да прашам дали има некои што студира тоа и како е задоволен?
 
A

Auditore

Гостин
Значи според моите информации и консултации со мојата професорка во средно за Филолошки факултет таа ми го рече следново:
Под А секако да го земам Англиски јазик, која катедра не знам, најверојатно таа за професори.
Под Б се мислам дали да го земам француски јазик или италијански, ме интересира дали може да се земе јазик на факс под Б ако во средно тој јазик не сум го учел, ниту на курс, еве конкретно за мене - италијански, и дали би имал некои големи потешкотии за да вадам 6ки, ме интересира да знам додека е време да почнам да го изучувам италијанскиов затоа што професорката ми рече дека е каде каде полесен од француски.
Францускиот сум го учел во основно и средно и немам кој знае какво големо познавање, знам само убаво да ги изговарам зборовите и да ми дадеш текст да читам течно, и нешто ептен основа за на улица зборување, толку ми е знаењето затоа што ниту еднаш не ми се погоди салам професор.
А италијанскиот не сум го учел, се мислам ради него затоа што професорката ми рече дека е полесен, па да фаќам курс на 2 години некој, плус имам дома еден програм преку кој се изучуваат странски јазици за среќа го има и италијанскиот.
И изборот дефитивно падна на Филолошки, па затоа да си ја сфатам уште сега сериозно работава со италијанскиов ако е навистина полесен :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
момци/девојки ја ќе се запишувам преведување и толкување англиски. Ај кажете ми имам ли шанса за државна квота со 80 поени се заедно ?
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
момци/девојки ја ќе се запишувам преведување и толкување англиски. Ај кажете ми имам ли шанса за државна квота со 80 поени се заедно ?
Зависи од интересот и конкуренцијата ама со 80 поени тешко во државна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom