Оваа е прва тема што ја отворам на форумов. Разгледуваав во оваа категорија тука и не најдов слична ваква тема. Доколку сум грешка, модераторите нека ја избришат слободно темава.
Насловот на темата сакав да го ставам Одвратни филмови и сл, но ај да не биде толку нападно, ставив поблаг наслов. Значи тука можете да пишувате за филмови, коишто сте ги гледале прв и последен пат, кои ви се тотално одвратни и нон-сенсе од аспект на тематика, сценарио, режија, глума итн...И кратко образложете зошто сметате така...
Темава нека биде обратна од онаа за предлог за добар филм...
Ќе започнам со
следниов филм, кој вчера го гледав на Сител...
Ова е една изветиперена, чукната, бизарна и одвратна приказна за еден 50-годишен, грд и пореметен маж, кој смета дека е жена заробена во машко тело...Типов е оженет и има две големи деца и прекрасна сопруга...
Закажува операција за промена на полот, а меѓувремено прима женски хормони и почнуваат да му растат гради и да добива женски атрибути...Почнува да се облекува како жена, да става женски накит, женски парфеми и да се шминка со тоа што изгледа како стара и грда распуштеница...
Дознаваат сите -најпрво жена му, па децата, па свештеникот во баптистичката црква, колегите негови од работи и на крај сите...И сеа демек како ќе го прифатат...
Со оваа гнаса од филм ќе треба на гледачот да му се сервира дека ваквата појава е нормална и дека да прифатиме ваков лик и да продолжиме нормално да живееме со него...
И на крај краева демек љубовта не исчезнува дури и ако сексот веќе го нема...Точно до негде...Пример со старите брачни парови, или парови кадешто еден од партнерите е болен физиолошки нешто и сл...Но сигурно не е земено предвид вакво нешто...
Филмов не препорачувам да го гледа никој зашто залудно ќе изгуби цели 110 мин...