Заврши снимањето на Ангели тројката
После два месеца снимање на 40 различни локации низ Србија, падна и последната клапа на филмот "Ми нисмо анџели 3". Сега останува уште постпродукцијата а премиерата приближно е закажана за некаде во октомври.
Режисерот на првите два дела Срѓан Драгојевиќ овој пат беше ко-сценарист и продуцента а режијата на филмот му беше препуштена на дебитантот Петар Пашиќ.
Работниот наслов на третиот дел е "Рокенролот го возвраќа ударот" а филмот се врти околу судирот на рокенролот и турбо фолкот. "Ангели 3" го сними новата продукциска куќа "Маслачак филм" во соработка со ТВ Пинк и Српското министерство за култура.
Во третиот дел повторно се враќаат Срѓан Тодоровиќ (ѓаволот) и Урош Ѓуриќ (ангелот) а меѓу другите ќе се појават и фолк пеачката Сека Алексиќ и кошаркарот Владе Дивац.
Претходниот филм "Ангели 2" е најгледан филм во српските кина со приближно 700.000 посетители.