The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 113
Се снима "Оceans 13"
:je::je::je::je::je::je::je::je::je::je::je:
Холивудскиот продуцент Jerry Weintraub објави дека Џорџ Клини, Бред Пит, Мет Дејмон, Енди Гарсија и Дон Чидл повторно ќе се појават пред камерите глумејќи врвни криминалци, овој пат во филмот "Oceans 13", продолжение на популарниот мегахит "Oceans 11" од 2001 година.
Како и во второто продолжение, "Oceans 12" од 2004 година, позади камерата ќе застане Steven Soderbergh, режиресот кој има добиено Оскар и Златна палма и заедно со Џорд Клуни кој е сопственик на студиото Section Eight, ќе го продуцираат овој филм.
"Oceans 11" инаку претставува римејк на класичниот Холивудски филм од 1960 година во кој група воени ветерани ги ограбуваат коцкарниците во Лас Вегас.
Оваа комбинација на акција, комедија и мјузикл во своето време немало нешто посебно значајна репутација, бидејќи Синатра и остатокот од глумечката екипа, снимале на лоша локација и целиот проект го разбирале повеќе како зафрканција отколку како филм, па така на него не вложиле некој голем уметнички напор.
Содерберг сепак успеа некако да го долови тоа што они не го доловиле тогаш па така со сериозен став го режираше "Oceans 11", кој имаше многу голем успех и кај критичарите и кај публиката. Меѓутоа "Oceans 12", имаше далеку поскромни резултати од првиот дел па поради тоа се најави и снимање на "Oceans 13" кој доаѓа како некое освежување.
Новиот филм веќе на самиот почеток ќе биде разочарување за фановите на Џулија Робертс и Кетрин Зета Џонс, за чии што ликови според најавите продуцентот во новото сценарио едноставно не им најде соодветно место. Нив би требало да ги замени Ellen Barkin.
Снимањето ќе започне наскоро, а филмот својата премиера би требало да ја доживее тек следната година.