The Dale of Desperaux / Приказната за Десперо
Премиера: 19 декември
Режија: Сем Фил
Сценарио: Гери Рос, Кејт ди Камило
Улоги: Метју Бродерик, Дастин Хофман, Еми Вотсон
Жанр: анимирана, комедија
Еднаш многу одамна, во далечното кралство Дор, се беше прекрасно, додека не се случи несреќа, која ги остави кралот и кралицата со скршени срца. Се се смени и стана тажно, сиво... додека не се роди Десперо Тилинг. Храброто и темпераментното глувче, Десперо, едноставно е поинакво и не може никако да се вклопи во малиот свет во кој живее. Иако е малечко, итро и има комично големи учи, сепак одбива да го живее животот како сите глувци – во темнина и страв... убедено дека е предодредено да се прослави во приказните за витезите, кои многу ги сака. Откако ќе биде избркан од својот дом, бидејќи не живее според правилата кои важат во светот на глувците, Десперо се здружува со Роскуро, отпадникот стаорец со добро срце. Тие двајца тргнуваат на интересна авантура.
Nothing but the truth / Ништо освен вистината
Премиера: 19 декември
Режија: Род Лури
Сценарио: Род Лури
Улоги: Кејт Бекинсејл, Мат Дилон, Дејвид Швимер, Анџела Басат
Жанр: драма, трилер
Филмот е работен според вистинската приказна за Рејчел Армсронг, млада репортерка во политичката редакција на “Капитало Сан Тајмс”, најтиражниот дневен весник во Вашингтон. Таа ќе напише експлозивна приказна и при тоа ќе го открие идентитетот на тајната ЦИА агентка Ерика ван Дорен. Со тоа ќе предизвика големи проблеми, а владата ќе побара од неа да го каже името на изворот, кои и ги открил политичките детали. Со поддршка од својата уредничка Бони, адвокатот на фирмата Арсон и сопругот Реј, Ребека мора да се соочи со итриот обвинител Патон Дубуа. Кога ќе одбие да го открие името на изворот, таа е затворена и јасно и е дадено до знаење дека клучот за излез од таму е во нејзините раце. Кој е човекот што таа го штити по секоја цеа и за кого е решена да жртвува многу работи?
The Spirit / Духот
Премиера: 25 декември
Режија: Френк Милер
Сценарио: Френк Милер
Улоги: Габриел Меч, Семјуел Л. Џексон, Скарлет Јохансон, Ева Мендез
Жанр: трилер
Филмот е адаптација на легендарниот истоимен стрип, од Френк Милер (креаторот на “Град на гревот” и “300”). Приказната се врти околу еден поранешен почетник полицаец, кој мистериозно се враќа од мртвите како Духот, и се бори против криминалците во Централ Сити. Негов најголем непријател е Октопус, кој има поинаква мисија – да го уништи омилениот град на Духот. Херојот не се откажува и го прогонува криминалецот низ подземјето на градот, катакомбите... Во текот на својата потрага тој се соочува со неколку убави жени, кои сакат да го заведат, да го сакаат и да го убијат, маскираниот херој. Таа е неговата одамна изгубена љубов. Дали ќе успее да ја спаси или таа има поинаков план – да го убие?
Valkyrie / Валкири
Премиера: 25 декември
Режија: Брајан Сингер
Сценарио: Нејтан Александер, Кристофер Мекваер
Улоги: Том Круз, Кенет Брана, Бил Најџи
Жанр: драма, воена
Во земјата каде злото владее, каде што полицијата го следи секој чекор, во светот каде правдата и честа се обезвреднети, група луѓе скриени во највисоките владеечки органи, решаваат да превземат акција. Гордиот полковник Клаус вон Стауфенберг лојално и служи на својата држава и се надева дека некој конечно ќе најде начин да го сопре Хитлер, пред Европа и Германија да бидат уништени. Сфаќајки дека времето минува, решава дека мора сам тој да превземе акција и да се придружи во германскиот револуционерен оптор. Знаејќи за тајниот план на Хитлер, за личен спас, познат под името Операција Валкири, Клаус решава да го убие диктаторот и да ја уништи неговата влада, одвнатре. Така човекот кој до вчера важеше за близок и советник на Хитлер, станува негов најголем непријател.
Revolutionary Road / Револуционерен пат
Премиера: 19 декември
Режија: Сем Мендез
Сценарио: Џастин Хајти
Улоги: Кејт Винслет, Леонардо Ди Каприо, Кејти Бејтс
Жанр: драма, воена
Ејприл и Френк Вилер се млада, брачна двојка која со своите деца живее во периферијата на Конектикет, во средината на 50тите години. Нивната самоувереност и лажно задоволство од личниот живот е само обична маска зад која се кријат многу поголеми фрустрации, поради неможноста да се чувствуваат исполнето од врската и кариерата. Френк е заглавен и незадоволен од својата канцелариска работа, а Ејрпил е домаќинка, која се уште не може да ја прежали пропаднатата актерска кариера. Решени да сменат нешто во своите животи и да им докажат на сите дека се поинакви, посупериорни од тие што живеат во нивна близина, планираат преселба во Франција, за каде што се надеваат дека ќе ги исполнат своите соништа. Но, не се свесни дека сепак многу ризикуваат...