Session 9
Вака се немам изморено од Memento. Фасцинантен филм. Толку обична приказна прикажана толку комплексно, што обичниот расплет изгледа толку неочекувано, изненадување. Толку ме извози филмот што незнам од кај да почнам да го рецензирам. Жалосно е да го класифицирам како хорор кога заслужува своја класа. Ако очекувате неконтролирано шприцање крв и црева, цицки, трчање низ шуми прогонувани од мутант, филмов не е за вас. Ако сте по психолошки хорор, што бара концентрација, мислење и запазување секој детал, тогаше е must see!
Локацијата е сама приказна по себе, напуштена ментална болница, енормна, што од нејзината конструкција лазат морници, а да не пишувам за внатрешноста. Морбидна тишина, што дури дава чуство дека болницата е жива, преовладува еден supernatural елемент. Приказната е 5 карактери, кои се согласуваат да ја спасат болницата од распаѓање една недела порано од понудата на други компании. Одтаму започнува притисокот, тензијата меѓу актерите, што се доста клучни за плотот. Во позадина тече втора паралелна приказна, која, лично по мој вкус, ѕверска но е многу тешко да се спојат линковите на крајот. Кршлива поврзаност, што впрочем ако се обрнале доста внимание, посебно на расплетот сами во темна соба, нема да ви биде проблем. Ве навлекува сами да си ја раскажувате приказната, дали е приказната за прогонуваната мрачна зграда, дали одмазда меѓу ликовите, дали сосема трето, крајот ќе ве задоволи, ако не барате spoon-fed одговори како досаден LOST фан.
Секоја чест за режисерот од секој аспект, што впрочем не ме изненадува кога видов кој е и каква атмосфера има створено во The Machinist. Слична тензија и морбидност преовладува и во овој. Едиствено што можам да замерам е претставувањето на актерите. Тешко се ствара конекција, да симпатизираш со нив, да навиваш за некој, за секој осеќаш жал и омраза истовремено. Има некоја уникатна убавина во тоа, но како што реков, потребна е атмосфера за да се долови моментот. Е тогаш ќе осетите какво зло прикажува филмот и колку е језива помислата. Многу ќе се разочарат кога ќе го гледат и ќе ме хејтаат. Не е за сечиј вкус, ако повеќе цените сечење, крв уз плавуши, слободно скокнете го овој.
Длабок. Морбиден. Ѕверски. Jaс му спуштам капа.