Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.253
P.S. Испадна дека Cruel Intentions е всушност очаен римејк на Dangerous Liaisons, кој исто така е очаен. За тие што не ги гледале - ич не ги гледајте!
Од филмов единствено се сеќавам дека го имам љуштено на Рис Витерспун и Сара Мишел Гелар со таа убедлива 90-ти trademark фаца.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.105
Од филмов единствено се сеќавам дека го имам љуштено на Рис Витерспун и Сара Мишел Гелар со таа убедлива 90-ти trademark фаца.
Сара Мишел Гелар е бонбонче, да :love: , ама Риси никогаш не била ништо посебно. Тука до душа дека малечка, пак личи на нешто, барем во телото, ама сега е страшна! А инаку, филмов има толку очајна глума што кринџав цело време дур го гледав. Не се сеќавам дали и кога прв пат го гледав имав такво мислење, ама па јас да застанам да глумам ќе одглумам подобро од ова. Човече, ко тие емисиите на MTV - "14 and pregnant" ми делуваше. Ко да го читаа текстот од некаде. Плус па и ко видов дека е римејк на Dangerous Liaisons кој и самиот едвај го преживеав... Значи ужас, тежок! Ама ако сака некој да ја „гледа“ Сара Мишел Гелар или некоја да го „гледа“ Рајан Филипи - тогаш би го препорачал. Инаку, не би сакал да умре некој од досада.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.528
Поени од реакции
13.852
Гледај го и The Legend of 1900, исто на Торнаторе, исто со музиката на Мориконе.
Мене ми беше малце послаб од Синема, јас вчера го гледав после толку време у букмаркс.

Кај бе го нашол Тим Рот ебате у ваква драма да глуми не ми е јасен, од толку актери што поубаво и поемотивно би го донеле ликот на Новеченто, овој Тим Рот покварениот го земал. Не може тој негов тастерски поглед да те натера да сочувствуваш.

Освен оваа замерка другото е топ. Истотака прекрасен и топол филм.

На Синема цимолев, на овој не. Не може Тим Рот да те расплаче.

Фала. Само што то изгледав. Уживав во целиот филм, прекрасно скроено и раскажано. Мене па баш ми се допадна ликот на 1900.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.105
Утре ги објавуваат номинациите за Оскар. Да ве потсетам дека можете уште денес да предвидувате во анкетата тука: https://forum.kajgana.com/threads/94-американски-филмски-награди-Оскари-2021.112337/ кои 10 филма ќе бидат номинирани за Оскар за најдобар филм. Секако, и други предвидувања во другите категории, желби, стиснати палци...
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.528
Поени од реакции
13.852
Колеги, може ли некој да ми испрати линк од страна кај што можам да гледам филмови? Ако вака продолжам да симнувам секој ден ке го сјебам нетот.
Филмовите треба да бидат 1080р и превод, ангиски е доволно.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.204
Поени од реакции
8.297
Колеги, може ли некој да ми испрати линк од страна кај што можам да гледам филмови? Ако вака продолжам да симнувам секој ден ке го сјебам нетот.
Филмовите треба да бидат 1080р и превод, ангиски е доволно.
па на секој начин ти пак ке го сјебеш нетот дал симнувал или гледал онлајн
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.528
Поени од реакции
13.852
па на секој начин ти пак ке го сјебеш нетот дал симнувал или гледал онлајн
Сакаш да кажеш дека е исто ако симнам филм од 4гб. и ако го изгледам онлајн?
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.204
Поени од реакции
8.297
Сакаш да кажеш дека е исто ако симнам филм од 4гб. и ако го изгледам онлајн?
According to Netflix, you use 1 GB of data per hour when you stream a standard definition (SD) video. High definition (HD) videos, on the other hand, use 3 GB per hour. And 4K Ultra HD streams use up to 7 GB per hour of video.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.782
Поени од реакции
2.756
Можи малце помош од поупатените плз :) ?

Барам постар апокалиптичен филм од 2000-2010???? За да дојди крајот на човештвото мислам дека требаше да се исполнат 2-3 услови, со што чашата со души на господ ќе пресуши. Едниот услов мислам дека беше невин затвореник да биде погубен во затвор, другиот да се роди мртво дете. На крајот еден од условите нема да се исполни и циклусот на души (реинкарнација??) ќе продолжи.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.242
Можи малце помош од поупатените плз :) ?

Барам постар апокалиптичен филм од 2000-2010???? За да дојди крајот на човештвото мислам дека требаше да се исполнат 2-3 услови, со што чашата со души на господ ќе пресуши. Едниот услов мислам дека беше невин затвореник да биде погубен во затвор, другиот да се роди мртво дете. На крајот еден од условите нема да се исполни и циклусот на души (реинкарнација??) ќе продолжи.
Вака од прва приказната одма ме потсети на овој, само малце постар е


Sent from my GM1913 using Tapatalk
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.782
Поени од реакции
2.756
Вака од прва приказната одма ме потсети на овој, само малце постар е


Sent from my GM1913 using Tapatalk
Тој е, фала! И покрај тоа што дадов малце и делумно неточно инфо го најде :bravobe:

Ми беше врежан во глава и од нигде никаде ми текна дека постои само не ми текнуваше на името.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Верувам повеќето сме запознаени со трагичниот живот на еден од највпечатливите и најдобрите споредни актери своевремено во Холивуд, Џон Казал.
Проклетиот Фредо.

Начекав еден документарец, 40 минути трае, каде колегите и пријателите се осврнуваат на неговата кариера во сите 5 култни филмови каде се има појавено. Општо познат факт е дека Џон Казал глуми во 5 филмови и сите тие имаат номинации за Оскар за најдобар филм.

I Knew It Was You: Rediscovering John Cazale
се вика и дефинитивно вреди да се изгледа.
Да се види со каква емоција и почит зборуваат за него ликови како Ал Пачино, Роберт Де Ниро, Форд Копола, Сидни Ламет, Мерил Стрип и дел од помладите актери кои за жал немале таква можност да работат со него. Стив Бушеми, Филип Сејмур Хофман, Сем Роквел.

Знаеме за големата взаемна љубов и односот што го имале со Мерил Стрип и нејзината пожртвуваност во последните моменти од неговиот живот додека она била на самиот почеток на својата кариера. До самиот крај се нема откажано од него и била покрај него цело време.

Како Ал Пачино го има убедено Сидни Ламет да го земе во Dog Day Afternoon, откако овој бил скептик за Фредо. Да, после Кум, Џон Казал имал проблем да најде работа пошто никој не сакал да си има работа со Фредо.
Мада, убаво вика Сем Роквел, у двојката ти веќе навиваш за Фредо и го мразиш Мајкл.

Роберт Де Ниро делел од својот хонорар само да го има Џон Казал покрај себе во култниот Ловец на елени. Сцените со Џон во тој филм се снимени најпрво со оглед на неговата состојба каде веќе бил во длабока и напредна фаза на ракот на белите дробови.

Го има и брат му тука кој не успеа да ги задржи емоциите.
Се гледаат солзи во очите и на Мерил Стрип и Ал Пачино на крајот.

Стварно, со каква емоција зборат за него, со каков восхит го гледале.

Ал Пачино вика дека од Џон Казал научил за глума повеќе од било кој колега или режисер.

Многу харизматичен и впечатлив актер, со вечита тага во неговиот лик и појава која никако не те остава рамнодушен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom