Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
Да. И ја не сум одушевен од начинот на кој ја презентираше таа критика, ама генерално не ми беше за оценка 1 до 3, какви што беа повеќето.
Jas konkretno mu dadov 1ipol od 5. A go sakam Jim dovolno uste so starite filmovi. A novite dva mi se edni od najomilenite dekadava (Paterson i Only Lovers). Taka da naviknat sum mu na absurdnostite... Ama nemase trud vo ovoj. Only Lovers u subtilno ja prezentira taa kritika za zombinja (uste tamu mu se gleda zacetokot na idejava plus interna sega ni e so devojkata za zombinjata opstestvoto i konsumerizmot i sve okolu toa) ama Lovers pomegu toa izgleda i fantasticno, kvalitetni dijalozi, porno muzika itn..

Ja sum uvregjen od site 5ki so sum gi dal na malick, whatto anon go vika na pivo....................
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.242
Поени од реакции
84.271
Ок, може повеќе ми се свиѓа пораката отколку што е добар филмот.
На пример, ја и жена ми немаме смарт фонови и глеам како иде времево за све нешто ти треба смарт фон.
Зомби ко вас не станувам, а пошто немам друг избор ќе треба на друга планета да избегам или ко Буцио (Том Вејтс) да станам изолиран препер и да ве глеам како се јадете.
 
Член од
20 јануари 2019
Мислења
32
Поени од реакции
55
Кое смеење ќе биде на крај кога Теренс Малик ќе им ги украде сите награди на Џокерот,и на Авенџерс со Хиден лај.Не сте свесни што лудило ќе биде.
Синеплекс ако некој таму одговорен,дежурен,администрација,дистрибуција како кур да го викате ако ме слуша,ме чита било што значи донесете БАР ЕДЕН ФИЛМ од ТЕРИ еден ништо повеќе не барам сакам да го видам мајсторот како е да се гледа на големото платно ве молам.Ќе го репризирам,таму ќе ви кампувам,ќе частам,еве ако треба и со Анон ќе го гледам-ЈАВНО КАЖУВАМ ЧЕСЕН ЗБОР само донесете го дајте да го видиме.Човекот има 80 години,да се надеваме дека ќе си дочека уше толку ама како што ги снима,и ги вади премиерите после 25 години тоа мало моргем затоа ајде нека биде A Hidden Life.
:place:
Не одлучуваат Синеплекс за тоа кој филм да се донесе. Тешко дека овој..
Едино на Синедејс можда

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Vtoriot high life me zdrma jako, obicno ne se diturbnuvam lesno ama ovoj so konstantnosta, me stavi u trans i si zema danokot, ko trip od noe da gledav. Scifi u space so robert patison (koj razvali, edvaj cekam da go vidam ko betmen), ovaa julie binoche i mia goth. Top ekipa, kreativna reziserka. Preporaka.
Ќе ти пишев да ја образложиш оценката, ама search-нав пред тоа. Како што и си мислев - weirdness е полн погодок кај @wot . Се прашувам само зошто се уште го немаш гледано Under the Silver Lake.

За High Life - оригиналност 10/10, глума 10/10 (Патисон е навистина едно од најголемите изненадувања за мене во последните години - таква трансформација од Едвард Кулен во се останато што изглуми, искрено, не очекував), визуелно 10/10 (бои, светлина, се чини се си има своја цел и причина), музика (песната на крајот, де) - 10/10... Ама многу ми сметаше средината на филмот каде Денис фокусот од Монте и Вилоу го сврте до тоа што довело до нив двајца заедно сами таму горе, а тоа ми беше навистина ем голема дистракција, ем на моменти претенциозно и ко веќе видено (ете, ме потсети на еден Suspiria, да речеме, филм кој воопшто не ми се допадна). Ќе беше подобро Денис наместо да се сврти кон Ное-и-Гвадањино-like visuals, да си тера една Линклејтер или Малик драмичка ко на почетокот и крајот, и да беше максимално досадно, наместо да ја гледам Бинош како се дави во сперма (btw, многу јак коментар прочитав - ова ко Клер Денис да гледала Interstellar и рекла: „Супер е, ама фали сперма“ :pos:). Само затоа што ова ми изгледаше ко да гледав 2 филма лошо измонтирани во едно, од мене доби една 6. Ама дефинитивно ќе го помнам филмов!
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.890
Поени од реакции
6.166
Рускиот Лето што ни беше во клубот го даваат на Cinestar Premier 2 моментално.
Можете да отепате 2 попладневни часа на добар филм и уште подобра музика. :D

Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Некој интересни сликички од панини се надевам се допадливи.
Релација Феникс-Леџер последната :place:
Метју:place:

69695085_164774004637017_6262412673344132402_n.jpg 67827315_150446202718227_2074451763669283782_n(1).jpg 67573706_153722285705404_3418202089540631189_n.jpg 67947927_129420285033002_6914539429233007751_n.jpg 67664321_122059715818584_1844143447750898187_n.jpg 67673600_126585261994564_2583057221135584180_n.jpg 68710680_571919890007722_2088028760333491811_n.jpg
70301294_237247277250015_325843786142327061_n(1).jpg
69235718_2623819607638850_7223611570750288624_n(1).jpg
 
Attachments

Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.918
Поени од реакции
42.625
Добар Dead don't die, добра поента има, а и многу смешни сцени, штета што има толку батхрт луѓе што го утепале со оцени, да беа такви и за педерлаците што им ги сервира Холивуд арно ќе беше.
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Океј, здушно се придружувам кон генералниве онании на форумов над интерпретацијата на Финикс на Joker-от, но се чувствува дека филмов ќе биде критика на современово општество персе, кое од паупери и ауткести продуцира архи-негативци. Тоа ги одзема елементите на стриповска луцидност кои беа присутни во филмовите на Бартон (моите омилени) и се приближува кон социјална критика и трансформирање на жанрот во психолошки трилер, налик на трилогијата на Нолан, која потполно ја исцица оригиналната комик букс магија. Форк ит, најверојатно Финикс ќе ме демантира, ќе го редефинира жанрот и ќе ги собере сите могуЌи награди за филмов.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591

Се е работа на вкус. Зависи какви филмови повеќе сакаш да гледаш. За мене ова е баш доброто во филмот. Трилогијата на Нолан е нешто најдобро што му се случило на суперхеројскиот жанр за мене пошто докажа дека може да се раскажуваат и посериозни и помрачни приказни базирани на стрип ликови. Мене лично ми е смачено да гледам шаблонски суперхеројски филмови со стандардни акциони сцени, хумор и family friendly приказни (како многу филмови на Марвел). Секогаш сакам да видам поинаков пристап. Некогаш и тоа е ок ако е добро направено ама во случајов на Џокер баш ваков мрачен тон му одговара на филмот.
 
Се' што напиша стои, освен еден ситен детаљ, а тоа е дека Бетмените на Бартон се се' само не шаблонски, суперхеројски family friendly филмови.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Се' што напиша стои, освен еден ситен детаљ, а тоа е дека Бетмените на Бартон се се' само не шаблонски, суперхеројски family friendly филмови.
Дефинитивно не се. Не мислев на нив. За нивно време и тие биле сметани за мрачни и контроверзни. Ги обожавам тие филмови иако трилогијата на Нолан ми е сепак подобра ради пореалистичниот пристап.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
>taking part in this production
ќе им носи вода кога ќе ожеднат
А добро, ако е онаа од постерот ќе се појави чат-пат

Официјално е!!! Веќе долго време се мачам да не разкажам на сите дека станав дел од @marvel универзумот и дека земам дел од оваа продукција!! Овој цел момент беше исполнување на сонот, па се сега се осеќам благодарна и смирена Ништо од ова немаше да постигнам без верба, мојата фамилија и мојот кикас агент!! .

Патем, што се десило за да се створи оваа, наша се сковала со црнец, наш сковал црнкиња...?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom