- Член од
- 14 октомври 2010
- Мислења
- 5.147
- Поени од реакции
- 16.082
Јас ги гледав трите дела во краток период и се согласувам дека Глас не беше на левел на Сплит (Џејмс е најдоброто нешто во трилогијава, глума и приказна на лик), али не ми беше разочарување, поготово не крајот. Зошто? Зашто можел еден куп краеви да склопи, тој ко визија го имал ова. Дали може јас, ти или некој трет си имал друг крај во глава? Јас искрено не, пошто кога гледам филм сакам да видам што ми сервираат, и како ми е тоа сервирано.Its Shyamalan, what did you expect? MCU blockbuster? lol
Освен Аватар, кога ќе му ги видиш другите проекти, он се држи кон мали граници, затворена територија, мал буџет, твистови, и пркос на очекувањата. Многумина очекуваа дека приказната ќе води кон некаков епик шоудаун на таа кулата што ја спомнаа, ама не се случи, и Шајко сам искоментира дека тоа беше намерно затоа што целеше кон тоа приказната да биде сместена во колку можно по-реален сетинг, а во вистинскиот живот дека не би виделе такви епски битки како кај Марвел или ДЦ. Во што до одредена мера се согласувам.
Мене единствено разочарување ми беше крајот, таман кога го открија твистот, и ги скинаа сите конци за понатамошно откривање на повеќе тајни. Шајко останува на трилогијата и нема да прави нови продолженија и мене тоа повеќе ми бодеше очи отколку се друго што се случи. Се останато до некаде имаше смисла. Се надевам сфаќаш на што мислам, не сакам да претерам со спојлери, сигурно има некои кои не го гледале филмов па да не кршам mood
За глумата мислам дека едини поплаки што чув беа за Брус Вилис, а за сите останати само позитивни критики.
Проблемот со денешниве генерации научени на задоволување од секаков можен аспект е ова. Јас мислев дека така ќе заврши и готово, срање е филмот пошто не заврши јас како што мислев. Не, туку изгледај, размисли, смени насока малце, види друга страна на работите, па твое е дали ќе ти се допадне или не. А пак за ваков вид на филмови, сигурно дека логиката е јака страна и дали работите имале смисла.
Мене не ми се допадна Сара во филмов. Не знам зашто, не знам како, ко да ја пикнале зашто има пет минути слава сега. Брус си беше на левел погоре од тоа што е, да не речам дека се надминал човекот.