Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Како прво машко сум. Како второ јас ти поставив прашање уште одамна, а тоа е како треба да хејтам филм? Како трето, или одговори или одеби.
НЕТЕ СЛУШАМ ОД МУЗИКАВА!!

Quid pro quo душо.... ти се силеше дека ќе донесеш хејтери на Ла Ла колку што истиот има фанови, ти отстапувам предност.
Прво тоа, второ... не знам колку постови тебе ти имам до сега пишано образложувајќи се и објаснувајќи ти тоа што го прашуваш. Не е работата во „Речи дека не ти се свиѓа, ама потенцирај дека е квалитетен“, ама одбивам да рационализирам со тебе додека ми влегуваш full on инат, џабе ќе дискутираме ако ти мислиш да ми ги скокаш постовите all together и да си ја тераш агендата заслепен од инат.
Прибери се прво, не ме прозивај во секоја дискусија, покажи дека имаш интерес за размена на ставови, а не докажување кој е во право кој е во криво, и ќе ти одговорам што сакаш колку сакаш.
 
G

grande-juve

Гостин
Секој си има право на свое мислење, и не се филмовиве математика па на сите исто да ни искача, секој си е посебен чоек и посебно се поврзуе со филмот.. мене лично нема зошо да ми смета ако на некој му се глупи филмовите шо ја ги сакам, али малку пецка ако некој каже дека ги сакам ради тренд или оцена или трето нешо.. ако не ни се свиѓа нешто не мора на другите со различно мислење да им додаваме разноразни придавки.. никој не е грешка и сите сме во право, њама потреба од вакви смешни кавги :D Ај сите у кино :D
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.440
Поени од реакции
9.348
Да тоа не чинеше само, што рече дека другите сакале филм зошто сите го сакале. Иначе и на летт за секој филм кога и да отворам од сите тука има различни оцени. Некој му дал 5, некој 1 ѕвезда, па никој со никој не се раскарал ни се навредиле за различните вкусови. Мада, мене некогаш ми доѓа да му речам на некој ееј ало што е оваа двојка. Земам јас ставам 5 ѕвезди, срце ставам, во несвест паѓам од некој филм и гледам кај оцените две двојки. Срцето ми се крши :D
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Постојат 2 типа на луѓе, тие шо им се допаѓа Ла Ла Ленд и тие што уште го немат гледано :D МДИ и шумеча мора да се од друга планета :unsure:
Јас бев прозван тука дека коментирам без да гледам, во ред, го изгледав филмот си пишав тоа што пишав, и повторно бев без потреба прозван значи буквално за ништо. Сега муабетот оди во друг правец, значи сега треба јас да читам од порано објаснувања, да не бидам досаден, значи тука не си во право никогаш. И сето ова само затоа што на некој му текна по втор пат да се чепка и тоа само заради сеир. Јас во дискусијава сум само заради Ла Ла, Мементо и Казабланка ми се јаки филмови.
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Постојат 2 типа на луѓе, тие шо им се допаѓа Ла Ла Ленд и тие што уште го немат гледано :D МДИ и шумеча мора да се од друга планета :unsure:
Прав си до некаде...Имат два вида луѓе, тие шо свршват на емa и тие шо не им се свиѓат филмот. Ја искрено уште незнам кај спаѓам :unsure:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.440
Поени од реакции
9.348
Секој си има право на свое мислење, и не се филмовиве математика па на сите исто да ни искача, секој си е посебен чоек и посебно се поврзуе со филмот.. мене лично нема зошо да ми смета ако на некој му се глупи филмовите шо ја ги сакам, али малку пецка ако некој каже дека ги сакам ради тренд или оцена или трето нешо.. ако не ни се свиѓа нешто не мора на другите со различно мислење да им додаваме разноразни придавки.. никој не е грешка и сите сме во право, њама потреба од вакви смешни кавги :D Ај сите у кино :D
Не се прави сега демек не ти е ич до оцени и до туѓи мислења, се сеќаваш што ми кажа кога ти го предложив Казанова?
- Не ми преминува преку филтрите.
А кои ти се филтрите?
- Оцените и критиките слаби му се. :P:P:P
 
G

grande-juve

Гостин
Не се прави сега демек не ти е ич до оцени и до туѓи мислења, се сеќаваш што ми кажа кога ти го предложив Казанова?
- Не ми преминува преку филтрите.
А кои ти се филтрите?
- Оцените и критиките слаби му се. :P:P:P
па да, тоа за симињање, ако глеам таму 5,7 имдб и 34 критика ќе го прескокнам одма, зашо иам милион филмови од кои поише очекуем неглеани :D, a тие шо ги глеам само јас им кројам капа и никој друг :D
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Последен пост, ветувам. :D
Не сакам да цитирам, ама пошто сум од друга планета:
IMG_20170220_191358.jpg
А можам и комотно да лепам скриншоти од месенџер за филмов дека не го сакаат сите. Ако на 4-5 души од Кајгана им се допаѓа што коментираат само во овој форум, не мора да значи дека на сите им се допаѓа.

Да, и јас грубо почнав за филмот да пишувам, за тоа се сложувам. Ама Вато, белки си свесен дека попрво ти може да имаш забрана од Кајгана. И да, ова беше многу ниско од мене и глупаво ми е, признавам. Ама се напнувам кога некој си полни его на нечија сметка. Признавам шала на моја сметка, ама сѐ има граници. Mислам ми е првпат вака да посочам некого, ама ако молчам и се ќезам во ДК, не мора да значи дека сум таква секогаш. Туку не планирам да се докажувам со некој што не прифаќа туѓо мислење и не знае да се изрази на поинаков начин, освен со осудување, па си тера по свое. Не зборам конкретно за тебе, општо. Сите се демек со отворен ум, а уствари затворен ко конзерва грашок. Затоа си терам по мое, смеј се и пеј и сѐ е океј.

Како јас да почнам да се изживувам врз некого во гурманско, зошто си ставил запршка во грашакот, нормален си????!!! Ај иди у друг форум, поима немаш од готвење, да не сум те видела у наредни 10 години тука.
Убаво е? Е па не е.

Да, во средно за време на секој распуст ги имам изгледано сите ретардирани тинејџерски филмчиња. И си ги пишував на Фемина, да. На мои 15 години, кога симпатија ми беше Гослинг. Сакам филмови, но не гледам премногу. Можеби немам летер и не лепам оцени затоа што не се сметам за доволно компетентна, можам само да кажам дали некој ми се допаѓа или не. На имдб сум речиси 6 години и си ги имам заведено сите гледани филмови и не е вистина дека гледам само најнови филмови. Во целиов живот имам изгледано 498 филмови. Не сакам да делува како се замарам за сечие мислење и дека се докажувам, пошто секако е небитно. Ама ако сакам и пооосебно ако сум у пмс, можам да испишам реферати и без смајлиња. Од една страна не ми е гајле, ама од друга ако сметам дека сум во право барем делумно ќе си кажам мислење. И нема да преќутам ако сите се за, а јас сум против. Не си зимајте премногу за право да осудувате.

Конкретно за Казабланка, ме наежи делот кога во кафаната/ресторанот се натпејуваа со француската и германската химна. Ми се допадна филмот да, ама не ми беше нешто посебно. И мене ми газат на нерв кога ќе исхејтаат некој филм што мене ми се допаѓа, ама нема потреба од навреди. Продужете си, ко ништо да не било.

Ај поздрав сега. Don't sekiracija, just relax and uzivancija. :D Кој е за Дабуле? :D
 
G

grande-juve

Гостин
финтата беше демек ради тренд кажуеме дека го сакаме.. а филмот кој сака колку сака нека го плука, не му се свиѓал и нема тука никаков проблем, и ич не е важно колку души го сакаат, али такви постови еве и ко тој на пеџа нервираат, зошто да се збори дека тие што го сакаат го сакаат ради тренд, хипстеризам или глумење експертиза.. или па да хејташ филм на неглеано само ради реда.. смешно.

а за релакс и уживанција и јас сум заговорник :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.685
Поени од реакции
38.870
стварно ла ла ленд е само обичен мјузикл, и хајпот е само околу тоа што е еден од ретките такви филмови што се вадат, плус со миленикот на женската публика гослинг иако не сфаќам што гледаат у тој човек. Единствена добра улога му е у Drive кај што не ни има некои дијалози, а отвори уста катастрофа е, па и за оскар го номинирале пфф
 
Последно уредено:

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Не си стојам на зборот, знам дека ветив...
Ама ситуацијава ненормално ме потсетува на 12 Angry men. :D Си играме guilty, not guilty. Дали се преценив не знам, ама се препознав во еден лик. :oops:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
@shumecha.tableta Шумеќа, зошто ја постираше сликата од мислењето на Пеџа?
Зар мислиш дека не веруваме дека постојат повеќе луѓе на кои не им се допаѓа филмот?
Или сакаше на некој начин да се пожалиш зошто на него не (сме) му се сипале?
Последен пост, ветувам. :D
Не сакам да цитирам, ама пошто сум од друга планета:
Прегледај го приврзокот 165224
Сакам филмови, но не гледам премногу. Можеби немам летер и не лепам оцени затоа што не се сметам за доволно компетентна
Не мора да си компетентна за ова.
Реченицава ти е напишана само колку да се направиш повеќе невина, скромна и слично.
Не дека не си.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Зар мислиш дека не веруваме дека постојат повеќе луѓе на кои не им се допаѓа филмот?
Corvus паметната не верува, дури сака и да и донесам за да докажам. Мисли дека филмот е сакан од 7 милијарди луѓе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom