Да да, тоа беше најтрогателното, знам дека е вистинска приказна, иначе вредно да се спомене и улогата на Kristen Stewart во филмов, мала ама забележителна, според мене подценетa актерка и хејтана заради улогите во Твајлајт, девојкава е Кока Кола за Патисон од поглед на глума
Или по ново, девојкава е Амди Бајрам..)))
Ја искрено не ја ни забележувам девојкава кога глуми, многу ми е бездушна...
Треба да направат наградна игра, милион долари за оној кој ќе ја фати насмеана..))

Секако дека ми текнува, таа сцена беше причината за филмот да го подигнам од просечно - солиден, на стварно добар, ме шокираше тотално и бев пријатно изненаден од крајот...кој човек стварно неможеше да го предвиди, браво за сценаристите! (
Секоја сцена на Даглас во филмот е закон, секоја сцена има значење, има одличен дијалог, одлична глума и по малку хумор Сум го гледал многу одамна ама не сум го разбрал, сега ми дојде топ. Ретко паметен филм, ни покажува во какво општество живееме, а снимен е пред 17 години.

Погрешен цитат ама се разбираме, Даглас е неверојатен во филмот, прав човек од секојдневието на кој стегите од истото и тешкиот живот му дошле преку глава. Далеку од профил на психопат би рекол, ако некои така го интерпретираат истиот..филм кој мора да се види! и да, субтилната доза на црн хумор е исто така одлично презентирана

Се мислев дали да го постирам во кратки филмови или тука ,али пошто сите 8 кратки филмчиња беа добри ,не само како посебни туку и како целина решив тука .
Целиот минисеријал е осмислен како реклама за BMW ,Клајв Овен го толкува шоферот,сите се режирани од различни познати режисери како :
John Frankenheimer,Ang Lee,Wong Kar-wai,Guy Ritchie,Alejandro González Iñárritu,John Woo,Joe Carnahan,Tony Scott...
Некои изобилуваат со акција и адреналин пошто има епик брканици ,други имаат малце подлабока емоционална тематика....
Да надополнам,гостуваат многу познати личности,од Адријана Лима до Џејмс Браун и Мерлин Менсон .
Две страни се борат во мене околу овој филм, ѓоа Едвард Нортон во primal Fear, Рој или Арон, Арон или Рој, го менувам моето мислење секоја минута околу тоа, на кој начин да го гледам овој филм, зошто едното гледиште ќе помине, а другото не. Имав големи примедби во однос на приказната која не ме убеди, а бидејќи е биографска, побарав некои податоци и на мое големо разочарување, it's Hollywood again, Холивуд и неговите епски херојски приказни, и таму кај што ги има, а особено таму кај што ги нема.
Па така, ако се обидам да го тргнам на страна фактот дека ова е биографска приказна, филмот ќе помине. Кога не би бил биографски, би рекол дека филмот е над просекот. Почнувајќи од Emile Hirsch, кој одглуми добро, соодветно на улогата, па до убавите пејсажи од дивината, неколкуте добри споредни улоги и потргагата на еден човек по некаква сопствена слобода и мир... Ќе пројдеше сето тоа, иако ќе имав замерки на должината на филмот, а ќе имав и некои замерки кои секако ги имам без разлика на гледиштето, а ќе бидат спомнати во другиот дел од текстот. И се разбира, крајот, ваков каков што е, ќе ја задоволеше мојата потреба за избегнување на уште еден холивуски булшит крај и ќе бев среќен. Ќе му дадев нешто измеѓу 7 и 8 и ќе го препорачав на оние кои сакаат побавни филмови, драми и пореални авантури. И ако вие можете да го занемарите фактот дека се работи за биографска приказна, оваа рецензија можете да ја прекинете овде.
Проблемот е, мене не ми штимаше нешто, па побарав некои факти по интернет, но ќе се навратам на тоа подоцна, а прво ќе пишам за работите кои филмот ги погодил. Се разбира, знам дека секој биографски филм е неточен, приказните се надувани, спектаклите се поголеми спектакли... Тоа е нормално, ама за настани кои се случиле многу поодамна и за кои постои нецелосна документација итн... Ова што се случуваше во филмот е нешто друго: глорификација на лик за кој во најмала рака е дискутабилно дали го заслужува тоа, ете да не го отфрламе комплетно. Кого ние славиме во филмов и ако нашиов лик е херој, во што се состои неговиот хероизам?
Не го гледам делото, а причините се неиздржани. Тоа ми е онаа замерка која ја спомнав, без разлика дали е биографиски или е фикција. Крис имал проблеми со родителите додека растел. Многу се карале. Покрај тоа имал и еден „голем“ проблем, технички гледано, испаднало дека тој и сестра му се вонбрачни деца. Тоа е тоа во суштина. Покрај овие лоши работи, родителите на Крис му обезбедиле финансиски добар живот и образование. По дипломирањето, Крис ги дава заштедените пари во добротворни цели и тргнува да живее во дивината, читај: да биде храна за мечки и остали животињи.
Сега да се разбереме, има милиони деца што ги имале маките на Крис со родителите, а многу е мал бројот на тие деца кои ги имале придобивките на Крис. Причината за бунтовност е во ред, но ни отприлика блиску до ваков чекор, кој сам по себе е глупав, необмислен, и не решава ништо.
Да не зборувам дека во неговите скоро две години отсуство од дома, со кое решава на некој начин да ги казни родителите, не наоѓа за потреба ниту еднаш да ја побара својата сестра која го сака најмногу на светот. Бидејќи и јас имам сестра која ме сака најмногу на светов, знам колку е ова идиотски, и треба навистина да се наоѓаш во некаква чудна состојба на умот за цели две години да не испратиш порака.
Понатаму тешки спојлери:
И не само тоа: Крис не знае ништо за дивината, за да има било каква шанса да преживее, дури и дивината да е онака пристојна како во филмот. А според дијалозите и дневникот, не знае многу ни за општеството кое го мачи, како и повеќето од нас. Единствено што кажа беше во стилот: знаеш, долу лошо, лицемери, родители, политичари, горе добро... Тоа и онаа сцената кога со пријателот викаа: Општествооо, општествооо... многу длабока сцена...
Ваквиот наш јунак немаше проблем да им дели совети на многу повозрасни од него кои беа среќни што некој конечно ги просветлил. Умира во напуштен минибус, според филмот, од затруеност, по што нема сили да си најде храна или да продолжи понатаму. Според лекарските наоди, колку што прочитав, немало никакво труење, и докторот имаше дадено изјава дека ако ги имал при рака истите капини од кои јадел Крис, без проблем ќе ги изедел. Официјално, Крис починал од глад. Трагично, најблиското место било оддалечено околу 30 километри и ако во недостаток на храна на време тргнел, без поголеми проблеми ќе преживеел. По неговата смрт, околу 200 луѓе (од оние кои пријавиле) го посетиле местото, кампувале по 1-2 недели и сите без проблем го нашле патот за да си заминат.
Искрено, жал ми е за човекот. Да загинеш без никаква потреба во таков самоубиствен поход е навистина жално. Но филмот требало да се фокусира на состојбата во која навистина се наоѓал човекот кога се нафатил на тоа, а не да го величи како херојски акт и да му оддава почит.
Ете толку за ова. Сега ако ме извините, имам за гледање уште една биографска приказна за алпинист и уште на старт имам проблем: ги мразам будалите, его-манијаци кои мислат дека се нешто посебно затоа што се качиле повисоко од другите. Се надевам дека ќе ме изненади, не му давам никакви попусти.
сега само што го гледав и јас филмчево =)...која случајност....
Прво што не ми се бендиса е предолгиот тек на настаните,сеа тоа дали беше до филмот или затоа што ме болеше глава незнам,ама на почетокот ми беше убер досаден...за среќа некаде на половината почнува да се случува нешто,иако филмот нема некоја поистакната кулминација.
Малце поинакво мислење имам од иосоно затоа што филмов не беше толку лош како филм,тоа што можеби е класично холивудско величење на некого е друга приказна.
Сепак сцената со старецот ,на некој начин допре до мене ,а не сум ниту старец ниту "луталица".
Друго што да прокоентирам освен дека се сложувам за тоа со неговата сестра,не и пиша.
Е сега за мене братчево не беше некојси херој,али не треба да се гледаат филмови само за херои ? Нели?
7/10(последните 30тина мин го спасија од помала оценка од моја страна.како и да е вкусови се во прашање али после гледање на 127 hours ,каде каде послаб ми беше филмов иако се работи за 2 различни поими со авантуристички допирни точки)
Од филмот е, предолг беше.
Никаква критика не дава филмот нити поинакво гледање на работите или причините. Се величи лудоста. Се разбира дека не мора секој филм да е херој, може да е за обичен човек како овој, ама треба да погледне и од друга страна, а не да ги направи виновни сите и да ги оправда постапките на дечкото кои се далеку од рационални.

Во врска околу траењето,и 90% од поновиве филмој на Клинт Иствуд се со поспоро дејство,ама незнам зошто ,Клинт е мајстор и го прави тоа да е интересно,интелегентни дијалози etc.
Иосоно ,никаде не видов дека се величеа неговите постапки,а тоа што постојат милиони други деца што полошо поминуваат со родителите постојат,и како лик братов ми беше до некој степен не баш симпатичен.Али од друга страна ,ми се бендиса што се потенцира слободата во животот па макар да е и преку мизерниот на Крис ака Алекзандар.

Бев во дилема дали да го гледам овој или Falling Down (е, тој шо ми го препорача Интерашот), и двата го обработуваат општеството како тема, се одлучив за овој, ваљда дека Крис Мекендлес ми е ѕверотина, слободно можам да кажам дека го идолизирам. Е сега да се вратам на тоа шо те реплицирам.
Филмот не ме разочара. Ја има на форумов темата „Да се биде дел од машината“, и баш од таа машина сите сакаме да избегаме, но немаме доволно храброст, а Крис е човек кој имал, затоа и го величиме, затоа и е херој. Би се одлучил ти на таков чекор? - Не. Ти пречат многу работи во општеството (добро сега, ако ти оставиле твоите неколку милиони долари/фунти/евра, не припаѓаш ти во таа група)? - Ти пречат. Крис е свесен дека тоа што го прави е лудо, ама и е единствениот начин да се почуствуваш слободен, жив во вистинска смисла на зборот.
Да, му фалат елементи на филмот, целото дејство тече со иста тежина, Крис патува ... и толку. Ама има дијалози каде ги чуствуваме синџирите на општеството, неговата налудничавост и храброст за да се ослободи од нив.
Сцената на крајот со дедото, кога ме понудува да го посвои, ме остави без зборови, онака само седам и не правам ништо, беше ептен тешка, забегана, како и целиот филм. Нормално, не е за 10-ка филмот, ама Крис како лик е херојски, бидејќи е прв, и единствен кој имал храброст за такво нешто.
Од филмот е, предолг беше.
Никаква критика не дава филмот нити поинакво гледање на работите или причините. Се величи лудоста. Се разбира дека не мора секој филм да е херој, може да е за обичен човек како овој, ама треба да погледне и од друга страна, а не да ги направи виновни сите и да ги оправда постапките на дечкото кои се далеку од рационални.
И во Бјутифл Мајнд се величи лудоста, и сите сакаат да бидат Тајлер после гледањето на Фајт Клаб, а замисли Тајлер е алтер-его, и Прот од Кеј-Пекс на сите ни е фаца, и маестрален лик, а е забеган, и Декстер го величиме, и Патрик Бејтмен е исто фаца, ама ако гледаме реално, величиме лоши батки.
На актерот ако мислиш, немам примедби.
Преку нарацијата на сестра му, по тоа што родителите се единствените виновници, по музиката во одредени моменти, по кадрите како стои на планина со панорамски поглед, а ги имаше и премногу... цел филм е величење на неговиот пат. Реално е да се прикаже како збунет, вознемирен човек кој тргнал во опасна авантура од ако не погрешни, барем дискутабилни причини. Да се даде некаква поостра критика на она што го прави. Каква поука дава филмов? Дека ако имаш проблеми, треба да побегнеш што подалеку?
Настрана тоа, дури и се да беше вака, Шон Пен можеби требаше малку поинаку да го направи. Во смисла, наместо почетниот вовед и објаснувањето низ нарација, со кои филмот наликуваше на патопис, можеби ќе беше подобро Крис да тргнеше веднаш на пат а повремено да имаше флеш-бекови со проблемите кои ги имал во минатото со родителите итн... Па ако ги немало доволно, таму нека преувеличуваа, на тој начин постепено ќе ни дадеше една слика дека немал друг избор отколку да направи нешто радикално...
Мислам дека со флеш-бекови и со некои интересни случки ќе беше подинамично, ма да тоа не е поентата. Реков дека филмски гледано проаѓа филмот, ама во суштина не ми се допадна идејата овој лик да го прикажат како рационално, нормално дете тргнато во авантура.
ЕДИТ: Во Beautiful Mind и Fight Club се работи за шизофреничари, овој лик е прикажан како нормален. Тоа е разликата. Ако овој лик исто го прикажеа со неговите реални проблеми и причини зошто е таму горе, немаше да има никаков проблем со филмот, барем за мене.

Автобиогравски филм тука може многу работи да се извитоперат.
За првиот болд-ако се прикажел како таков ликот,ќе изгубел целиот филм на драж и ќа падне во вода (ќе останат само пејсажите за дивење)
А поука?Ако јас извлеков поента од филмот,тоа е дека-ЈЕС, може да се живее настрана-сам изолиран,и настрана од луѓето шо ти досаѓаат.Без пари,без мама и тато,без пријатели,без материјални добра па дури ни никаква емоционална поддршка-со мечките.Да типот (според кој е правен филмот) го направил тоа,а Шон Пен како го пренел тоа,и колку веродостојно-не можеме да кажеме.
Според мене највише пали тоа "откачување" од модернизмот,за да се изгубиш у шумата-Кој ве ебава сите !! Не ми треба никој-типично тинејџерско размислување.Да не се лажеме-секој од нес сакал да фане џаде некогаш така како што типот испари

не го направи тоа многу успешно Точно, на секој од нас му доаѓа и повремено фаќаме џаде, ама се враќаме, и имаме доволно акл да не ги повредиме оние кои не сакаат (сестра му во случајов). Според мене, човекот е неблагодарно детиште на самоубиствен поход, со никаква претстава во што се впушта, а ликот е преставен како храбар (перцепција дека знае во што се впушта) авантурист со изградени ставови и принципи во животот.
Се извинувам ако сум досаден, сеуште сум под импресии од филмот и ми се дискутира. Не наметнувам мислење и не очекувам повеќе од 2-3 ца кои го гледале да се сложат со мене :smir:

Глеј,немам прочепкано за човекот-ама најверојатно само он си знаел за шо и како фанал магла.Тоа на филмот е само тоа шо ни е прикажано.Како било-никој не знае.Во секој случај има иљадници начини да се решат таков вид на проблеми-нпр одиш живееш сам под ќирија
А мора да биде претставен како храбар младич,решителен,не се двоуми--пак ќе кажам-тоа би било тоа шо пали кај публиката.Со други зборови-повеќето од тие што му имаат дадено доста високи оценки на филмов,нпр 10ка,најверојатно свесно или подсвесно се соживуваат/заменуваат..(кога јас давав рецензија за филмот,еден дечко спомна-"закон и јас се чувствувам како човеков")
Од друга страна
филмов зборува и за глупите стеги и принципи на едно општество како Америка-добар пример беше тоа кога сакаше да се спушти по реката со некојси чамец,па требаше да вади глупа дозвола за тоа..ако имаше пари и да подмачкаше ќе немаше проблеми,а немаше-така да,му рекоа за 12 години ќе ја добие
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.