Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
А што ми фали на Фар Крај. Сосема солиден акционен филм. Замислен е како лесен акционен филм и во тоа успева.

Што, поарни да не се акционине филмови на Мајкал Беј со 10 пати поголем буџет? Не се.

Фар Крај има 6 пати појака акција одколку Мајкал Беј акцијата.

Најсмешно ми беше кога се јавил во Blizzard и ги прашал дали може да го режира WoW и овие ни пет-ни-шест му спуштиле слушалка :pos2:
 
А што ми фали на Фар Крај. Сосема солиден акционен филм. Замислен е како лесен акционен филм и во тоа успева.

Што, поарни да не се акционине филмови на Мајкал Беј со 10 пати поголем буџет? Не се.

Фар Крај има 6 пати појака акција одколку Мајкал Беј акцијата.

1.Street Kings

2. Man On Fire

3. Deja Vu

4. The Taking of Pelham 1 2 3

5. Sin City

6. Vantage Point

7. Das Boot

Eве една листа на одлични акции кои вреди да ги гледаш, без редослед. И еден филм со многу мoќна политичка тематика по твој вкус би рекол, перфектен трилер Arlington Road.

Eдит, пошто го спомна Мајкл Беј, еве два постари филмови од него, акции се разбира, многу интересени Bad Boys & The Rock
 
Не чини овој, јас имам навика ваквите да ги заборавам... ама знам дека завршницата беше без врска и имаше некои дупки... Лош римејк. А се надевав: http://forum.kajgana.com/showthread...ензија&p=2591144&highlight=Pelham#post2591144

Не е е одличен, ама не е ни лош, дијалозите беа добри! најмногу ради Дензел ми напраи ќеиф :)
 
Не чини овој, јас имам навика ваквите да ги заборавам... ама знам дека завршницата беше без врска и имаше некои дупки... Лош римејк. А се надевав: http://forum.kajgana.com/showthread...ензија&p=2591144&highlight=Pelham#post2591144
Се слагам со Исоно, филмов беше тапа невидена. И јас се излажав со Дензел за да го гледам, на крај зажалив. Клише приказна со милион дупки. Аман до кога ќе прават американциве филмови во кои еден сосем обичен човек кој работи некоја си најобична работа, го спасува денот. И Брус Вилис се опамети, ама Холивуд никако...:)
 
Дека бил тапа не бил, ако е преполн со клишеа тогаш како Салт ти се допадна кога тој е бетер од овој од поглед на рамбо моменти? :)

Значи двата се нереални, тебе во Салт те импресионираше Џоли мене во Фелам Дензел, ми се допадна приказот на профилот на личност која што ја играше Дензел, релативно добро се соживеа, ги има они изрази на лицето кои се најпотребни во правиот момент тоа е за мене прилично тешко.

Двата се добри филмови, едниот мене не ми се допадна другиот на тебе, значи тука е веќе ствар на укус, е сега постојат случаи кога некој многу лош филм се велича тогаш овој став не важи, не е секој си има свој вкус во тој случај..него невкус. :)
 
SALT е просечен филм, мене ме бендиса фактот што жена реши да глуми улога која дотогаш ја толкуваа само мажи. Иначе далеку од тоа дека е некој врвен дострел, баш пишував дека од филмов не треба да се имаат преголеми очекувања. Овие рамбо филмови, тешко дека можат да продуцираат којзнае каков квалитет. За мене се Океј се додека не ми се досадни. Е за жал, овој со Дензел ми беше здодевен. Во суштина една работа, не може да го вади филмот ( тоа е во случајот е глумата на Дензел, кој секогаш си е на ниво, мада може и да му се замери дека во главно го повторува својот лик на неколку пати).

Иначе Анџелина после SALT, дефинитивно треба да ги батали пиштолите. ..:) Wanted, е последен нејзин филм кај што улогата на хероина која тепа се живо и диво е прилично импресивна. Да ја глумеше SALT, како придружен лик во некој друг филм, веројатно ќе ми беше смешно. Но пак велам, филмов ми се допадна само заради тоа што жена е главна улога и крши кичми..:) Едно табу во Холивуд е скршено.

П.С: Тачно за вкусови се работи...:smir:
 
Џоли е закон, тука нема муабет за тоа се слагаме cool, прекрасна, и солидна глумица а што е најбитно сите акробации и сцени ги прави само, не бара акробати да го прават тоа за неа, исто така голем плус и доказ за професионалноста. Друго, за голем дел од филмовте имаме сличен став али ете некогаш мора да дојде до разлика во вкусови, јас паѓам на глума и добра интепретација на профил соживување со улогата т.е. конекција со гледачот, мислам дека е еден од побитните фактори за еден филм да ти фати око, барем кога се работи за мене :)

П.С. Kога веќе збориме за Џоли, гледан ли ти е Taking Lives?
 
Џоли е закон, тука нема муабет за тоа се слагаме cool, прекрасна, и солидна глумица а што е најбитно сите акробации и сцени ги прави само, не бара акробати да го прават тоа за неа, исто така голем плус и доказ за професионалноста. Друго за голем дел од филмовте имаме сличен став али ете некогаш мора да дојде до разлика во вкусови, јас паѓам на глума и добра интепретација на профил - конекција со гледачот, мислам дека е еден од побитните фактори за еден филм да ти фати око, барем кога се работи за мене :)

П.С. Kога веќе збориме за Џоли, гледан ли ти е Taking Lives?

Да, да гледан ми е неколку пати...:) Ја содржи една од најшокантните сцени што сум ги видела во филм.
Ти текнува на онаа сцена на крајот кога Хоук со нож ќе ја забоде во стомак?
Не знам дали ја има на Јутјуб, ја немам побарано инаку може да се стави во темата за најшокантни сцени.
 
Секако дека ми текнува, таа сцена беше причината за филмот да го подигнам од просечно - солиден, на стварно добар, ме шокираше тотално и бев пријатно изненаден од крајот...кој човек стварно неможеше да го предвиди, браво за сценаристите! :)

--- надополнето ---

Falling Down (1993)
images

Филмот го гледам по втор пат но првиот пат беше одамна на ТВ. Со оцена од 7.6 на IMDB ова е еден од најпотценетите филмови и според мене најдобрата улога во кариерата на Мајкл Даглас. Веројатно на многу од гледачите не им се допаднале темите во филмот.

Според мене, многу потценета класика, филмот си заслужува место во топ 250, ќе ве остави да размислувате за него.
10/10

Into The Wild

photo_13_hires.jpg

Ова е прекрасен филм. Едноставно мора да го гледате.

Со кого да се сложам повеќе незнам, двата филма ми се прираснати на срце, поготво Into The Wild, каква приказна, какво совршенство...каква глума, истото важи и за Falling Down, но сепак мене повеќе ме погоди Into The Wild, заради онаа реална суровост и одлучноста на главниот лик да истрае во борбата против сите клишеа и неправди....филм за личната слобода и безкомпромисната борба за истата! едноставно без зборови....ме погоди опасно, многу опасно...филмов! поготово сцената со тревките... :(
 
Со кого да се сложам повеќе незнам, двата филма ми се прираснати на срце, поготво Into The Wild, каква приказна, какво совршенство...каква глума, истото важи и за Falling Down, но сепак мене повеќе ме погоди Into The Wild, заради онаа релна суровст и одлучноста на главниот лик да истрае во борбата против сите клишеа и неправди, во личната слободаа и безкомпромисната борба за истата! еднсотавно без зборови....ме погоди оопасно филмов.
Знаев дека ќе ти се допадне ваков филм..:) Филмов имаше дополнителен ефект врз мене, заради фактот што се работи за вистинска приказна. На крајот кога го прикажаа вистинскиот Крис, признавам се разжалостив....
 
Да да, тоа беше најтрогателното, знам дека е вистинска приказна, иначе вредно да се спомене и улогата на Kristen Stewart во филмов, мала ама забележителна, според мене подценетa актерка и хејтана заради улогите во Твајлајт, девојкава е Кока Кола за Патисон од поглед на глума :)
 
Или по ново, девојкава е Амди Бајрам..:))))
Ја искрено не ја ни забележувам девојкава кога глуми, многу ми е бездушна...
Треба да направат наградна игра, милион долари за оној кој ќе ја фати насмеана..:)))
 
Гледај го Welcome to the Rileys, ќе го смениш мислењето, а згора на тоа добра драма е :)
 
Секако дека ми текнува, таа сцена беше причината за филмот да го подигнам од просечно - солиден, на стварно добар, ме шокираше тотално и бев пријатно изненаден од крајот...кој човек стварно неможеше да го предвиди, браво за сценаристите! :)(

Секоја сцена на Даглас во филмот е закон, секоја сцена има значење, има одличен дијалог, одлична глума и по малку хумор :) Сум го гледал многу одамна ама не сум го разбрал, сега ми дојде топ. Ретко паметен филм, ни покажува во какво општество живееме, а снимен е пред 17 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom