После напорно возење со точак нормално следи релаксација со филм. Али коа си малку уморен се бара полесен филм. Од филтрираните опции изборот падна на Wallace & Gromit, анимирани. Имаат неколку 30 минутни и еден долг.
Се почна со првиот краток
A Grand Day Out, 7,5, се запознаваме со другариве, Волис човекот и Громит кучето, љубители на кашкавал, крекери, чај и иновации... хуморот погоден, може да се продолжи со наредниот.
The Wrong Trousers, 9, овој веќе е сериозно добар, за тоа се погрижи и еден опасен пингвин. Одма на третиот што ми е симнат, зашто официјално сум купен.
A Close Shave, 8, и овој доста добар, плус се појави и една интересна овца.
Следно беше на имдб да се види што е наредно хронолошки и да се симне. Меѓу другото видов дека напраиле и спиноф серија, со овцата, Шон. А интересно е што пред некој ден симнав филм Овцата Шон, и испадна дека се работи за истата овца
.
Одма пуштив 2 епизоди(7минути е една), ми беа смешни, и падна одлука да се глеа
Shaun the Sheep Movie. Испадна дека е шлагот на тортата, заедно со цреша. Се утепав од смеење цел филм без прекин. Од 2015та е, и
сиилно ви го препорачувам. Класичен feel-good. Коа почнаа завршните кредити со музиката, почнав ко дете да си скокам по соба, side effects од филмот, шо да праиш
. Може многу му дигнав очекувања али гајле ми е, по мене си заслужи. И ги препорачувам и другите што ги спомнав...
Сега се враќам на Волис и Громит, плус
серијата со овцата таман ќе се најде ако треба да се попунат 6-7 минути