Претеравте со спојлерите. И така секој ќе го види спојлерот.
Никако. Кој сака нека се заебе, ама спојлерите за Black Swan се од суштинска природа, било какво читање може комплетно да го зезне филмот. Јас два дена немам отворено во темава и брзав да го изгледам за да расчистам, и сега гледам дека да читав, тотално ќе ми го уништеше филмот. Некои текстови ставив во спојлер, некои комплетно ги избришав, не сте од вчера мајку му, внимавајте.
Значи:
спојлерите за Black Swan кој има намера да гледа, нека не ги отвора. Оние кои го гледале, нека бидат максимално претпазливи да не им го уништат филмот на другите.
За рецензија немам време, само ќе кажам дека филмот е уметничко ремек дело, не е за оние кои сакаат лесни филмови. И покрај тоа што ми се допадна, посебно завршницата, му давам
9/10 поради пребавното дејство (барем за мене) во првата половина од филмот. Натали Портман дефинитивно заслужи 6 оскари за одглуменото но Академијата има навика да не го даде оскарот на актерки кои влегле во „жешки сцени“, како случајот со Diane Lane за
Unfaithful (2002). Исто така, Академијата не сака многу вакви филмови па нема да ме чуди ако оскарот отиде за The Social Network кој е типичен холивудски филм. Но, тоа и не е така важно...