I
Intex
Гостин
Не треба јако сценарио, воопшто не треба тука сценарио.Го гледав филмот вчера вечер, и видов неколку рецензии на форумов и можеби сум првиот кој нема да се согласи дека филмот заслужува 10-ка.
Навистина се труделе премногу it's too much. Не велам дека не е добар, но велам дека е преценет така го најавуваа се крена голема прашина можеби преголеми очекувања и се разочарав.
Филмот има одличен саундтрак и одлична глума и секоја чест за Натали Портман, но едноставно според мене на филмот му фалеше многу вториод дел од тоа што се нарекува комплетно сценарио односно дијалогот. Се препуштиле само на визуелизација на ликовите што на мене лично и не ми се допаѓа многу. Премногу играње со камерата која само во неколку моменти ми долови некоја комплетна слика цело време имав чувство дека ми фали дел од екранот. Да имаше тензија во филмот некоја визуелизирана напнатост, но што сакал по ѓаволите да направи Дарен? Психолошки трилер? Драма? Хорор? Премногу измешано премногу контрадикторности од „чиста и невина“ девојка до курва и лезбејка?
Али ок како и да е ова е моја рецензија поаѓајки од фактот дека сакам дијалог во филм прев визуелизација јас би му дал една просечна 7ца...:salut:
Гледаш како Нина си корне месо од ноктот, фино лепо си го проверуваш ноктот дали и тебе ти е откорнат. Го чешка рамото, и тебе те чешка. Гасне светлото, рипаш од место. Она бега, се вртиш да не има некој позади тебе. За тоа треба сценарио? I don't think so.
Има сценарио Одисејата? - Нема. Има јака приказна? - Има, т.е. ја има најјаката приказна досега на филм прикажана. Со sonne зборевме за Одисејата, и вака го опиша: учебник. Кратко и јасно. Што сме биле, што сме, за што ќе трагаме. Толку.
Има сценарио Одисејата? - Нема. Има јака приказна? - Има, т.е. ја има најјаката приказна досега на филм прикажана. Со sonne зборевме за Одисејата, и вака го опиша: учебник. Кратко и јасно. Што сме биле, што сме, за што ќе трагаме. Толку.
@Zeegerman
Нештото кое ќе го мислиш со денови е: кои беа реалните делови од приказната, а кои дело на болниот ум на Нина? Дали воопшто Лили беше вистинска?