Pulp fiction
Ума Турман е страшна у најблаго речено и на аватар си ја имав година-две на форумов. А и филмот е одличен, топ 10 на сите времиња, задолжителен за сите шо не го глеале.
Inglourius basterds
Го глеав 2010, 2-3 дена после поразот во ЛШ на Манчестер Јунајтед од Баерн.
Можете да замислите како реагирав коa ги потпалија нацистите. Филмиште.
Scent of a woman
Al Pacino. Enough said.
Erin Brokowich
Џулија Робертс неверојатна, а и преубава. Барем 4-5 пати ми е глеан од 2008 до денес.
Amelie
Со Аydreu Tautou во главна улога. Никогаш не сум бил по романтики, саундтракот од Yann Tiersen ме привлече, солиден филм, два пати до сега гледан, ќе биде наскоро пак.
Фино си напраив листа, за пак да си ги погледнам. И од сериите да не ја заборавам
Friends и
It's always sunny in Philadelphia, срце не ми дава да ги избришам од лап топ.