Фиксни трошоци на фирма дооел

Член од
8 јануари 2010
Мислења
58
Поени од реакции
18
Планирам да отварам дуќан парфимерија,правам пресметки и ме интересира од поискуните на форумов со свои фирми да ми помогнам да ги пресметам фиксните трошоци на една фирма
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кирија, струја (индустриска 3 пати поскапа) , вода, телефон (фиксен/мобилен), комунална такса годишно кон општината 6000ден, МРТВ 130, данок на добивка 10% , плата и придонеси, сметководител, банкарски провизиии, пошта, пп опрема 6000ден и редовно сервисирање, лиценциран софтвер, задолжителен лекарски преглед на секој вработен 1000че, канцелариски материјал.
Сега кај тебе има и фискални каси во тоа друг нека допише уште што давачки имаш.
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Кај фискалните каси има и програм за одржување се плаќа околу 3000 денари а мислам дека ако се јави и некој проблем дополнително се плаќа.
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
58
Поени од реакции
18
комунална такса годишно кон општината 6000ден, .
ова е фирмарина ако не се лажам
знаеки го нашево селективно даночно државче, морам да ги земам предвит сите познати и помалкупознати даноци кои ги имет смислено
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Има уште некој проект за заштита чини 13 000 денари ќе ти кажат кај да уплатиш.
Плус се разбира тековна сметка не постара од еден месец 275ден, солветност 500ден, решение...кај и да одиш ти бараат.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Sekoj firma mora da placa radiodifuzna taksa?
Да
--- надополнето: Oct 13, 2011 11:49 PM ---
Планирам да отварам дуќан парфимерија,правам пресметки и ме интересира од поискуните на форумов со свои фирми да ми помогнам да ги пресметам фиксните трошоци на една фирма
Давачките за да отвориш фирма не се многу големи,мислам дека би требало окулу 18000 денари,но потоа има додатни плаќања.Најубаво е да се консултираш со сметководител.Иначе 90% од работите за отварање фирма ги брка смедководител.Не се плаши дека има многу трчање.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.291
Поени од реакции
15.508
Има уште некој проект за заштита чини 13 000 денари ќе ти кажат кај да уплатиш.
Плус се разбира тековна сметка не постара од еден месец 275ден, солветност 500ден, решение...кај и да одиш ти бараат.
:pos:
Налет ова, најлесно заработените пари....
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Воа леандра шо го напиша ми се сврти во глава колку само давачки има ауу :icon_lol: у денешно време бизнис неможеш да направиш, остварување профит ајде не :confused:
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Планирам да отварам дуќан парфимерија,правам пресметки и ме интересира од поискуните на форумов со свои фирми да ми помогнам да ги пресметам фиксните трошоци на една фирма
Имам ДООЕЛ на мое име, во ликвидација е, можеби ти или некој друг од форумов сте заинтересирани за префрлање?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
лендра... просветли ме за тој нов проект...


па добро бе... па зашто ја бе имам сметководител... па вакви работи на форум ли да ги дознавам... пууу бе јазк....
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
лендра... просветли ме за тој нов проект...


па добро бе... па зашто ја бе имам сметководител... па вакви работи на форум ли да ги дознавам... пууу бе јазк....

Заштита при работа. Имаш три фирми на лист каде да се обратиш сметководителот треба да ти ги достави. Еден е факултетот во Битола, другите две се приватни фирми ти прават елаборат за заштита при работа од 13 000 денари и толку :)
Мојата сметководителка е закон! Се знае :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
Заштита при работа. Имаш три фирми на лист каде да се обратиш сметководителот треба да ти ги достави. Еден е факултетот во Битола, другите две се приватни фирми ти прават елаборат за заштита при работа од 13 000 денари и толку :)
Мојата сметководителка е закон! Се знае :)
а тоа ли бе... јас мислев нешто ново... да знам за тоа... е сега, имаш и заобиколување на тие пари... не си морален да платиш и да имаш проект...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
а тоа ли бе... јас мислев нешто ново... да знам за тоа... е сега, имаш и заобиколување на тие пари... не си морален да платиш и да имаш проект...
Нема кај нас не мора, се мора и тоа дупло ако треба. Апашка држава.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
Нема кај нас не мора, се мора и тоа дупло ако треба. Апашка држава.
а ти текнува на рекламиве што идат моментално? ОСМЕЛИ СЕ, НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР.... требало само на крајот од сликата да нацртаат и една бездна, или еден алигатор со отворена уста...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom