Ферари ќе се повлекува од Формула 1?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Екипата на Ферари во Формула 1 денеска извести дека би можела да го напушти "најбрзиот циркус во светот", доколку Светската автомобилска федерација (ФИА) и на дело ги спроведе идеите да ги стандаризира моторите за сите тимови.

Повеќе
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Време е веќе.
Сакам да видам Lambourgini Team место нив.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
:nesum:

зашто вакви вести бе :nesvest:

Со намалување на трошоците и со стандардизирање на моторите ќе се зголеми конкурентноста меѓу возачите и ќе бидат повеќе изедначени екипите. Но формула 1 важи за најскапиот циркус кога станува збор за автомобилските трки тука се вртат стотици милиони евра само за една трка и така е со години. Ако се воведат планираните промени ќе нема напредок во формула 1 и ќе има стагнација.

Јас со години пратам формула 1 и навивам за Ферари и оваа информација е шок :(

Ај нека се побунат и Мекларен, Вилијамс, Тојота:)

Време е веќе.
Сакам да видам Lambourgini Team место нив.
Никој не им забранува и сега да оформат тим. Нека си оформат и тие и Бугати и Порше и Бентли и Јагуар:)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Со самото тоа што Ферари ќе се повлече од Ф1, ќе се намали гледаноста и атрактивноста на самиот спорт. Истово би се случило и ако Мекларен Мерцедес се повлече. Може и трката за ГН на Италија, Монца да се повлече од календарот, а таа е најбрзата писта сега засега, ако не се лажам.
Ако се повлече Ферари, и јас ќе се повлечам од гледањето на Ф1, како и милиони други. Ф1 циклусот ќе стане подосаден и од карлинг:(.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Екипата на Ферари во Формула 1 денеска извести дека би можела да го напушти "најбрзиот циркус во светот", доколку Светската автомобилска федерација (ФИА) и на дело ги спроведе идеите да ги стандаризира моторите за сите тимови.

Повеќе
На колку ли само иновации ќе им биде ускратена можноста да го видат светлот на денот..Па конкурентноста која создаваше развојот на подобар мотор беше филигот на формулата, а и на сите новини кои ги гледаме во автомобилската индустрија..ова ќе ја нарави дефинитивно досадна..Не сум фан на Ферари на овој пат морам да застанам зад нив...За мене поголема глупост од стандардизација на моторите не може да има...
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
И во право се за повлекувањето.
Ебати правиото сите со исти мотори да возат. Комунизам ебаго!
Ако се повлечат Ферари никогаш веќе нема да гледам Ф1.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Епа ФЕРАРИ бај бај :helou:
а инаку и јас не се сложувам со ова правило да сите екипи имат исти мотори :nesvest:
секој според финансиите, колку пари толку музика. Доколку се воведе ова правило, верувам дека гледаноста на Ф1 ќе се намали за 50 % па никој не би сакал да гледа трка каде што ќе нема престигнувања, онака само драјвинг... :nesum:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Значи чичко Берни го има правиот рецепт како да се уништи Ф1. Но ке видите, ако се случат вакви и слични забрани и срања, ф1 ке добие паралелен шампионат кој ке биде организиран од самите произведувачи на болидите (Ферари, Мекларен, БМВ, Рено) па ке има нешто интересно за гледање, не се секирајте.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Никој не им забранува и сега да оформат тим. Нека си оформат и тие и Бугати и Порше и Бентли и Јагуар:)
Ја им реков додека Ферари се таму,не може!
Ај бе,не дека некој реално гледал Ф1.
Ги заебаа со цигарите,сеа и со моторите.

Татко ми како фан,ги гледа само првите 10 круга,и после на digital го става,во позадина,и гледа нешто друго.
Формула 1 е одамна досадна,а сигурно Ферари не ја прави интересна :)


Доколку се воведе ова правило, верувам дека гледаноста на Ф1 ќе се намали за 50 % па никој не би сакал да гледа трка каде што ќе нема престигнувања, онака само драјвинг... :nesum:
Како го заклучи ова?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Ајде слободно, само напред. Ако решиле да си одат, нека си одат, ја у тоа не глеам никаков проблем. За титулата ќе си се борат МекЛарен и БМВ ...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Татко ми како фан,ги гледа само првите 10 круга,и после на digital го става,во позадина,и гледа нешто друго.
Формула 1 е одамна досадна,а сигурно Ферари не ја прави интересна :)
Цел пост за да си го пофалиш телевизорот :)))

Формула 1, последниве 2 години забележува интерес каков немало последните 10-11 години. Шампионатите се решаваат во последните трки, неколку трки до крајот во игра се 3-4 возачи за титулата, победуваат многу возачи во една сезона, просто, атрактивно е.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
70% од луѓето имаа digital.

Што е интересно,3-4 се,во најјаките тимови.
АКо се израмнат сите,тогаш ќе бидат 18-19 нели?


Како бе сите подобро од Берни знаете? :)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Како бе сите подобро од Берни знаете? :)
Цел пост да се пофалиш дека Берни Еклстоун ти е татко (ај сеа побиј ме дека Берни е татко на 70 % од гледачите :))) )

Ако е така поинтересно, тоаш дај јас и ти да го ставиме на маса целиот имот кој го имаме и да го делиме по пола, за да е поинтересен животот :pipi:

НЕ ЗА КОМУНИЗАМ ВО ФОРМУЛА 1 :)))
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Цел пост да се пофалиш дека Берни Еклстоун ти е татко (ај сеа побиј ме дека Берни е татко на 70 % од гледачите :))) )

Ако е така поинтересно, тоаш дај јас и ти да го ставиме на маса целиот имот кој го имаме и да го делиме по пола, за да е поинтересен животот :pipi:

НЕ ЗА КОМУНИЗАМ ВО ФОРМУЛА 1 :)))
И ќе сфатев да ти е тешко ако ти беше сопственик на Ферари.

Но зашто кога со едначење,ќе се гледаат повеќе квалитетите на возачите?

Не даваш ти ништо,тимовите жртвуваат.
Која е загубата на гледачот,за моториве?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom